Последен гледан филм со кратка рецензија

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Cell 211 (2009)

Филм во шпанска продукција, на кој налетав сосема случајно и не очекував којзнае што, но пријатно ме изненади.
Интересна сторија, уште поинтересен заплет, ти го држи вниманието континуирано...
Филм за животот прикажан од двете страни на затворските решетки, оној на затворениците и оној на чуварите, кои неочекувано ќе се испреплетат и ќе доведат до ситуација која ескалира и во која секој се снаоѓа најдобро што знае. Филм за љубовта, интимната и меѓучовечката, за омразата, борбата за подобрување на затворските услови, немоќта на институциите да се справат со бунтот на криминалците, воопшто филм за изненадувањата кои ти ги задава животот додека да трепнеш и со кои не знаеш како би се справил. Вреди да се одвои време и да се погледне.




21 (2008)

Филмско остварување во режија на Robert Luketic, во кое сторијата е инспирирана од вистински настан и поврзана со играта Black Jack. Шест студенти, кои со својата меморија и интелегенција отскокнуваат од останатите, се избрани од страна на професорот (Kevin Spacey) кој ги тренира во броење карти и ги носи низ казината во Лас Вегас. Овие со својата способност, добиваат огромни суми пари, од кои сите имаат корист. Се до моментот кога веќе работата не е работа, туку надвладува коцкарскиот дух...тогаш се паѓа во вода.
Се на се, доста интересно филмско парче.



 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
The Game

Не знам како ми побегнал филмов досега , со оглед на тоа дека е од режисерот на Se7en i Fight Club , но ете можда е и подобро така бидејќи вечерва ќе немав идеа што да гледам :)

Значи филмов е неверојатен , ќе ви го сврти умот тотално , а со себе носи и една добра порака , а тоа е дека во животот има многу поважни работи од деловниот успех и парите пред се алудирајќи на семејството и блиските ...

Значи Николас Ван Ортон (Мајкл Даглас) е успешен бизнисмен, но својот успех го стекнува по цена на својот личен живот , ја оставил својата жена , тотално го запоставил својот помлад брат итн . На својот 48от роденден неговиот помлад брат Конрад (Шон Пен) му подарува необичен поклон , игра која ја нуди компанијата Consumer Recreation Services (CRS), ветувајќи му дека тоа ќе му го промени животот .... лалала а за тоа како се одвива играта ќе си го погледнете филмот :)

9/10 од мене и препорака за сите што не го гледале ...
 
B

Blacks

Гостин
The tale of Despereaux

Интересен анимиран филм со класична "спаси ја принцезата" приказна. Во овој филм главна улога имаат глувците и стаорците каде што глувците се претставени како добри и плашливи а стаорците како криминалци. За љубителите на анимираниот филм вреди да се гледа мада можеби сум малце субјективен пошто го гледав на 1080p HD снимка хехе.

Линк кон IMDB

Линк кон RottenTomatoes

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Legion
Како по навика, понесен од тематиката, трејлерот и една реченица
When God loses faith in humanity, he sends a legion of angels to wipe out the human race...
како сиже на филмот едноставно морав да го изгледам. Меѓу другото и ради двајца актери Paul Bettany и Dennis Quaid.
Очигледно лоша навика затоа што филмот едноставно кажано беше катастрофален во секој поглед освен во поентата (која се изгуби во текот на приказната). Од нелогичности до лошо направени сцени и секако слаба глума достојна за ваков филм.
Приказната се врти околу пропаст на светот, Архангел Михаил (и други ангели), една локална безнинска пумпа/ресторан "којзнае каде" и нејзините сопственици и посетители кои ќе мораат да се обидат да го спасат човештвото од...заради...

Легија е вреднувана на Имдб 5 од 10. Според мене 2 од 10, а споредувајќи го со Константин (кој е со слична тематика-ангели, ѓаволи и спас на светот)...неспоредливо.
За мене доволен е и само трејлерот, акцијата и добирте сцени се главно вметнати во него.

Следниот за гледање (по Beverly Hills Ninja и My Big Fat Greek Wedding, да одморам малку од "добрите" сци-фи, мистерии и хорори) е Daybreakers. Се надевам овој нема да ме разочара.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Repo Men 2010.



Ова е приказна за двајца другари кои што имаат израснато заедно и работат заедно како запленувачи. Па системот е таков дава банката лизинг за имот кои што треба човек да го плаќа на рати ако закасни со ратите следуваат затезни камати, ако го пречекори и тоа доаѓа запленувачот и го запленува имотот. Ова е поучен филм за сите кредитобаратели и љубители на тој спорт :helou:, немој да мислите дека ова е само филм и нема врска со реалноста, сетете се само на филмовите за ограбување на банки и денешната реалност.
Инаку да се вратиме на филмот, двајца другари со совест каква што имаат и мотото работата си е работа, но дали е така ќе си проверите кога ќе го гледате филмот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Daybreakers 2009
Конечно, од Resident Evil серијалот наваму нешто добро на полето на овој жанр.
Имаше приказна, имаше и глума колку што треба за вакви филмови (Итан Хок, Сем Неил, Вилијам Дефо...), сосем доволно да ме натера да го изгледам до крај.
Се работи за случувања во блиска иднина, на земјата владеат вампирите кои се соочуваат со недостиг на ресурси/храна при што се јавува потребата од гола борба за опстанок на видовите.
Акција има во сосем доволни количини, секако во позадина неизоставно оди и темата за човечноста.
Интересен сци-фи, хорор и акција.
Пошто сум љубител на овој вид филмови
8.5/10 само ради крајот, некако малку избрзан за што побрзо да заврши филмот, како и ради 2-3 сцени пред самиот крај.

п.с. Џимеј, во право беше, одличен е :)
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Seven Pounds - 9.5/10

Филмот е уникат. Уште веднаш да кажам дека го гледав двапати филмот од причина што првиот пат помислив дека е некој light филм за уживанција, па на крајот од филмот кога го сконтав посакав уште еднаш со целото мое внимание да го погледнам. И се воодушевив!
Вил Смит е факинг awesome. Фантастична глума, иако се сомневав дека може така добро да одигра.

Нема да го објаснувам текот на филмот, бидејќи филингот кога самиот ќе го сватиш филмот без никаков хинт од страна за што ќе се случува во него е она што ќе те натера да го запаметиш филмот, и да ја запаметиш неговата порака.

Дефинитивна моја препорака да го погледнете... 9.5/10 од мене.

------------------------------------------------

p.s. I love you - 8/10

Филмот заслужува и поголема оцена, но она што ме натера да му дадам помала т.е 8ца е поради глумата на Hilary Swank која за мене не припаѓа во ваков филм. Има прекрасна насмевка тоа е факт, и во моментите на тага кога иронично ќе се насмееше добивав впечаток дека е среќна поради смртта на мажот и.
Да, значи на една релативно успешна жена и умира мажот за кого ни нејните родители ниту неговите родители не ја одобриле нивната венчавка поради нивната младост... но нивната љубов сите ќе ја сватат, за жал, по смртта на сопругот.
Секако, Холи скршена од загубата е на патот да го загуби разумот... и начинот на кој таа ќе се врати во нормала, и сцените кој ќе и дадат мотив повторно да живее се priceless.

Моја препорака да го симнете и изглеате филмов - 8/10.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Dear John
Лесно романтично филмче,не може да ве разочара пошто романтичниве филмови речиси се сите до еден класични.
Војник и една обична девојка(речиси светица:pipi:) започнуваат романса која трае две недели ,но која ја продолжуваат преку писма додека тој е на мисија.
Нема да можете да предвидите баш се во филмов,не е така скроен:wink:
Оценка 7/10
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Холивуд отсекогаш бил мало исплашено девојче. Кога ќе се чуствува загрозен, веднаш трча наоколу и бара спас од некој друг.
Досега се вадеше на технологијата, секој пат кога ќе почне да рика индустријата, ќе воведат HD, 3D, специјални ефекти.

Овојпат е поинаку. Сега Американциве бараат спас од Британија.
Во брзо време искача "америчката" верзија на Death at a Funeral, која уште од трејлерот се гледа колку е...неинвентивна. И глупа.

Океј, но веќе искочи и друга копија.
Valentine's Day.

Хеј, нема ништо лошо во тоа да гледам ваков филм, освен што во иднина ќе го пишува во сите книги и филмски критики - КАКО НЕ СЕ ПРАВИ ФИЛМ.
Ископирана идеја.
Исфорсирани глумци.
15 приказни во 2 саати, по 10 минути за секоја.
Незавршени сцени.
Идиотски клишеа, направени на најбизарен начин.
Глупа, бооо (пујол) глупа глума.

И тоа не е се. Треба да ги фати некој "ѕвездиве" и да им рече "Што кур мислевте кога ги прифативте улогите?"
Џулија Робертс, одбива Ocean's Thirteen за да го прифати ова срање. Good job.

 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Џулија Робертс, одбива Ocean's Thirteen за да го прифати ова срање. Good job.
Не се зафркнала многу. :)



Mystery Train (1989)

Драма од Џармуш, три приказни/настани и неколку ликови кои се поврзани на некој начин со еден хотел и Елвис.

Како и во секој филм на Џармуш и во овој има интересни ликови ама ниедна од трите приказни не е нешто посебно. А и воопшто, не ми свиѓаат ваквите филмови кога се прикажуваат повеќе ликови чии животи ќе ги поврзе или влијае еден настан.

6.5/10



Kaze no tani no Naushika (1984) aka "Nausicaä of the Valley of the Wind"

Hayao Miyazaki е познат по добрата анимација (неговите филмови се рачно нацртани и ретко кога користи компјутер) и по креативноста, а тоа се гледа и во овој филм; сепак приказната потфрла, добро започнува цртаниов и после некое време стагнира, нема ни некоја завршница/разврска. Застапена е темата за односот на човекот кон природата и има некои сличности со Дина од Линч кој искочи истата година
(на пр. црвите, па тоа со легендата дека еден ден ќе се појави некој кој ќе го ослободи народот,...)

6.5/10



Многу ми се свиѓа постеров.:)

Day of the Woman (1978) aka "I Spit on Your Grave" :pos2:

Нискобуџетен контроверзен хорор, еден од попознатите (заедно со The Last House on the Left (1972) од Вес Крејвен) од (под) жанрот rape and revenge movie; името на жанрот кажува за што се работи у ваквите филмови, дејството е увек горе-доле исто, така да од приказната не се очекува многу, се се сведува на експлицитни сцени на насилство и што покреативни убиства. Би ја истакнал добрата глума на глумицата што е у главна улога (а и многу добро тело има :icon_lol:), гледам на Википедија дека добила награда за овој филм.

3.5/10 (додадов у последен момент 0.5 на оценава затоа што госпожата што е у главна улога нема проблем со соблекување :tv:)
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Man on Fire - 2004

Ветување дека ќе ја заштити. Завет дека ќе ја одмазди

Џон Креси ( Дензел Вашингтон) е поранешен ЦИА оперативец кој со алкохолот сака да ја ублажи совеста што го гризе околу минатото.
Неговиот пријател ќе го препорача како телохранител на едно богато семејство во Њу Мексико кои имаат потреба од телохранител, поради зачестите пораки за киднапирање на нивната ќерка - малата Рита ( Дакота Фенинг ). Таа со својата добрина ќе успее да допре до тврдото срце на Џон и тие двајцата ќе станат добри пријатели. Meѓутоа, додека е под негова заштита таа ќе биде киднапирата,а Џон ќе биде ранет во стомак.
Сеуште не закрепнат од повредата Џон трнува сам да ја пронајде и да ја спаси Рита.

Режија:
Tony Scott

Улоги:
Denzel Washington
Dakota Fanning
Marc Anthony

 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Mysterious Skin

Ова е најодвратниот филм шо некогаш сум го гледал. Ги поминав најодвратните 2 сати во мојот живот гледајќи го педерскиот тренер како ги ебе своите безбол играчи од 8 години кои на крајот стануваат педери и се ебат за пари. И овој филм има 7.9 оцена на имбд. Еее да ви се посерам во кариерите мајмуни едни смрдени шо снимате ваков филм... (намерно не ставив спојлери за да не се осудил некој случајно да го гледа)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.916
Поени од реакции
7.010
Iron Man 2



Не знам како досега никој не напишал за овој филм-блокбастер? Веројатно народов сеуште не бил во Рамстор :nenene:. Значи отсекогаш сум сакал ваквите филмови да ги гледам на кино за потполно да ги доживеам. И не згрешив. Како што можеше да се очекува графиката, анимациите, ефектите се фантастични. Тие ги надополнуваат сите недостатоци кои ги имаат ваквите филмови во поглед на приказната, глумата, глумците... Сепак изборот на актери е супер и не верувам дека некој ќе најде грешка тука. Р.Д.Џ е супер избор за IronMan ист каков што го памтам од цртаните. Ако се додадат тука уште и Гвинет Палтроу (обожавам онаква боја на коса), Скарлет Јохансон (redhead), Семјуел Џексон (премала улога во филмот) и главниот негативец Мики Рурк филмот е комплетно пакување од акција, трилер, сф и со по неколку комедични коментари кои повремено во текот на филмот ќе ве орасположат. Хајт-тек оружјата и 3Д визуелизацијата се супер претставени и дај боже некогаш во иднина да се остават и вистински. Се на се блокбастер кој не смеете да го пропуштите ако ви се допаднал првиот дел.


IMDB: 7.7
Jas : 8.0
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
The Prestige - Престиж - 2006

Пред некое време завршив со читање на "Престиж- Кристофер Прист" . Прекрасен роман кој претставува жестоко уверлива приказна за освета и илузиите.

Вчера го изгледав и филмо, кој исто така е нешто прекрасно.
Не сакав да го гледам филмо, пред да ја прочитам книгата, но во овај случај мислам сеедно е .
Многу филмо не се држи според книгата, па сепак и нормално е тоа. Во книгата има толку многу настани што во 130 минути тешко е да се прикажа. затоа направена е нова конецпција, што ќе се задржи на основната приказна а останатото ќе се промени. Но како и да е јас бев воодушевен од филмо, онолку колку што бев и од книгата.
Можеби мене ми беше полесно да го сфатам филмо, поради тоа што ја имав прочитано книгата, но сепак мислам дека доколку пажливо го гледа филмо, секој че разбери.
Финтава е шо се преплетува сцени од сегашноста и минатото, што може да ве збуни, но не толку многу да не можите да го разберите.
Крајо че ве остави без зборови, и можеби ќе посакат уште еднаш да го изгледате.

Содржината:
Се работи за двајца магионичари, кои еден настан ќе ги раздели и секој ќе тргне по различен пат, НО и секој ќе сака да му го уништо патот на другиот.
Обожавам вакви филмови, поради тоа што ниту еден момент не те остава да речиш "досадно е, дај да забрзам". Во овај филм можеби ќе посакаш да вратиш назад , но никако да забрзаш.
Кој го нема гледано, еве предлог да ужива 130 минути. :)


моја отценка: 9,9 /10
IMDB: 8.4/10
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.360
Поени од реакции
8.462
A Nightmare On Elm Street (2010)
]


што да кажам за филмот не можев да издржам подобра снимка и очекував да биди супер продолжение и се разочарав вкрај .Освен приказната која е старата за фреди кругер и убивањето на деца во сон (додуша нешто ново има за почетокот негов и ...)абер нема овај фреди (глумецот и маската)со стариот не знам што да пишам за рецензија мислам дека сите ги имате гледано првите делови од филмот односно старите филмови со фреди страв до коски ќе ти стават а овај тотално разочарување или барем за мене дека очекував премногу се осеќам така .На имб има 5.8 а јас како фан на хоророт на улицата на брестовите само 6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom