Патување во Египет

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
19.603
Џабе ако идеш у Еџипт ако не видиш нешто старо и вредно, одмор!?
Хх одмор устфари те дупи капитслист
Одмор како одмор, у Египет идеш за да видиш МЕСТА убави, да не ги набројују, да легаш на слннце и песак,тој га моеш у Отешево.
Идеш дс осетиш нешто старо и вредно
Солстис у Абу Симбел
Па дали знаете дека најголем религиски храм у сфет е бш таммм
Блиско до Теба/Луксор,а и блиско до туристичку Хургаду, вика се Карнак, како едни француски камења.
Е там да идете, да посетите, да видите
Е тој е одмор.
У Египет.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Еееј Коштан чедо, туј песму да ми гу поеш! Тој к'д се едну ноќ, од Билечки хан враќасмо! Ноќ, месечина..... коњ Дорчо мој, иидде ногу за ногу, а чалгиџие што ги од хан поведесмо, идев зад нас и свирив, а од далеко се чуе песма и тај песма....не песма него само глас! И т'ј глас иде иде за месечину се лепи и на мен како мелем на срце ми пада. Е туј песму да ми гу поеш, жал за младост ;)
Е @парва ти ..., у право е човек!
Карнак и Долина на фараони е најбоље нешто што мож да се посети од Хургаду!
П.С. Извинете за дигресију и диалект:D
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
А питомата кој ја врти:(:(:(:(:(:(..или никој нема влезено во пирамида?
Да, можеш да влезеш ама се плаќа. Мислам дека беше 50тина долари за сите. Ова ектра на 10тина долари влез.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
А питомата кој ја врти:(:(:(:(:(:(..или никој нема влезено во пирамида?
мислам дека беше 15 долара да влезеш во пирамида, ама ние одлучивме да не влегуваме, немаше прилика, навистина е дообро организирано затоа што е многу жешко и со климатизиран автобус стасуваш точно до пирамидата, водачот те советува да не ја заобиколуваш затоа што е многу голема и времето ти е драгоцено, правиш неколку слики ја разгледуваш, доколку сакаш се сликаш на камила, купуваш сувенири и потоа влегуваш во автобус и те носи до свингата, затоа што е доста далеку не е како на сликите на нет, мора со автобус, доколку влезеш во пирамидата, ова треба да го испуштиш. зошто не смее никој од погледот на водачот да се изгуби, може некој од тамошните да ти го земе телефонот од рака или било што друго да те уценува и да ти бара пари. како да е каиро е посебна приказна, мора да го доживееш, на две ленти по 6 коли има, пешаци минат секаде и нема никаде да се чукнат, на 4 спрат кози пасат на зградите, лудило е, а во пирамидата што решија да влегуваат, рекоа дека е многу загушливо и со многу влага. во музејот после кога ќе заминете, се доплаќа исто мислам 15 евра, за да ја видиш мумијата на тутанкамон и на мајмунчето шт му било миленик, таму беа децава влегоа со мајка им, направија некои слики, јас ги чекав во кафето пред излезот, ама на сликите не е нешто посебно, доколку одите обавезно подморницата. незаборавно искуство...одиш 25 метри под вода и постојано низ прозорецот има нуркач кој ги храни рибите и се собираат, дискавери може вода да носи спрема тоа што се гледа таму. инаку питомо ли е диво ли е...тука сум ако треба нешто
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Незнам како ви се турите ама добра идеја е да се преспие една ноќ во каиро до пирамидите. Има добро шоу секоја вечер нешто слично како во Карнек. Ако влегуваш треба рано да идеш дур не се стопли. Мислам дека во една пирамида пуштаа бесплатно еден дел колку да влезиш а другите се наплаќа. За кеоповата беше 40тина долари или 50 пакет за сите. Можеш и другата за 10-20 ако сакаш само таа, искрено нема некоја разлика. Каиро ко што ти кажа Војсо си е приказна за себе и добро е подолго да си таму има доста ствари што вредат да се видат посебно музеите. Идеално ако можеш да се договориш со агенцијата уште некој период да останеш во сопстевна режија и да шеташ па да се вратиш со подоцен чартер така да остнеш и во Каиро некој ден и до Александрија да отидеш.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Плавуша не сум, ама сум многу бесна бринета, ако некој ме иритира и нервира. Судејќи по наравот на народот, не верувам дека некој од таму би бил супер кул, мирен и релаксиран покрај мене.

Него, не ми кажавте, дали стварно е толку многу жешко во јули? Дали стварно не се издржува? Сакам да ги видам пирамидите и да одам на сафарито, ама веќе неколку души ми кажаа дека било премногу жешко во јули и тоа било тешко остварливо.
Ако сакаш да одиш Хургада за одмор само од ноември-април.Хотел до море Makadi beach All inclusive и уживај.Немаш никаков контакт со домаќините освен тие шо работат во хотелот.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.730
Нема проблем, за бесна бринета тука сум, што треба.
дали уште купуваат плавуши, пред 10 години кога бев, вика една плавуша = 3 камили..
е сега падна цена на камили од 20,000$ на 5000$, тоа е лошо :icon_mrgr:...
 
C

CoolIris

Гостин
дали уште купуваат плавуши, пред 10 години кога бев, вика една плавуша = 3 камили..
е сега падна цена на камили од 20,000$ на 5000$, тоа е лошо :icon_mrgr:...
Сеа друга приказна било. Мажи продавале, ако не ги слушаат жените.
Други времиња, јбг.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.730
Ако сакаш да одиш Хургада за одмор само од ноември-април.Хотел до море Makadi beach All inclusive и уживај.Немаш никаков контакт со домаќините освен тие шо работат во хотелот.
убаво е и во септември и октомври...а колку знам последната чартер тура од Скопје беше од 11 октомври, веројатно заради мал интерес...
б.т.в. сега во Хургада е 29степени, а денес ќе биде 32/21степен, утре прогнозираат 34/22...
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Добро е да се оди во Хургада почеток на јуни месец на одмор?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Добро е да се оди во Хургада почеток на јуни месец на одмор?
Да. Јули и август избегнувај ако не сакаш многу жешко.
Јас бев почеток на септември и пекол беше.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom