Плински уреди

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од Струмикс, 20 мај 2006.

  1. plimont

    plimont

    Член од:
    30 јули 2010
    Мислења:
    172
    Допаѓања:
    47
    Поздрав до сите на форумов

    За заинтересираните за вградување на плински уред би сакале да ја споделиме инфиормацијата дека во Плимонт во тек е Летната Акција со понуда на плински уреди со цена од само 360 евра. Изборот на уреди во оваа акција е направен со цел да се опфатат возила со сите типови на МПИ мотори, од постарите возила од крајот на 90-тите па се до најновата генерација возила произведени според Еуро 6 регулативите.

    Покрај Летната Акција, како втора новина е пристигнувањето на новата генерација на најпродаваниот плински уред во Европа - LANDIRENZO EVO, кој сега е достапен во стандардна и во OBD верзија. LANDIRENZO EVO е најдобар избор кога се работи за возило од поново производтство. Во пракса се докажа како максимално издржлив во сите услови на експлоатација, вклучително и со нестандарден квалитет на автогас, со одлични возни својства и економичност.
     
    Aleksandarmit, Black Hok, krkac и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nigo

    nigo

    Член од:
    25 октомври 2008
    Мислења:
    492
    Допаѓања:
    62
    Здраво, Ве молам ако имал некој сличен проблем да ми кажи за што се работи. Веќе некое време кога возам на плин а колата нема достигнато 80-90 степени, ако отпуштам гас обртаите паѓаат на нула и колата ми гасни, што не беше случај и предходно.
     
  3. vlatkom1978

    vlatkom1978

    Член од:
    21 декември 2014
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    20
    плински уред ловато со дизни, инсталиран на опел корса
    после 20,000км, цело време полнето на ,,Нас Гас,,, се затна, неможеше да префрли на плин, титкаше како да нема плин
    плинарот ми кажа дека се затнале цревата од нечистотија ,и ми мењаа црева
    зошто се тогаш филтрите ако се затнува цел систем ?
    Дали е можно да има толку нечистотија во плинот на нас гас?
     
  4. murto

    murto

    Член од:
    23 ноември 2016
    Мислења:
    525
    Допаѓања:
    507
    Da ne zatail senzorot za pritisok,sto kazuva kolku uste plin imas?
     
  5. DRACARYS

    DRACARYS

    Член од:
    20 ноември 2008
    Мислења:
    5.971
    Допаѓања:
    2.409
    saab 9-3 2.0 автоматик шо пари ќе ме коштат од прилика да му вградат плин?
     
  6. 112112

    112112

    Член од:
    24 септември 2014
    Мислења:
    184
    Допаѓања:
    145
    Прашај си од прва рака во плимонт , доста се задоволни луѓево.
     
  7. Pepibe

    Pepibe

    Член од:
    6 јануари 2015
    Мислења:
    1.173
    Допаѓања:
    1.180
    поздрав луге ако може да прашам и некој ми објасни дали може половен плински уред от едно во друго возило да се постави на от ист тип или мора нов ганц HYUNDAI ACCENT и што делови ми се потребни по можност ако може и со слики коко изгледаат деловите,благодарам за секоја помош,совет и мислење..
     
  8. formen

    formen

    Член од:
    17 јули 2011
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    5
    Vitara 1.6 8v 1993... kakov plin bi odgovaralo najmnogu?

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  9. bobipp

    bobipp Let's cook!

    Член од:
    15 август 2008
    Мислења:
    10.402
    Допаѓања:
    4.048
    Ова лето ќе има акција? :D
     
  10. plavook69

    plavook69

    Член од:
    22 август 2016
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    2
    Може ли некој да ми каже на Корса Ц 1.0 каков плински уред да ставам и дали се исплати?Имал ли некој искуство со корса Ц на плин?
     
  11. Weltmeister

    Weltmeister

    Член од:
    25 февруари 2013
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    1
    Имам хјундаи и30 1.4 со инсталиран плински уред. Во последно време кога моторот е ладен тешко пали, откако ќе запали работи перфектно и пали чакмак. Го возев на бензин за 3 дена колата се врати во нормала си пали веднаш. Го префрлив на плин, проблемите повторно се појавија. Проверен е ECU, нема грешки, проверено кај плинар ставен на компјутер сите параметри се во ред. Ве молам за мислење или совет.
     
  12. INDIJANEC123

    INDIJANEC123 Женкар

    Член од:
    17 март 2014
    Мислења:
    2.069
    Допаѓања:
    2.537
    Mене ми рекоа извози 100-150 км на бензин и нема да имаш проблем. Тоа го направив и навистина немам пролем сега, исто така ми рекоа зимно време повеќе бензин да чувам некаде пола резервоар.
     
  13. Weltmeister

    Weltmeister

    Член од:
    25 февруари 2013
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    1
    Цел резервар возев на бензин 400км, колата се врати во нормала, чим го ставив на плин следниот ден почна да заебава. Нешто има проблем :)
     
  14. Weltmeister

    Weltmeister

    Член од:
    25 февруари 2013
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    1
    Проблемот е решен, заменета е мембраната, пушташе плин преку вакумот.
     
  15. Миле Точката

    Миле Точката

    Член од:
    25 февруари 2014
    Мислења:
    128
    Допаѓања:
    6
    И кај мене е сличен проблем. Кога е ладна колата сака повеќе верглање за да запали а потоа пали од прва. А исто има проблем кога ќе префрла од бензин на плин исто кога е ладна колата гасни при префрлањето на плин особено сега на ладно време. Па после неколку пати гаснење палење да префли некако на плин ама не го прима убаво плинот. Па со малку држење на гас почнува да работи нормално. Јас бев кај мајсторите за плин сменаа филтри и ја приклучија на комп и ми велат дека расплиначата пушта повеќе притисок на плинот и дека треба да се смени цела расплинача. Еве кај тебе си поминал само со мембрана. Изгледа треба да одам кај друг мајстор.
     

Сподели преку: