-јас на економијата, поточно на исплатливоста, за вградување на плински уред гледам од друг аспект. Кога плинот беше 23 денари, разликата помеѓу литар плин и литар бензин се движеше од 13 до (ретко) 20 денари, а сега разликата е над 30 денари. Значи сега се заштедува скоро двојно повеќе од литар потрошено гориво отколку кога плинот беше 23.
-Новите возила од класите на пежо 307, 308,.. , Авео, астра, Јарис, Дачја, Меган, Фокус, Шкода, Круз, Ланцер....., се
поскапи а и
помали потрошувачи од CLK Mercedes 2000 год, а повеќето се на плински погон, и заинтересираноста за пренамена на плин на тие што не се е огромна. (Ги спомнувам овие возила бидејќи се најчести на нашите патишта и има најголема заинтересираност за вградување на плински погон). затоа не гледам ништо спорно во заинтересираноста за вградување на плински уред во CLK
-погрешен е фактот да се земе во предвид каков е бензинот пред да согори во цилиндарот. Што се случува откако ќе согори?
Доколку се полие бензин на рамна површина, пример стакло, и се запали, после неговото согорување остануваат лесно видливи резидуи (пепел). Истото се случува и во самиот мотор, пепелот се лепи на ѕидовите од цилиндарот и истиот го суши. Плинот има чисто согорување и не остава честици после согорување. Тоа се информации од релевантни западни институции, и лесно се достапни доколку се прогугла по интернет.
:wink:
--- надополнето ---
Објасни ми зошто колата на плин нема снага, не влечи колку на безнин.[/QUOTE]
Разликата во снагата нема допирни точки со подмачкувањето (ако добро ја разбрав идејата на постот). Снагата зависи од октанскиот број и енергетска моќ на горивото
--- надополнето ---
морам само да те поправам, имаш мала грешка... дека не беше serko тој што се спротиставува, туку goran_d... он тврди дека плинот го расипува моторот... наспроти нас автомобилските фанатици, он знае подобро... и пази, вози цели 7 години на плин... тоа е релевантен фактор, нема везе тоа што јас се бавам со автомобилизам и авто механика дупло подолго од тоа, он знае подобро и знае како стојат работите... се исплаќало кога плинот беше 23... е па јас друже возам на плин кога беше 7,5 денари... ако се земе предвид дека тоа беше првата цена за авто гас во македонија, која се задржа некоја година, па следеше како сега еден ваков раст како сега и застана на 14 денари цели 5,5 години, па после полека полека дојде до тие 23 денари па се задржа некои 4 години и низ годиниве со сите турбуленции дојде до сегашнава цена од 42 денари, па нек прерачуна сега од кога јас возам на плин... значи додади уште еднаш па уште еднаш (втор пат) исто онолку колку што ти возиш... одприлика толку време возам на плин... и зарем мислите дека сум луд што толку врем возам на плин и не се откажувам од него? покрај тоа што си екологист, сериозна е разликата во заштедата... луге на запад прават калкулации за заштеда од 3-4% а тука имаш бааги поголема заштеда...
а... да... да не заборавам, веке 2-ра година експериментирам со возење на комбинација со водород... инаку и тоа не чини, така во јавноста вртат муабети... водородот бил прејак за моторот, ги горел кариките... па незнам, ај да отвориме моторот и да видиме а? хахахаха УПС се издадов... ке му текне на еден член од форумов, зашто го оставив да си стои цревцето од стариот саух на колата, наместо да го ликвидирам?
п.с. заштедата на возење на плин во однос на бензин е околу 35%... погоре подоле за некој процент, кај различни коли... ако ти е помала заштедата, т.е. не ти се исплати да возиш на плин, пушти срце и новчаник, па тркни до кај некои професионалци за авто гас, на пример еве членот на форумов плимонт да ти го штелнат плинот... инаку тоа се прави редовно а не еднаш за секогаш, и спаѓа во нешто што се нарекува тековно одржување... железо едно од ограда во двор, па сака секоја сезона-пролет да се префарба за да го личи ебаго, а не еден цел уред вграден во автомобил кој трпи толку многу потреси и промени, поготово со различен квалитет на плинот кај нас од плинара до плинара...
Интересна проблематика е водородот или HHO. Тука си ,,играа" шефот од сервис и директорот, додека не се деси експлозија (и тоа доста јака) на садот со зачинетата вода, пред две /две ипол години, фрлија све и се откажаа. Имаме успомен на плафонот од едниот бокс , жолти точки од зарѓаната вода
--- надополнето ---
мембраните се отидени сигурно и морам да ги правам. прашав у гасматик ми рекоа 3 000 ама некако многу скапо ми се гледа тоа. прашував и на други места ми викаат 2 000 трети ми викаат 1700 е сеа у дилема сум кој е по мајстор. да не ги дадам парите за џабе само ме сваќаш?
П.С нисан сани 10 троши градска??? ја па мислев 7/8 т.е така имам читано по интернетов
Може да е грешка во калкулацијата на потрошувачка. доколку навистина толку троши, многу е за тоа возило. И најчест извор на голема потрошувачка после повеќе години користење на плинскиот уред се мембраните, добро претпоставиле. малку ме буни цената на мембраните, да не има уште некој дел за менување, мембраните се (бар кај нас) 1600 денари, само да не е секвентен уред, со дизни.