дали очекуваш одговор од некој искуственик-корисник или од плимонт?
одма да ти кажам дека нема да добиеш квалитетен одговор и тоа од 2 причини:
првата е дека треба некој да има 2 ПОТПОЛНО ИСТИ коли на кои едната е ландирензо монтирана а на другата принс па да ти воочи разлика.
втората причина е дека плимонт нема да ти одговори на вакво прашање затоа што е високо свесен и етички човек, па не плука по конкуренција, додека во новус сигурно ке ти речат дека нивниот систем е подобар.
додека јас ке ти речам дека не проверени имиња и брендови тешко се пробиваат во јавноста и недовербата е голема. за овој принс систем не сум слушнал до сега многу нити пак некое искуство имам, иако се баткам со плинови доста долго време, така да ако ме прашаш мене, купи го провереното. башка и 24 месеци гаранција и техничка поддршка уште нај малку 10 години.
еве кас пред 2-3 месеци на кадетот му сменив плински вентил на ловато, плин монтиран во далечната 1996-та година... во плимонт го имаа... исто така испаривач-расплињача волтран, статра како модел 9 години, мембрани мењав, пак кај нив, само они имаа мембрана... така да тоа е тоа... размисли дали би играл на картата РИЗИК да плинскиот систем принс го снема од пазаров и резервните делови едноставно ги снема, како и моментот на гаранцијата и техничка поддршка дали ти нудат во новус исто како што ја нудат во пилмонт... нека ти биде тоа пресудно а не една две илјадарки разлика... пали кола6та и тргај во плимонт одма
тоа е моето мислење...