Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.866
Поени од реакции
21.745
Многу поедноставно е: Данела барала од овој од ВМРО да се смени комисијата која одлучувала по тендерот уште во јули. Веројатно зашто една од фирмите кои аплицирале била блиска до нејзе (затоа и толку се воспали кога советникот од ВМРО ја праша кој е тој Ариф од турската фирма која учествувала на тендерот, а знаеме дека пред само некој месец баш Турција донираше противпожарни возила на градот - можно е да има некоја поврзаност). Значи рачињата сакала таа да ги брцне во медот, ама овој од ВМРО им пишал на кредиторите и тие не дозволиле, па оваа за да се одмазди, го разрешува.

Не знам. Две страни има приказнава: од една страна оваа на директорот од ВМРО која ми делуваше пореална, зашто човекот зборуваше со факти на пресот. Од друга страна Арсовска која се избаци ко лошата вештерка од северот на говорница и зборуваше со идиоми ко „шпицест градоначалник“, „го фатив со рачињата в мед“ и сл. Јас од нејзина уста никаков факт, никаква одбрана не слушнав, затоа некако ми личи ко да таа сакала да лапне од медот.

Настрана тоа што една четвртина од мандатот и заврши, а се уште нема почнато НИ ЕДЕН капитален проект од програмата. Имаше една тема пред некоја година: кој е најспособниот градоначалник на Скопје до сега. Веќе не знам, ама знам кој е најнеспособниот: Данела Арсовска. Дај Боже да ме демантира во наредниве 3 години! Дај Боже!
Како тоа нема ни еден проект: asfalt-na-patekite-vo-park2jpg.jpg
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.522
Поени од реакции
9.393
...

Нападот е најдобра одбрана, морам да признам дека случајов не го пратам во сите детали ама од тоа што фатив на брзина, наместо да одговори на обвинуивањата таа зборува за како мицко не се борел за МКД како што се борел против неа, не дека тука не е во право, ама тоа не е тема во моментов туку тој податок се користи за дефокусирање од вистинскиот проблем.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.492
Поени од реакции
5.586

Проблемот го напрви Мицко со подршката која и ја даде а не излезе со свој кандидат. Да не глумиме наивни, не сме од вчера знаеме како функционираат сите градоначалници на вмро низ годините и секогаш во се мора да има дел и за белата палата. Е сега знаејќи ја историјата и позадината на Данела и таа има усти да ги нахрани а и нешто да се најди и за неа. Така да пак идиме во коренот на проблемот, намањето храброст на Мицко да излези со свој кандидат и вмро да има одговорност за работата на Скопје. Сакаше да се крие зад сукњата на Данела, нека се крие пак. Уште од лани имаше муабети дека ќе му атакува и на неговото место во вмро, со подршката од Америка можно е и овој конфликт да се само увертира за борбата за вмро.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Славомачедонас 54% треба да е во администрација, ајде се надевам ќе има мавање од работа. Да видат што направија со нивното партиско гласање за работно место. Браво за автохтоните, кај и да е ќе направат 40% во администрација и со оглед на иселување мислим дека едно 40% од албанците што ќе останат во држата ќе бидат вработени на државно каде секако ништо не работат. Фина е поентата на постоење на северен фиром, за 10 години не федерализација сами поделба ќе бараме.
 
Не гледам поента на твојов коментар, па уште да не глумиме наивни, абе Мицко е крив и пизда за многу работи ама јас го коментирав конкретниов случај, не може ти да одиш на суд и си обвинет за нешто и ти на обвинителот наместо да му вратиш со аргументи му враќаш "мајка ти е курва", дали мајка му на обвинителот е курва или не, не е тема на расправа.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.414

ДПМНЕ, како најголема партија во опозиција (и воопшто) ќе каже ли нешто за овој мега-скандал?!?! Затоа што ова што го прават со вметнување на нерезидентно население е врв на досегашната дискриминација кон Македонците. Што е многу, многу е!

Ццц, додека се бави јавноста со Арсовска-Мицкоски еве што се случува...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.328
Поени од реакции
26.277

Што скандалозно има во ова? Попис си е попис, резултати се резултати. Од моментот кога ја прифатија методологијата, и од моментот кога мнозинство од Македонците прифатија да се попишат, не сфаќам каков е проблемот?
 
Мешаш баби и жаби. Нели читаш дека правичната застапеност е според бројки на резидентно население? Минситерот-генијалец од Алтернатива си прави свое толкување и ја прави таа правична застапеност според нерезидентно население. Очигледно е дека тука не се работи само за албанизирање на државната администрација туку и вработување на партиски членови од Алтернатива со цел на следните избори таа партија да има подобра почетна позиција во однос на потенцијал на гласови. Ако ова не одекне како мега-скандал, дефинитивно немаме медиуми во државава.

За тоа дека мнозинството Македонци прифатија да се попишат, и дали не требало да се попишат, тоа е веќе целосно друга тема.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.492
Поени од реакции
5.586
Не гледам поента на твојов коментар, па уште да не глумиме наивни, абе Мицко е крив и пизда за многу работи ама јас го коментирав конкретниов случај, не може ти да одиш на суд и си обвинет за нешто и ти на обвинителот наместо да му вратиш со аргументи му враќаш "мајка ти е курва", дали мајка му на обвинителот е курва или не, не е тема на расправа.
Поентата е дека Мицко е тој што и овозможи Данела да е на ова место каде што е сега. Негова задача беше да процени дали е кадарна да е градоначалник, просто е, ако не беше кадарна не требаше да ја поддржи.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
ДПМНЕ, како најголема партија во опозиција (и воопшто) ќе каже ли нешто за овој мега-скандал?!?! Затоа што ова што го прават со вметнување на нерезидентно население е врв на досегашната дискриминација кон Македонците. Што е многу, многу е!

Ццц, додека се бави јавноста со Арсовска-Мицкоски еве што се случува...
Ја би искрено да ги вработат и 80%. Све да се љоптари и ништо да не мрдне напред. Да се умртви цела администрација и сите можни процеси.

И онака само си играме држава, не дупи кој стигне.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
ДПМНЕ, како најголема партија во опозиција (и воопшто) ќе каже ли нешто за овој мега-скандал?!?! Затоа што ова што го прават со вметнување на нерезидентно население е врв на досегашната дискриминација кон Македонците. Што е многу, многу е!

Ццц, додека се бави јавноста со Арсовска-Мицкоски еве што се случува...
Не е многу. Малку е.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.522
Поени од реакции
9.393
Поентата е дека Мицко е тој што и овозможи Данела да е на ова место каде што е сега. Негова задача беше да процени дали е кадарна да е градоначалник, просто е, ако не беше кадарна не требаше да ја поддржи.
во ред ако тоа ти е поентата ама во дадениов момент си надвор од тема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom