Помош, проблеми, прашања, совети...

Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
види дали имаш инсталирано драјвери за тач пад, или види да не е исклучен.. пробај со Fn копчето и некое од горе копчињата ( Ф3 мислам дека е, не сум сигурен :/ )
Немаш инсталирано драјвери , то е проблемот. :wink:
 
S

StormRage

Гостин
А која звучна ја имаш?

Ако е реалтек, симни драјвери, после од контрол панел влези во тоа софтверот за звучната што е и пробај направи вака:

Ако пак не сака, види во BIOS да не ти е исклучена таа опција (Front Panel Audio)
реалтек е звучната само неам никаков ваков софтвер (го имаше на xp то) а во биос исто неам то фронт панел аудио... така да да видам драјвериве...
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
601
Поени од реакции
7
значи вака ставив 2 вентилатори на кукистето но кога се на 100% многу бичат па затоа сум ги ставил на 60% ( SpeedFan ) и бучењето е во нормални граници е сега кога го исклучам компјутерот вентилаторите се враќаат на 100% и повторно бучат па треба пак да ги намалувам е сега ако некои знае како да ги ставам постојано на 60% и при секое вклучување на компјутерот да немора да ги ставам на 60% туку тоа автоматски да се прави ? ? ?
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
види дали имаш инсталирано драјвери за тач пад, или види да не е исклучен.. пробај со Fn копчето и некое од горе копчињата ( Ф3 мислам дека е, не сум сигурен :/ )
Fала се снајдов
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
значи вака ставив 2 вентилатори на кукистето но кога се на 100% многу бичат па затоа сум ги ставил на 60% ( SpeedFan ) и бучењето е во нормални граници е сега кога го исклучам компјутерот вентилаторите се враќаат на 100% и повторно бучат па треба пак да ги намалувам е сега ако некои знае како да ги ставам постојано на 60% и при секое вклучување на компјутерот да немора да ги ставам на 60% туку тоа автоматски да се прави ? ? ?
Место да ги врзуваш на плочата најди старо напајање или направи си молекс то молекс екстендерче или пак врзи ги и двата вентилатори дирекно на молекс конектор и врзи ги на 5 v ( црвената и било која од двете црни жици ) И тогаш ке работаат на од прилика 50% , порадо на 40 % де .
А ако веке сакаш да имаш можност да пушташ на 12 тогаш се додава еден преклопник за да моѓиш да префрлаш мегу 5 и 12 . Ако ти треба по детално како се прави сето тоа пиши ке ти дам шема за се :) Просто е да се направи нема да е проблем па дури и да немаш некои големи познавања :)

Предност на овај метод шо ти го предлагам е шо влечиш дирекно од напојување а не од плочата ...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Ај мене дајми шема.Јас купив голема перка 250ден и бидејки на старата плоча имаше каде да ја вклучам(она шо е со бело фан како го викаја исто ко за процесор шо е)убо си беше ладеше мн,а сега на новава немат на шо да ја приклучам па од старото напојувајне го скинав она цело шо е бело и ги поврзав трите шици од перката жолта,црвена и црна а уште една црна шо остана ја напрев со изолир и не ја чепкам :D,арно ама не чинит,не вртит мн,порано бучеше,пробав црвената и црната само и пак несакат.ЧАре.
 
Ох леле . Јовче бе ... Значи на молекс конектор жиците се по следниот распоред . Жолта , црна ,црна , црвена . Е сега .. на вентилаторот жолтата ти е сензор за вртежите . а црвена и црна ти се напон и земја . Црвена е напон , црна е земја . Пошто си ја врзал и Жолтата од вентот на напон има шанса да ги имаш изгорено вентојте .
Е сега пошто на молексот напоните се на Жолта и Црвена . Имено Жолта со црна е 12 V a црвена со црна е 5 V .

За попросто ке ви представам со слика .

Е сега правилен начин за поврзување е црвена од вентилаторот на жолтата од молексот , црната на црната . Така се добиват 12 V на вентилаторот .
Ако се поврзе црвена на црвена , црна на црна , тогаш добиваш 5 волти , што генерално би значело дека вентилаторот работи на помал број на обртаи ( Ако е 3000 на 12 , тогаш ке биди 1250 на 5 волти )
Толку за овај дел .

Е јас кај мене целотот то го имам средено со еден преклопник и се поврзани на молексот вкупно три жици ... Едната оди на црвено , една на жолто и една на црна . Преклопникот е врзан така шо менва мегу 12 и 5 волти .
Јас користев преклопник изваен од стар изгорен адаптер ( онај шо менва мегу поларитети )
Точна шема ке напрам во паинт кај да е и кој сака таков сет- уп .. нека пиши на ПП ке ви дам точни пин аути и шемичка за то како се прај .
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Ако можиш со уба слика не вака во пеинт напрена.Не можам баш да те сватам,и ако не дај видео ако можиш д анајш.
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Ако можиш со уба слика не вака во пеинт напрена.Не можам баш да те сватам,и ако не дај видео ако можиш д анајш.
сликата во предходниот пост не е паинт ... туку си е точен пин аут на 3 пински конектор за вентилатор и 4 пински молекс ... Има на неа , а богме и во то шо го имам напишано се шо ти треба ... Ако не успеваш да го разбериш и видиш , најпаметно е да на фаќаш . ПОшто очигледно немаш доволно предзнаења за да се зафатиш со такво нешто ...

Најди некој шо разбира и замолиго да ти поможи ... НЕ гибај сам ... пошто има шанса да го изгориш напојувањето , да ги изгориш вентилаторите , ако има повратни напони да ја изгориш плочата .
Зато поарно најди некој да го напраи место тебе . НЕ гибај сам .
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Абе немат гајле,пеинт реков онака.Јас пред некој ден пробав жолта и црвена но пак исто,пробав црвена и црна пак исто,црна и жолта само немам пробано,иначе извадив молекс од старото напојувајне и го приклучив на хардискот од стариот ком и вртеше перкава ама малце не бучеше ко порано.А кај да најдам молекс,имат во продавница дека не ми се извават од старото напојувајне (400W)појке молекси,само еден извадов (блблабла)дека сеуште е исправно и во случај да ми се расипит од новиов ком ке го употребам него. :D
 
АМА ти изгледа сериозно не читаш шо имам напишано горе... ПРОЧИТАЈ ГО ГОРНИОТ ПОСТ И ОВАЈ ЦЕЛ . БЕЗ ПРЕСКОКНУВАЊЕ !!!

Значи на молексот 2 - те црни ти се земја . црвената е 5 волти , жолтата е 12 волти .

На вентилаторот Црвената е напон , црната земја . Жолтата е регулатор на вртежи и не ја поврзваш нигде , сериозен сум за ова .. можиш да го сјебиш вентилаторот ако пуштиш на неа напон .

Е сега ВЕнтилатор на кој пиши дека е за 12 волти ако го поврзиш на 5 волти тогаш место на 3000 вртежи ке работи на 1250 .

За 12 волти црвената од вентилаторот се врзва на жолтата на Молексот . Црната се поврзва на било која од двете црни .

НЕМОЈ на тој молекс кај шо врзваш вентилатор да врзваш други уреди !!! !!!
ОСОБЕНО НЕ ХАРД ДИСК . И двете предизвикват пад на напон така да можи да напраиш белја . Хардојте цркнуват ако му е низок напонот а пак и можи и да сецнува глата ако варира напонот !
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Добро а на шо да го вклучам молексот сега ,ако не на хард на шо.
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Добро а на шо да го вклучам молексот сега ,ако не на хард на шо.
Јовче ... ме умори брат ... Значи најди слободен молекс ... немора ништо да е вклучено на него ... слободен треба да е , и уклучи ги жиците на него . Има напон во молексот и без да е вклучен на нешто .
 
filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Имам проблеми со веб камерата на лаптопот ASUS K50C. Кога ке ја уклучам камерата ми ја дава сликата превртена. Пробав се и сешто во Settings, со драјверот го инсталирав наново но пак е истото. Не постои некоја шанса со програма да направам само Invert бидејќи во апликацијата за камерата има само опција Mirror Mode ?
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Имам проблем со компјутерот кој е поврзан со монитор на onboard графичка значи графичката е вградена во матична плоча.Кога ке го стартувам компјутерот ми појавува слика на монитор исто кога не е поврзан со компјутер..... и после од кога ке се стартува виндовсот има звук само слика нема и се појавува слика од мониторот каде пишива информации за резолузија ,Hz.. на кој е подесен i tn. која на таа слика горе има напишано: Out of range

Пробав да го исклучам кабелот и пак вклучам али ништо пак исто.
Кога ке го стартувам компјутерот нема слика за да влезам во биосот само се појавува тоа што го пишав погоре :toe:
Дали знае некој до што е проблемот и како да ги решам за да имам слика на монитор од компјутер?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom