Плински уреди

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.324
Дискутиравме со Мандрак денес на месинџер за автомобили. Спомнавме и плински уреди. Еве нешто на таа тема:

Многу народ има предрасуди кон нив. Мислат дека возат бомба во колата. Ако е атестиран уредот и вграден од стручни лица воопшто не е опасен. Имав ситуација во моето цивилно војникување како пожарникар да одиме на сообраќајка во која плинскиот уред беше летнат едно 10 м од колата, и не и беше ништо на боцата. Опасни се уреди во стилот „направи сам„. Е тогаш е бомба.

Кои се предностите на плинот? Еколошки е најприфатлив. Најмалку загадува. Цената на плинот е најефтина од сите расположиви горива, иако моторот на плин троши повеке литри плин отколку што троши бензин. Постарите уреди ги намалуваа перформансите драстично. Кај новите тоа не е случај. Се е исто, само што е на плин. Субару во моделот Импреза понудува и верзија на бензин и плин. Моторот сака да работи на плин. Неговиот век се продолжува, затоа што е почист. Не се ствара гареж.

Мана може да биде цената, која не е исплатлива ако не возите многу во текот на една година. Тогаш, останете на бензин.

Јас лично, не сум поборник, но не сум ни противник на плинот во автомобилите, но фактите се на негова страна. Повелете со ваши коментари.
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
533
Поени од реакции
2
Дефинитивно сум за плинот, можеби губиш некои работи како простор и моќ на автомобилот меѓутоа сепак финансискиот дел е секако најбитен, барем кај нас.
На колата на татко ми (вектра 95) ставивме плин од поновите типови, со компјутерско штелување и што ти ја знам, резултатите се зачудувачки, колава не изгуби многу на снага, забрзувањето е малку побавно инаку макс брзина и однесување на колата над 2500-3000 обртаи воопшто не се промени. Цената на километар со фини штелувања ја доведовме до некои 2,5 денари/km. :)
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.359
Поени од реакции
58
A kako stojat cenite na plinski uredi?
 

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
ПРОИЗВОДИ

[FONT=Arial,Helvetica]7571186 - [/FONT][FONT=Arial,Helvetica]URED ZA TNG VO VOZILO A-05 [/FONT]</B>[FONT=Arial,Helvetica][/FONT][FONT=Arial,Helvetica][/FONT][FONT=Arial,Helvetica]Производител Mak Petrol[/FONT][FONT=Arial,Helvetica][/FONT][FONT=Arial,Helvetica][/FONT][FONT=Arial,Helvetica][/FONT][FONT=Arial,Helvetica]Цена на мало (ден.) [/FONT][FONT=Arial,Helvetica][FONT=Arial,Helvetica]21.500,00[/FONT] [/FONT]Контакт : Tel: +389 2 112 144 Fax: +389 2 111 525
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
389
Производител „Макпетрол”? 350 евра...богами доста солено! Повеќе се исплати во „Унионгас” или кај кој било друг сервис за гасни уреди, барем италијансли уред ке ти стават, „Бедини” или „Ловато”.
И не е воопшто издаток да се стави плински уред во возило, цената мнигу ја крева атестот. Незнам точно колку чини моментално атестот но сметам дека цената што се плаќа за овој документ е навистина неосновано висока. Да не забегувам во други теми и сфери, но неможам да издржам а да не кажам збор два за атестите на Машински Факултет во Скопје. Незнам дали некогаш некој од вас одел таму за да добие атест и како поминал, но моите искуства се максимално негативни. За тоа повеќе во некоја наредна тема или дискусија.
На strumics еднаш му спомнав а и овде ќе повторам, да имав барем малку власт во свои раце во оваа држава, ќе стимулирав максимално возење на гас како погонско гориво. Најпрвин заради еколошкта компонента зашто кога LPG согорува нема суви материи во атмосферата, нема чад, а сите други штетни материи се на минимално ниво.
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
533
Поени од реакции
2
Мандрак јас имам идено на атест, цената беше некаде 4500-5000 денари.
Искуства? Ужас, не само што наоѓаат безвезни мани како штрафчево не требало вака да биде, туку и полуотворено ти кажуваат дека некогаш и треба да ги 'подмачкаш'.
Незнам дали воопшто постои некоја друга овластена институција кај нас?
За цената, на вектрата кога стававме плин не чинеше само уредот со инсталација околу 500 евра, со тоа што системи за инџекшн мотори се поскапи, производител, Landirenzo.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.324
Само машински факултет издава атест иначе.
btw Сите технички промени на автомобилот мора да помината атест на машински за да се регистрира возилото(промена на мотор,вградување плин и сл.). Исто е и со хомологацијата на возилото при увоз.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
389
strumics напиша:
Само машински факултет издава атест иначе.
Знам. За жал.
Атест на плински уред немам вадено, но морав на атест еднаш заради една модификација во едно возило.Изворна верзија на возилото беше со бензински мотор, постоеше варијанта дизел во производство и јас ставив ист таков дизел мотор. Од станица за тахнички преглед ме пратија на атест а тие на Машински Факултет ме сотраа. Токму како што тврди нео-гео, за шрафчиња ме малтретираа, биле предолги морало да се кратат, па носачите не биле правилно наместени (а беа исти како кај оригиналната дизел варијанта). Најпосле најдов од еден пријател исто такво возило во дизел изведба и им го паркирав покрај моето. Ми пукна филмот и ги натерав да споредат пред мене! Ми идеше да ги убијам на место за подјебавање у здрав мозок. Почнаа дури да се фаќаат за тоа дека стаклата не биле од каталошки деклариран производител.:lud: -А јас отидов заради моторот, не заради каросериски модификации. Ама немаа каде веќе, видоа дека ми кипе и немаат аргументи повеќе и мораа да ги подпишат документите.:pishtoldz
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.359
Поени од реакции
58
и цените се.....
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
533
Поени од реакции
2
Jakov напиша:
и цените се.....
Епа можеш да замислиш колкави се кога се преселија од старите амерички хангари во тоа новото зградиште :icon_lol:
 

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
Samo edna mala statistika i nekoj vazni informacii ...


MethaneCH470-90%
EthaneC2H60-20%
PropaneC3H8
ButaneC4H10
Carbon DioxideCO20-8%
OxygenO20-0.2%
NitrogenN20-5%
Hydrogen sulphideH2S0-5%
Rare gasesA, He, Ne, Xetrace

Fossil Fuel Emission Levels
- Pounds per Billion Btu of Energy InputPollutantNatural GasOilCoal
Carbon Dioxide117,000164,000208,000
Carbon Monoxide4033208
Nitrogen Oxides92448457
Sulfur Dioxide11,1222,591
Particulates7842,744
Mercury0.0000.0070.016
 
Член од
21 април 2006
Мислења
6.928
Поени од реакции
2.223
za plinskite uredi vo kola nemajte gajle .. posto sve e strucno ispitano ... primer imam od eden drugar so mi kaza deka na nekoj covek od kumanovo mu ze zapalila kolata ..normalno izbegal i ja ostavil da dogori ..celata kola izgorela benzinot izgorel no bocata so plin ostanala necepnata od toplinata ..koj se razbira u boci ke vi kaze deka ima temperatura od -50 stepeni i dosta debel sloj koj tesko se probiva ...znaci ne treba da mislime deka ako imame vgradeno plin vo kola kolata da ja smetame kako "mrtovecki kovceg"
 
B

BushMan

Гостин
strumics напиша:
Дискутиравме со Мандрак денес на месинџер за автомобили. Спомнавме и плински уреди. Еве нешто на таа тема:

Многу народ има предрасуди кон нив. Мислат дека возат бомба во колата. Ако е атестиран уредот и вграден од стручни лица воопшто не е опасен. Имав ситуација во моето цивилно војникување како пожарникар да одиме на сообраќајка во која плинскиот уред беше летнат едно 10 м од колата, и не и беше ништо на боцата. Опасни се уреди во стилот „направи сам„. Е тогаш е бомба.

Кои се предностите на плинот? Еколошки е најприфатлив. Најмалку загадува. Цената на плинот е најефтина од сите расположиви горива, иако моторот на плин троши повеке литри плин отколку што троши бензин. Постарите уреди ги намалуваа перформансите драстично. Кај новите тоа не е случај. Се е исто, само што е на плин. Субару во моделот Импреза понудува и верзија на бензин и плин. Моторот сака да работи на плин. Неговиот век се продолжува, затоа што е почист. Не се ствара гареж.

Мана може да биде цената, која не е исплатлива ако не возите многу во текот на една година. Тогаш, останете на бензин.

Јас лично, не сум поборник, но не сум ни противник на плинот во автомобилите, но фактите се на негова страна. Повелете со ваши коментари.

И тато има во колата, ама плинскиот уред а атестиран, и е од ЛОВАТО.
 

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
plinskite boci se napraveni od nekolku dobro izbrani metalni komponenti koj se presirani za da mozat da izdrzat pritisok od 150 Bar (normalno za patnicki vozila) edinstven nacin da dojde do eksplozija e ako ja produpcite samata boca, no i toa ako se sluci nema da dojde do klasicna eksplozija tuku pri samo produpcuvanje gasot protekuva pod golem pritisok i retka e situacijata do koja moze da dojde do samozapaluvanje plus komponentite od koj e napravena samata boca imaat tocka na topenje od 1000 do 2000 c stepeni sto retko moze da se razvie taa temperatura
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
533
Поени од реакции
2
Само еднаш имам чуено за несреќа поврзана со плински уред. Пред 2-3 години се запали едно такси, Рено 19 мислам дека беше, на партизанска карши симпо, и тоа заради лоша електрична инсталација на плинскиот уред. "Мајсторот" толку внимавал.
Секогаш треба да се пази каде т.е. кај кого се става плинскиот уред, јас со 128цата се заебав гадно кај еден кретен, па после преправав по други мајстори.
 
На врв Bottom