Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Матичната не ми е стара, а исто така и напојувањето. ПЦ-во ми е стар една година.
Исто така не верувам да е струјата.. зш волтажата ја проверив и се е во ред. И меѓудругото тоа не го правеше кога го зедов пц-то нов.
Е сега ова се деси летото откако во близина имаше гром. Значи од тогаш го прав тој проблем. Не се исклучува од можност тоа што кажа за кондензаторите. Можда се има нешто пореметено.. или некој има откажано или сл. пак затоа ми праи вакви проблеми. Него единствено ме чуди зошто кога ке ги извадам сите кабли од назат, после некое време се е ок. Или пак можда од громот напојувањето има ослабено.
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Него единствено ме чуди зошто кога ке ги извадам сите кабли од назат, после некое време се е ок.
Кога ке ги извадиш каблите од назад, ги празниш кондензаторите на напојувањето и на плочата. Хард ресет де.

Инаку ако проблемот ти се јавува после удрен гром, громот изгледа ти ја убил плочата, напојувањето или пак електричната инсталација во собата. Е сеа не сме ние Ванѓа, така да најубаво е да го однесеш на сервис да го ѕирнат.
 
rosoner22

Milan sempre con te!!!!!!
Член од
12 март 2010
Мислења
108
Поени од реакции
12
Здраво...имам една стара машина со 256МB DDR1 RAM....сакам да ја надоградам до 512MB.... некако дојдов до две плочки од по 128MB DDR1....па сакам да знам дали е добро(дали ќе му штети на хардверот) да ставам две по 128MB (256+128+128=512) или да барам уште еден RAM од 256MB на цело (256+256=512)....:salut:
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464

Нема да му штети.
 
Х

Ханзо

Гостин
Се мислев дали да прашам тука или во софтвер зашто не знам дали проблемот е хардверски или софтверски, ама со оглед на тоа дека почна откако земав нови делови (се освен хард диск и цд ромчиња), поверојатно ми е првото. Па проблемот е, компјутеров реагира споро, Unzip и инсталирање трае многу подолго од претходно, од време на време музиката успорува или засецкува заедно со курсорот, CPU Usage лета на стотка во овие моменти, па после се смирува, итн... Вирус не ќе е, зашто ова се случува уште откако го инсталирав Windows-от. Дали е до стариот хард (повеќе од 5 години во служба) кој почна да одбива да бутира на ладно, дали е до инсталацијата на Windows-от (имав проблем при инсталацијата со еден фајл, ама мислам дека беше прилично неважен), дали е до нешто друго, фаличен RAM, фаличен процесор, можно е?
Испадна дека е до Primary IDE Channel, бил во PIO мод, тоа го предизвикувало преоптоварувањето на процесорот. Пробав со реинсталирање на драјверот, пак се враќаше во PIO, пробав со една VB скрипта која го пренесе во UDMA 5 и проблемот со процесорот е решен, но се појави друг проблем - постојано покажуваше Delayed Write Failed ерори.
Се работи за wdc wd800jb (6 години стар, веројатно не ни поддржува UDMA 5 :)), привремено го наместив на UDMA 2 ама пак покажува ерори, имено corrupt file облачиња.
Што би било најдобро да правам пред да се доберам до нов диск? UDMA _?

Едит: средено.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Ми падна лаптопот, камерата се измести малце ама имам друг проблем. Кога работи нешто цело време "крцка" внатре исто како кога работи CD во CD-ROM-от. Дали некој знае од прилика што ќе биде тој проблем, или да го носам на сервис утре? :/
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Metono1[mkd];3455321 напиша:
Ми падна лаптопот, камерата се измести малце ама имам друг проблем. Кога работи нешто цело време "крцка" внатре исто како кога работи CD во CD-ROM-от. Дали некој знае од прилика што ќе биде тој проблем, или да го носам на сервис утре? :/
Провери си ги кулерите.
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
И хард дискот знае да крцка кога иглата бара и шета по дискот.
 
Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
Здраво...имам една стара машина со 256МB DDR1 RAM....сакам да ја надоградам до 512MB.... некако дојдов до две плочки од по 128MB DDR1....па сакам да знам дали е добро(дали ќе му штети на хардверот) да ставам две по 128MB (256+128+128=512) или да барам уште еден RAM од 256MB на цело (256+256=512)....:salut:
DDR1 рам тешко да најш, а и многу се скапи.Едино аку си имаш ти стави немат да имат проблеми.
 
NetworX

Кретен
Член од
9 ноември 2009
Мислења
252
Поени од реакции
19
Да не сакаш да ти ги позајмам наочарите мои??
Пишува горе дека нашол рам само прашува дали може да ги стави
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.080
Комјутеров значи го земав пред 1 година нема ни вирус нити ништо ептен е брзи се е ок јака конфигурација али у последно време ме заебава нешто и не ми чита некои цд-ња некое ке го прочита некое не!Кога ке ставам цд од ЕНТЕР емисијата автоматски ми се гаси пц-то.
Решение?
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Комјутеров значи го земав пред 1 година нема ни вирус нити ништо ептен е брзи се е ок јака конфигурација али у последно време ме заебава нешто и не ми чита некои цд-ња некое ке го прочита некое не!Кога ке ставам цд од ЕНТЕР емисијата автоматски ми се гаси пц-то.
Решение?
Што не ти чита, DVD или CD?

A тоа што ти се гаси РС-то, може да не ти е нешто убаво поврзано внатре во куќиштето, или проблеми со напојувањето.

Ај пробај рестартирај го РС во SAFE MODE и таму стави цедиња кои претходно те зезале, пример тоа од ENTER.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.080
Г отворив пц-то внатре кај делот за цд-та имаше некоја гумичка ја извадив сеа работи:toe:Ако таа гумичка е од некој дел од компјутерот кажувај:wink:Иначе фала за помошта:helou:
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Г отворив пц-то внатре кај делот за цд-та имаше некоја гумичка ја извадив сеа работи:toe:Ако таа гумичка е од некој дел од компјутерот кажувај:wink:Иначе фала за помошта:helou:
Каква гумичка? Од каде ПОТОЧНО? Дај слика :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom