Плински уреди

GestapoSS

Нема
Член од
18 јануари 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
ah novus novus, druze od pisuvanje po forumi nema da ti se resi problemot pravac plimont deckite se tip top i ke ti kazat sto i kako za da si go sredis da ne ti trokira toa moze da bide od milion razlicni raboti
Пријателе ти даам ептен подршка за ова пишаново погоре
од ојлевци дојлевци веќе преку глава :sekss:
Оној вака кажал оној онака кажал абе остај....да не осетиш на своја кожа
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Прашање до плимонт:

Дали сте уградиле плин во Мерцедес Б класа, Е класа W211, Toyota Rav4 2006 годиште и како се имаат покажано?

Фала

Mercedes Е класа - W211, доколку е рестајлинг верзијата (тие се, ако не се лажам, 2007 до 2009 год. производство), не влегла сеуште во нашиот сервис за монтирање на плински уред.
Претходната Е класа W211 до 2007 год. не јавува пост-појави во вид на проблем на плински погон..
Мерцедесот B класа не појавува проблеми на плински погон.
Кај RAV 4 ќе мора да се вгради систем за подмачкување на вентили кој троши пола литар масло на 3-5000 км. (1/2 литар масло е 600 ден.).
И Смоле, имај на ум дека RAV 4 мора само цилиндрична боца, а има мал багажен простор.

Некоја слика:

E класа

4 цилиндри






6 цилиндри ML320 (го носи истиот мотор со Е Класата w211)





Б класа







Рав 4








Малку ме збунува (има два ауспуха), меѓутоа во датотека означено е како Rav4


--- надополнето ---

zdravo kupiv opel meriva 1.6 so plin nesto mi trokirase otkoa ke prefli na plin ja odnesov na plinar mi rece deka uredot bil eko 2 a motorot e eko 4 nesto poveke okolu toa inace plniot e mesten vo novus :))))))
Моделот Opel Meriva е понов и на него може да се вгради само секвентен тип на плински уред со директно вбризгување на плинот ( со инјектори).
Верувам дека во Новус го вградиле овој тип на плински систем. Доколку е вграден секвентен уред (со инјектори) изразите ECO 2..., EURO 2..., системи од трета, петта или незнам која генерација не важат (не се релевантни).
Денес се увезуваат секакви марки на уреди, за да се пробијат на пазар мора да се изрекламираат како нешто ново, така да често ги слушам тие изрази.
Трокирањето може да се појави од икс причини. Свеќица или некој друг високонапонски елемент од возилото, плински инјектор, уредот не е вграден по техничка спецификација и додека е нов ќе работи без проблеми меѓутоа со негова амортизација почнува да јавува недостатоци итн, итн..
поздрав
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Ок, фала за информациите и сликите.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
прашање до плимот. другар сакам утре да поминам да менување на мембраните. правевме муабет нели види во горните постови. се работи за нисан сани. кажи ми точна локација каде да ве најдам т.е сервисот каде ви е (ја сум од бутел) дали работите сабота и до колку ако воопшто работите. - и од прилика кажи ми колку време е потребно да се сменат мембраните.. а не е лошо да ми потврдиш за цената.. 1600 рече дека е така?

п.с остави ми и мобилен на пп во сучај да неможам да се снајдам за да ве најдам.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
еден поздрв до мајсториштата во плимот. - денеска бев таму баш и завршив огромна работа за мали пари. - стварно голема пофалба до нив. Дечките си ја знаат работата како што им доликува и нив и на еден познат сервис како што се они. ако имате проблем поминете кај дечките 99% ви го решаваат случајот (тој 1% е во случај да се погоди некој тупаџија муштерија шо ке бара влакно у јајце :) )
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Дечки знае некој да ми каже како им оди потрошувачка на плин на следните модели:

Opel Vectra 1.6 16v
Opel Astra G 1.4
VW Golf III 1.6
VW Golf IV 1.6
VW Passat (5B) 1.6
Audi A4 1.6 (претпоставувам слично со Пасат и Голф)
Audi A4 1.8 (обично не turbo)
Mercedes C180 W202

Ако се сетам на други ќе допишам...

Значи ме интересира потрошувачка на плин (РЕАЛНА) градска/отворено :)
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Би претставувало проблем плин на автоматски менувач?
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Поздрав до ценетиов форум.Имам Пежо 306 xr 1.4.indzeksn од 1997 год.Сакам да ставам плински уред.Ме интересира од кај да ставам,која марка,цена (што е вклучено во цената) и слични информации што ќе ми користат.Фала многу до сите кои ќе помогнат.Поздрав
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
И дали е исплатливо да ставам плин ако поминувам годишно околу 7000 км.претежно градско возење.
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Планирам да купам Алфа 33 1.3 injection со неатестиран плински уред ловато. Документите од уредот биле италијански и незнам дали ќе може да се атестира. Па ако може некој што се разбира да ми одговори.

Благодарам и поздрав.
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Поздрав до ценетиов форум.Имам Пежо 306 xr 1.4.indzeksn од 1997 год.Сакам да ставам плински уред.Ме интересира од кај да ставам,која марка,цена (што е вклучено во цената) и слични информации што ќе ми користат.Фала многу до сите кои ќе помогнат.Поздрав
Здраво
Пежо 306 1.4 од 97 година би требало да е опремен со мулти поинт инџексион мотор. На овој тип на мотор се монтираат секвенционални плински уреди, цената на италијанските секвенционални уреди е 540 евра. Боцата која ќе се монтира ќе биде цилиндрична, пошто кај 306-ка резервната гума стои под колата и не може да се постави кружна боца. По монтажата има трошоци за атест на возило со плински уред, - околу 4000 ден.
Според годината на производство мали се шансите моторот да е моно-инџексион, но на нашиот пазар и подоцна можеа да се сретнат такви серии на возила. Доколку сепак моторот е моно-инџексион цената е 405 евра.
Со километража од 7000 годишно вложените пари во плински уред би требало да се исплатат отприлика за 1,5 до 2 години.

--- надополнето ---

Планирам да купам Алфа 33 1.3 injection со неатестиран плински уред ловато. Документите од уредот биле италијански и незнам дали ќе може да се атестира. Па ако може некој што се разбира да ми одговори.

Благодарам и поздрав.
Здраво
Ако колата сеуште е на странски таблички од некоја од земјите на ЕУ, и плинскиот уред е запишан во (странската) сообраќајна дозвола, може да се легализира со пријавување при правење на хомологација (на Машински Факултет).и подоцна нема потреба да се прави атест.

Ако возилото веќе е на МК таблички има 3 варијанти

  1. Уредот, т.е сите компоненти во делот на моторот да се од ист производител, во кој случај ќе се замени само плинската боца
  2. Некои делови од уредот да се од различен производител. Се заменуваат тие делови со предвидените за тој уред и се заменува плинската боца
  3. Ако уредот е склопен од компоненти од повеќе различни производители, (сме сретнале и такви комбинации) тогаш најисплатлово е да се замени целиот уред со нов.
Инаку, кај сите плински уреди од италијанско производство документите кои доаѓаат со уредот, потребни за атест, се на Италијански јазик.
 

_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Здраво дечки!
Значи вака...Имам VW Golf 3 - 1.6 mono injection на кој што сакам да му ставам плин (немам математика со ова бензинов веќе) :nenene: искрено се двоумев помеѓу плин и дизел мотор и се одлучив за плин затоа што ми е некако посигурна варијанта а и моторчево на голфов ми се свиѓа вакво какво што е.
Е сега ме интересира стандардно она што би го интересирало секој...каков плински уред да ставам? каде? колку би ме чинело? каква би била потрошувачката на плин? како ќе се однесува колата после тоа (дали помалце ќе влече) итн.
Иначе годишно поминувам околу 5000км и просечната потрошувачка на бензин ми е 9-10 литри на 100км.
Благодарам однапред. :smir:
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Здраво дечки!
Значи вака...Имам VW Golf 3 - 1.6 mono injection на кој што сакам да му ставам плин (немам математика со ова бензинов веќе) :nenene: искрено се двоумев помеѓу плин и дизел мотор и се одлучив за плин затоа што ми е некако посигурна варијанта а и моторчево на голфов ми се свиѓа вакво какво што е.
Е сега ме интересира стандардно она што би го интересирало секој...каков плински уред да ставам? каде? колку би ме чинело? каква би била потрошувачката на плин? како ќе се однесува колата после тоа (дали помалце ќе влече) итн.
Иначе годишно поминувам околу 5000км и просечната потрошувачка на бензин ми е 9-10 литри на 100км.
Благодарам однапред. :smir:
Здраво
Плински уред за моно инџексион возило кошта 405 евра- со цилиндрична плинска боца, 435 евра со кружна боца ( за кај резервно тркало).
Тоа е цена за италијански плински уред од Ланди Рензо или Ловато, со документи за атест, самиот атест е околу 4000 ден.
Уредите за моно-инџексион имаат автоматско префрлување од бензин на плински погон.
Губиток на сила и брзина на колата кај овој тип на уреди е помеѓу 5 и 10% во однос на бензин, при нормално возење скоро е неприметно . Потрошувачката ќе се зголеми до 20% .
На кола која поминува 5000 км годишно се исплати да се постави плински уред.
Можеш да погледаш неколку слики од Голф 3-ка со моно инџексион мотор, со вграден плински уред


Торусна (кружна) плинска боца на место на резервно тркало


Цилиндрична плинска боца


Плински уред –моторен дел поставен на Голф 3 моно-инџексион




Котролно копче на шалт-табла


Полначка за плин
 

Kajgana Shop

На врв Bottom