Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.707
Поени од реакции
557
Обично е невозможно коренито да промениш било чиј став.
Можеш само да му го изнесеш своето гледиште, тој неговото, и да дискутирате. Без гаранција дека ќе ги прифатите спротиставените ставови.
За тоа сум апсолутно свесна. Поради тоа и ја отворив темата. Не да преобратувам некого. Затоа што и да сакам, не можам. Туку, да изнесам што јас мислам за патриотизмот, и да прочитам што другите мислат на таа тема. Кога би сакала нешто друго, веројатно нема да пишувам, туку со други мерки ќе одам да "преобраќам". А, истите не би биле виртуелни, ниту вербални, него попипливи и не толку суптилни.

Не е само мое мислење дека патриотизмот е доблест. Ниту дека, кога чувствуваш наклоност кон нешто, истото ќе се трудиш да го зачуваш и унапредиш.
Јас само го делам тоа мислење. Поточно силно верувам во него.
Пред се поради анализите на неповолните состојбите кои ни се случуваат во последните 100 години на нас Македонците. За нив, често еден од суштинските разлози е индиферентноста/омразата кон татковината. Па, убедена во тоа дека ако постои патриотизам, истиот ќе резултира со избегнување на повторувањето на старите грешки, се обидувам да поразговарам за тоа.

Многу луѓе не мислат така. Во ред. Нивно право кое никој не може да им го одземе.

А, за Грција која често се споменува на темава...Гледајќи ги архивските снимки на прогонот на Егејците, читајќи историски текстови за нивните неправди, тоа што сум сведок на ставање вето, сведок на Македонци кои ги тераат да метат на граница, сведок на држава која те убедува дека не си Македонец...Сето тоа ми ствара болка и гнев, и ме оневозможува да ги разберам луѓето кои со месеци чекаат визи, и даваат грдни пари, за да поминат десет дена на одмор, во земја која ги понижува и негира на секој можен начин. Оттаму и мојот, можеби ригиден став. Но, тој е. Не можам, поточно не сакам да го сменам. Ниту, ма колку и да сакам, можам да го наметнам на друг.
 
Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.443
Поени од реакции
5.817
Се извинувам што се вмешувам. Сигурен сум дека нема да те мрази за тоа. Ама, сигурен сум дека ќе те мрази ако те види со транспарент "Да го смениме името на Македонија, името не е битно".

Тоа е разликата.
И јас се извинувам што се вмешувам.
Сигурен сум дека е и повеќе од јасно до кој апсолутен степен денешниот концепт на "одродник" е отиден,барем на оваа тема.На политика е оправдано,заради задржување на достоинството,па макар и фиктивно.Овде е излишно,а и подложно на разглабање.Имаме ситуација во која омразата е апстрахирана крајно субјективно,а знамевеењето и чукањето во гради е ејакулативниот момент.

Немам ништо против суптилното наметнување на некојаси потреба за Holy Yea,ама повеќе од јасно е колку слоеви има оваа омраза,која искрено не се базира на тоа кој повеќе ја сака државата,а кој не,туку чисто мерење гениталии за тоа кој тоа подобро го искажува.

И,да,мразат.И да,квазипатриоти се....и да,се работи за дводимензионалност,а таа не дава голем избор.

"Eighter you are with us,or you are a traitor" :S
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.707
Поени од реакции
557
И,да,мразат.И да,квазипатриоти се....и да,се работи за дводимензионалност,а таа не дава голем избор.

"Eighter you are with us,or you are a traitor" :S
И да, кој може да го одреди било чиј степен на квази и не квази патриотизам?
И да, кој има право да валка туѓа цел, интимна желба и личен сон?
И да, Either you are with Macedonia, or you are a traitor.
As simple, as that.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
16.537
Поени од реакции
1.835
Значи да ја завршиме дискусијава (мислам на мене и ада).
Јас исто не планирам тебе да ти менувам став или да ти го објаснувам мојот со денови. Запнав толку затоа што прочитав неколку твои крајно вулгарни постови, со кои, итекако навреди многу Македонци.
Сега ми се спие, а утре веќе ќе немам што повеќе да напишам.
Се читаме на друга тема.
 
С

Сатори

Гостин
Секој кој што сака да подигне национална свест, и кој си ги почитува симболите на својата татковина, не може да биде квази-патриот, ниту хејтер.
Дополнително, националната свест се поистоветува со љубов кон нацијата, што автоматски се коси со мразење. Омразата која се јавува е резултат на оние на кои им пречи подигањето на националната свест, и истата тие ја емитираат.

Секое плукање на обидот да се разбуди љубовта кон татковината, е плукање и врз Гоце, Питу, Мисирков и сите оние бројни патриоти кои низ животот ги водела Македонија. Плукачите се оние безгласните и трагичните. Затоа што ги плукаат делата на претходно споменатите, го спречуваат нивнот продолжеток и надградба и сакаат да посеат раздор во нешто кое е носено од и тражи љубов.
Млада дамо, за да бидеш Македонка не мора да покажуваш сила со отварање на теми во кои што наводно ќе се крене националната свест која што толку силно ја форсирате, а само создава тензија и неосновна омраза кон се што не е македонско, сите што не би ја исекле десната рака за Македонија.

Зошто додека мојот вујко не се врати дома цела војна од Арачиново, сите се тресеа над тоа дали ќе се врати жив, ама никој од нив не рече дека за ова му е крива државата.Му го почитуваа изборот и си ги плаќаа сметките и никогаш не се обиделе да украдат од нашата Македонија, чии лидери за кои покажуваме „патриотизам“, толку безсрамно ни го прават тоа нас.

Зошто да плукам по моите предци, некој да ми го каже мене тоа, што својата националност барам начини да ја искажам и потеницрам на друг начин што нема да навлече толку голем гнев, како оваа вашава, тоа е само уште еден пропуст, штета.
Затоа што кога на некој ќе му набодеш трн во око, не очекувај дури и да е тоа патриотизам, дека ќе му се допадне тоа.
И да, кој може да го одреди било чиј степен на квази и не квази патриотизам?
И да, кој има право да валка туѓа цел, интимна желба и личен сон?
И да, Either you are with Macedonia, or you are a traitor.
As simple, as that.
Еве ја ооо големата желба за како рече „ ...сакаат да посеат раздор во нешто кое е носено од и тражи љубов...“
Голема е љубовта тука, гледам.
:pov:
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.528
Поени од реакции
809
Нели би ме мразела мене ако ме видиш на Грчка граница?
Ја би те жалел. Или можеби не. Треба човек да му годи да го омаловажуваат, дискриминираат, и упорно да оди на такви места.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.553
Поени од реакции
1.602
Национализам веројатно претставува некакво движење, како романтизам, кубизам, капитализам... И веројатно е добро поставено во Философија и психологија.

Работата е следна: супер е да си ја сакаш својата нација и да правиш сè за неа и нејзиното добро. А ако некој друг страда, баш ми е гајле - мојата нација е подобра. А ако тој што страда има проблем со тоа, нека ги прифати моите услови, па ќе го примам во својата нација.

...

Ви звучи познато од некаде? „Сменете си го името, па ќе ве примиме во нашето ЕУ друштво“?

Работата е колку ќе се држиме достоинствено. Ама не на индивидуално, туку на национално ниво. Толку е просто.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.411
Млада дамо, за да бидеш Македонка не мора да покажуваш сила со отварање на теми во кои што наводно ќе се крене националната свест која што толку силно ја форсирате, а само создава тензија и неосновна омраза кон се што не е македонско, сите што не би ја исекле десната рака за Македонија.
Дали понекогаш си пробала да најдеш смисла во она што ќе го напишеш?

Недостатокот од македонска свест,достоинство и почит кон историјата не направиле толку рамнодушни кон се' што ни случува и понижувањето кое што самите си го нанесуваме со одредени чекори нема дно, мене лично тоа ме боли.

Никому не би требало да му сметаат вакви теми, можеш да не прифаќаш одредени мислења каде според тебе лично зборовите биле пресилни и со кои не се согласуваш.
Ама не се обидувај да наметнеш искривена слика на патриотизмот.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
97
Sto9 e bolje ako si patriota da stanes nekoj cenet umetnik, doktor , sportista i na toj nacin ja promoviras svojata patriotska vizija ili da vodis virtuelni vojni so neistomislenici ????

Mislam greota e akos e ima talent, kapacitet a se ima toa da se zapostavi zaradi prazni muabeti koi od strana gledano zracat so pateticnost i nemok.

Situacijata e ko da te stavile u dupka i te mocaat odozgora a ti se karas so toj do tebe zasto ne gi pocituva komitite , grbovite i Hunzite si vadite oci namesto da probate da najdete nacin zaedno da se izvlecete od dupkata.

Koj ova ne go sfaka vaka e kompleksash nerealen ili partisko vojnice koe se grebe a nikako ne e patriot .

PS ja ne sum patriot da se razbereme
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
60
Млада дамо, за да бидеш Македонка не мора да покажуваш сила со отварање на теми во кои што наводно ќе се крене националната свест која што толку силно ја форсирате, а само создава тензија и неосновна омраза кон се што не е македонско, сите што не би ја исекле десната рака за Македонија.

:pov:

Млада дамо, мора да отвораме теми за да ВИ ЈА КРЕНЕМЕ националната свест и патриотското чувство затоа што се заборавивте, заборавивте кои сте и од каде потекнувате, ги заборавивте Вашите дедовци и предци и бесцелно лутате во лавиринтот наречен живот, современи сте, модерни, за Вас не е битно дали е Турчин дали Албанец, и не ви текнува дека ја мешате крвта со некој кој душман Ве гледа, ве презира и утредента се фали колку сте бедни, глупави и прости! Тој се разбира Ви е другар, многу добар другар кој работи на долготрајно Ваше уништување...Куранот му е целта....Не Ви ни паѓа на памет дека нему не му доаѓа ни на крај памет Вашите заеднички деца да не бидат муслимани!
Мора да Ве потсетиме повеќе да му дадете значење на патриотизмот и да сватите што тој всушност значи, кога утре Вашето дете ќе Ве праша на кој јазик да се моли и кон кој Господ!
Рака не давам но затоа срцето и душата се мојата Македонија! И кога го кажав ова, морници го облазаа моето тело, чувство кое тебе не ти е вродено ниту имаш доблест да го почувствуваш!
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.790
Поени од реакции
41
Млада дамо, мора да отвораме теми за да ВИ ЈА КРЕНЕМЕ националната свест и патриотското чувство затоа што се заборавивте, заборавивте кои сте и од каде потекнувате, ги заборавивте Вашите дедовци и предци и бесцелно лутате во лавиринтот наречен живот, современи сте, модерни, за Вас не е битно дали е Турчин дали Албанец, и не ви текнува дека ја мешате крвта со некој кој душман Ве гледа, ве презира и утредента се фали колку сте бедни, глупави и прости! Тој се разбира Ви е другар, многу добар другар кој работи на долготрајно Ваше уништување...Куранот му е целта....Не Ви ни паѓа на памет дека нему не му доаѓа ни на крај памет Вашите заеднички деца да не бидат муслимани!
Мора да Ве потсетиме повеќе да му дадете значење на патриотизмот и да сватите што тој всушност значи, кога утре Вашето дете ќе те праша на кој јазик да се моли и кон кој Господ!
Рака не давам но затоа срцето и душата се мојата Македонија! И кога го кажав ова, морници го облазаа моето тело, чувство кое тебе не ти е вродено ниту имаш доблест да го почувствуваш!
Што побогу???
Ако сме модерни, современи и со такви идеи, и некој се дружи или е во врска со друга вера, националност, тоа не прави помалце патриоти???? Е ова ми е стварно ново. Ни едно ни друго нема врска со тоа кога некој ја љуби и искрено сака својата земја, па ја ако сакам може и со марсовец да сум земена. И ако јас кога говорам за мојата земја,притоа не ми поминуваат морници, тоа ме прави помалце патриот,помалце доблесна, помалце горда на својата земја, место во кое единствено се осеќам дома, мало парче земја за кое е врзано целото мое минато и иднина,нешто според кое што јас се идентификувам.....
 
Па нормално "побогу"! Што има врска дали ќе одиш в џамија или в црква!
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
14.061
Поени од реакции
897
Пак го измешавте патриотизмот со верата.
 
На врв Bottom