Дали посвоил дете?
Да. На секој човек, а сигурно многу повеќе на оние дечиња кои НЕ ПО СВОЈА ВОЛЈА се лишени од родителска љубов, лишени од можноста да ја почувствуваат родителската љубов, треба да се пружи љубов. Јас би се потрудил со сите сили да бидам што можам посличен на биолошки нивен родител. Без оглед дали би имал или би немал свои деца (а сакам да имам свои), јас можеби и би посвоил дете и ако би се случило тоа, јас би вложил онолку љубов спрема нив, колку што би вложил љубов спрема своите биолошки деца.
Еден ден ќе дојде момент да му се каже на посвоеното дете дека е посвоено. Би се потрудил тоа да го направам со најмногу што можам љубов, најнежно, во најсилен обид да тој/таа го прими тој факт најмирно и се разбира би ја почитувал неговата/нејзината волја да сака да се види со нив или да им се врати, ако може.