Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

ЗА КОЈ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ?

  • Билјана Ванковска (Левица)

    Гласови: 81 28,6%
  • Максим Димитриевски (ЗНАМ)

    Гласови: 18 6,4%
  • Стевчо Јакимовски (ГРОМ)

    Гласови: 14 4,9%
  • Вело Марковски (независен кандидат)

    Гласови: 8 2,8%
  • Бујар Османи (ДУИ)

    Гласови: 3 1,1%
  • Стево Пендаровски (СДСМ)

    Гласови: 9 3,2%
  • Гордана Силјановска - Давкова (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 63 22,3%
  • Арбен Таравари (АА, поддржан од ЕСП)

    Гласови: 3 1,1%
  • неодлучен, зависи од нивните предизборни кампањи

    Гласови: 26 9,2%
  • нема да гласам / ќе го направам ливчето неважечко

    Гласови: 40 14,1%
  • Мерсиха Смаиловиќ (Бошњачки Демократски Сојуз)

    Гласови: 4 1,4%
  • Томе Николоски (независен кандидат)

    Гласови: 0 0,0%
  • Господин Поповски (независен кандидат)

    Гласови: 10 3,5%
  • Ѓорѓи Манасков (независен кандидат)

    Гласови: 2 0,7%
  • Зорица Цветковска (Десна)

    Гласови: 2 0,7%

  • Вкупно гласачи
    283
  • Гласањето е завршено на .

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Според кој/кои потег/потези дејствуваат како привезок/сателит на ДПМНЕ?
Левица, барем онаа Левица додека беше сеуште НГ на власт беше сателит на тогашната опозициска СДС и заедно учествуваа во сите тие шарени револуции и рушење на тогашната власт. Тогаш некои други фаци беа во Левица како на пр. Здравко Савески, Мариглен Демири и.т.н. Оваа денешна Апасиева Левица па делува против СДС со кои беа сојузници до пред неколку години. Инаку сојузништвото помеѓу Левица и ДПНЕ се виде особено на ланските локални избори каде буквално постоеше една неформална коалиција помеѓу ДПНЕ Левица ДС ДОМ ЛДП Алијанса и др. Левица со своите гласови помогна во падот на Шилегов, но и воопшто во поразот на СДС на локалните избори 2021 во повеќето општини и од Скопскиов регион, како и ширум целава држава со тоа што особено во вториот круг од гласањето нивните гласови отидоа на контото на Мицкоски !
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
Нормално второто, ма да ако ја гледаме поголемата слика подобро она во прикриен сојуз со СДС отколку оној пијаницана.
Значи Шилегов немаше шанси да победи, цело време се зема како изговор тој Шиптaрски глас како бил одлучувачки за да се протнуваат лоши кадрови решенија. Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба сами можат да избришат каква била почетна предност добиена од Чаир и Сарај. И тоа со вакви тиња кандидати и ваква тиња, "европска" политичка кампања. Со вистинска кампања, чевлите ќе ги избришат со Чаир и Сарај.

ДПНЕ да имаше малце повеќе памет кога гледа дека мнозинството во град Скопје зависи од еден советник од Алијанса и кој советник го плаќаат со десетици директорски места, ќе ја направеја истата процедурална грешка како Тетово со завршната сметка и ќе имаше сега избори за совет на град Скопје директно после протестите за со Бугарија и СДС додека е во нокаут и уште немаат вакви отворени конфронтации.

ДПНЕ + Левица под 27 советника немаше да бидат, и Данела сега ќе ја држеа за гуша. А сега што? Мнозинството во совет им виси на конец, се што треба е Данела или да се договори со Алијанса или се да им избрка ( или на Левица да им избрка) и буџетот на Град Скопје нема да помине. Ако има нови избори Данела 100% заедно со Стевчо ќе направат своја фракција и ќе се создадат услови за ситуација исто како Петков во Бугарија каде што анонимуси преку задкулисни игри ќе бидат претворени во главни политички играчи и ќе добијат целосна власт. И одеднаш целосна победа во Скопје ќе се претвори во 50:50 ситуација. Генерално освен во Кисела Вода сите други градоначалници на ДПНЕ им се беда и мизерија и на следни избори нема ништо да добијат од нивното работење или поточно неработење.

Исто е и за претседателски, ако се избере добар кандидат, Скопје, Прилеп и Битола може да избришат 150 000 шиптaрски гласа за кандидатот на СДС без никаков проблем. А со проблемите кои ги има СДС и во Куманово тогаш задачата е уште полесна. Ама пак гарант ќе се сервираат некакви кандидати кои би биле "прифатливи" за нашето мулти-етничко општество.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Не ја величајте, ни карактер има ни образ. Прва прилика и одма дилови со СДС почна да прави....ај ќе дознаете што е како е после некое време, да не зборм многу.
Avtobuski javen besplaten prevoz ke ima li!?
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.480
Поени од реакции
2.342
Левица, барем онаа Левица додека беше сеуште НГ на власт беше сателит на тогашната опозициска СДС и заедно учествуваа во сите тие шарени револуции и рушење на тогашната власт. Тогаш некои други фаци беа во Левица како на пр. Здравко Савески, Мариглен Демири и.т.н. Оваа денешна Апасиева Левица па делува против СДС со кои беа сојузници до пред неколку години. Инаку сојузништвото помеѓу Левица и ДПНЕ се виде особено на ланските локални избори каде буквално постоеше една неформална коалиција помеѓу ДПНЕ Левица ДС ДОМ ЛДП Алијанса и др. Левица со своите гласови помогна во падот на Шилегов, но и воопшто во поразот на СДС на локалните избори 2021 во повеќето општини и од Скопскиов регион, како и ширум целава држава со тоа што особено во вториот круг од гласањето нивните гласови отидоа на контото на Мицкоски !
И? Ова се причините (и да се 100 % вистина) поради кои Левица би била сателит на ДПМНЕ?

За да биде една партија сателит на некоја друга партија треба да учествува во коалицијата на водечката партија т.е. да не излегува сама на избори, у принцип никој да не знае дека постои и да се собираат потписи од водечката партија со цел да може да функционира (да постои) сателит-партијата. Ваков вид партии може да се најдат само меѓу коалиционите партнери на СДС и ДПМНЕ.
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347
Дали кога Левица повика на радикализација на протестите и неколку млади храбри момци го разлупаа собранието им пружи правна помош? Или се сокрија како путки под кошули?
Тие момци завршија на суд кој со условна кој со затворска казна.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Дали кога Левица повика на радикализација на протестите и неколку млади храбри момци го разлупаа собранието им пружи правна помош? Или се сокрија како путки под кошули?
Тие момци завршија на суд кој со условна кој со затворска казна.
Левица повика на радикализација во смисла на масовност со фрлање јајца, тоалетна хартија кон институциите, а не со тврди предмети кон полицајците.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Не ја величајте, ни карактер има ни образ. Прва прилика и одма дилови со СДС почна да прави....ај ќе дознаете што е како е после некое време, да не зборм многу.
Ај да не отвориме тема кој ја величи цело време. Срна била, па газела, па колку елегентна и грациозна била. Кои само драми беа тоа. Отиде калимерата и сеа плачки.

Да парафразирам еден член од овде (ме мрзи да барам мислења):"Паметен човек знае да искористи ситуација". :D
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Далеку е од чиста намера хистеричнава дама демек корупција ќе рачистувала, при ваков енергетски, финансиски хаос, притисок од калето за уставни измени, има некоа улога да одигра, а каква ќе биде дал преку избори за нов совет, партија и брзи парламентарни да откине гласови па да ги коалицира према "западните" други партии, или друг е планот ќе гледаме зимото претстави, да не замајуваат да не го гледаме загадувањето од мазутот и веселите сметки на струја и по маркети.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.285
Поени од реакции
45.759
притисок од калето за уставни измени,
Што треба да имаат уставните измени врска со ова. Ако пратениците на ВМРО се единствени, не гледам како притисок преку некоја Данела може тоа единство да го разниша и да го доведе во прашање нивниот став.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.616
Поени од реакции
81.338
Пратениците од ДПМНЕ дадоа збор заведен на Нотар дека нема да гласаат за уставни измени...е сега ако се испичкале од една Данела и нејзината bitch фаца, ондак тоа е веќе нешто друго
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.097
Поени од реакции
16.293
Ги утепа женскава... ако е толку поштена секоја чест.
Сепак и за храброста да каже се пред медии како пари се прават на грбот на сиромаштијата секоја и чест.
Јас мислам дека ја туркаат за некоја позиција во иднина.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.742
Поени од реакции
33.445
Многу поедноставно е: Данела барала од овој од ВМРО да се смени комисијата која одлучувала по тендерот уште во јули. Веројатно зашто една од фирмите кои аплицирале била блиска до нејзе (затоа и толку се воспали кога советникот од ВМРО ја праша кој е тој Ариф од турската фирма која учествувала на тендерот, а знаеме дека пред само некој месец баш Турција донираше противпожарни возила на градот - можно е да има некоја поврзаност). Значи рачињата сакала таа да ги брцне во медот, ама овој од ВМРО им пишал на кредиторите и тие не дозволиле, па оваа за да се одмазди, го разрешува.

Не знам. Две страни има приказнава: од една страна оваа на директорот од ВМРО која ми делуваше пореална, зашто човекот зборуваше со факти на пресот. Од друга страна Арсовска која се избаци ко лошата вештерка од северот на говорница и зборуваше со идиоми ко „шпицест градоначалник“, „го фатив со рачињата в мед“ и сл. Јас од нејзина уста никаков факт, никаква одбрана не слушнав, затоа некако ми личи ко да таа сакала да лапне од медот.

Настрана тоа што една четвртина од мандатот и заврши, а се уште нема почнато НИ ЕДЕН капитален проект од програмата. Имаше една тема пред некоја година: кој е најспособниот градоначалник на Скопје до сега. Веќе не знам, ама знам кој е најнеспособниот: Данела Арсовска. Дај Боже да ме демантира во наредниве 3 години! Дај Боже!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom