Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Член од
21 ноември 2010
Мислења
13
Поени од реакции
2
За жал до тогаш тикви нема да се бројат на земјава.
Ќе настане масовно исчезнување на тикви.
Не знам. Следната година доаѓаат 1 милиони тикви само од Украина, Молдавија и Албанија.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Nikoj ne e patriot u smisla sekoj bara podobri uslovi za zivot i skopje e tuka pokraj reka oti imalo kakvi takvi uslovi i u pustinite gradovite se vo oazite, znaci mora da ima uslovi za zivot posle se e nadogradba.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Навистина не знаев каде да ја отворам оваа тема па решив овде, за да сите можат да ги искажат своите мислења и филозофии околу патриотизмот.

Да започнам со моето мислење, според мене патриотизмот е зло, патриотизмот е вирус зошто им дава на луѓето неточни идеи и ја качува државата на пиедестал на кој таа не заслужува да биде. Јас сум сведок и верувајте не сакам да генерализирам ама секој патриот кој јас го познавам смета дека неговата држава е нешто посебно и истата е подобра од другите и заслужува одредени права кои другите ги немаат, патриотот Македонец смета дека Албанецот е нижа класа на граѓанин (истото важи и обратно), се случуваат препирки околу тоа дали ние сме антички Македонци или Словени ко да се биде Словен или Татар (омилената навреда на Македонците спрема Бугарите) значи дека ти си некаква нижа класа на човек. Наместо да навлегувам во патетики и да тврдам дека сите треба да се сакаме, да постои само љубов и така натака ќе се задржам на реалноста.

Оваа појава е лоша зошто фашизмот произлегува од национализмот а додека национализмот е син на патриотизмот. Ќе ги земам за пример Американците, иако нивната популација е само 4% од вкупното светско население тие конзумираат 25% од вкупните ресурси. Овие луѓе сметаат дека имаат некакви посебни права за се во животот, од тоа "I'm an American!" ми се лоши. Башка додади тука и религија, кажи "IT'S OUR GOD GIVEN RIGHT!" и оп имаш маса на луѓе кои се спремни да умрат за државата. Илјадници луѓе, голем дел ни криви ни должни, умреа за "слободата" на Американците.

И Ниче има кажано дека убедувањата се поголем непријател на вистината отколку лагата. Лагата лесно може да се разобличи со пар докази но убедувањата остануваат непомрднати и ако планини од докази и аргументи се презентирани.

Чувстувам дека темава може да се сведе на обични плукања и навреди па бии презентирал неколку поенти зошто мислам дека патриотизмот е лоша појава (некои се превземени некои не).

- Патриотизмот се користи за контрола на народот. (Hello captain Obvious)

- Патриотизмот се стреми кон наметнување на своите морали и сфаќања на други луѓе.

- Патриотизмот ги охрабрува луѓето да бидат горди на делата и постигнувањата на луѓе со кои тие немаат никаква врска, истите дела на на тие луѓе се спорни. "History is fables agreed upon" Voltaire

- Патриотизмот налага поддржување на владата и државата и кога таа не го заслужува тоа.

- Патриотизмот дели. Секој патриот има свои убедувања во кои тој е сигурен дека се исправни, истите се судираат со убедувањата на било кој друг патриот, секој патриот ја подигнува својата држава на пиедестал кој таа како што реков не го заслужува.

Ако се погледне како се создавале држави и целиот тој процес е формализација по формализација ќе се сфати дека државата не е ништо посебно, сигурно не ствар со која ние би требале да се гордееле, да ја сметаме за света и непогрешлива.
 
T

Tetro

Гостин
Порано знам, еднаш одамна... имаше патриотизам. И се беше бело и убаво и се`.

после долга пауза и летање во облаци и неукост.....

Патриотизам е само зборче, кое има значење некое (минимално на нашите простори).

Сега имаме се` повеќе и повеќе присутен ПАРТИОТИЗАМ (позајмено зборче од пријател кој ќе се пронајде тука).

Политиката навлезе длабоко во сите сфери на живеење, и дава лажна претстава за тоа што некогаш означуваше патриотизам.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Taka e, sekoj patriot smeta deka negovata drzava e nesto posebna i podobra od drugite. Za da ne postoi patriotizam treba da se ukinat drzavite, vo ovaa sostojba ukinuvanje na drzavite bi znacelo totalna anarhija. I jas smetam deka anarhijata ne e dobra alternativa za segasniov sistem, zosto ako edna licnost poddrzuva bezakonie zosto toj smeta deka vo takva sostojba toj bi go zadrzal svojot integritet i ne bi ograbuval, ubival i siluval istiot treba da razmisli dali i drugite bi sledele odreden moralen kodeks. Dovolno e samo mal procent da resi sprotivno za da toa vlijae na site. Denesniot covek seuste e divjak do nekoj stepen. A drzavata e zlo, nema negiranje, ama drzavata e nuzno zlo a patriotizmot e eden vid na nus-pojava. Sepak podobra alternativa ne gledam osven postepeno podobruvanje na sistemot.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.741
Поени од реакции
22.919
Дефиниција од лично искуство, ама за национализам. Национализмот е тешко излечива болест.(прво мислев дека е неизлечива)
Патриотизмот, според мене, е поразлично од национализмот. Сепак, индивидуално е, што секој сфаќа под патриотизам. Јас донекаде може да се рече дека сум патриот, затоа што сакам добри работи за мојата земја, сакам мојата земја да напредува и просперира, ама сакам добро и за цел свет. А, национализмот е според мене, кога сакаш се најдобро за твојата земја, но и најлошо за останатите.
Тоа е мое размислување, може е и далеку од реалното.
 
M

Moon Child

Гостин
Мислам дека имам читано некаде на форумов иста или слична тема, заклучена ... А и оваа мислам дека нема да има долг живот, зашто веднаш ќе се замешаат тие исполитизираните да не просветлат. Јас би кажала горе-долу исто како Watchlist, да не се повторувам :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
75
Поени од реакции
17
Се сложувам со тебе до некој степен. Може да се каже дека од патриотизмот, понекогаш произлегува расизмот.

Но не сакам да генерализирам, бидејќи постојат различни "видови" на патриоти. Ги има тие што си ја сакаат државата и на пр. каде и да отидат во светот, нивната држава им е на прво место и горди се на неа и своето потекло.

Но ги има и таквите кои се сметаат за посебна класа/раса на луѓе и другите нации(посебно оние соседните) се нижа класа, како што кажа ти погоре. Исто како и нив, и ти не треба да генерализираш за сите патриоти.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Дефиниција од лично искуство, ама за национализам. Национализмот е тешко излечива болест.(прво мислев дека е неизлечива)
Патриотизмот, според мене, е поразлично од национализмот. Сепак, индивидуално е, што секој сфаќа под патриотизам. Јас донекаде може да се рече дека сум патриот, затоа што сакам добри работи за мојата земја, сакам мојата земја да напредува и просперира, ама сакам добро и за цел свет. А, национализмот е според мене, кога сакаш се најдобро за твојата земја, но и најлошо за останатите.
Тоа е мое размислување, може е и далеку од реалното.
Без да звучам лигаво и јас посакувам добри работи за целиот свет, напредок во секое поле и поголеми слободи. Патриотизмот според мене ограничува дури и би ја поистоветил со религија, (иако воопшто не сакам ова да се претвори во дискусија за религии) секој мисли дека неговата религија е правилна а другите се грешни ист е случајот и со патриотизмот. И толку е, нема мрдање, тука сликата за патриотизам е пореметена и навистина како што watchlist кажа повеќе е партиотизам и иако линијата меѓу патриотизам и национализам е тенка сепак ќе продолжам со пишување.

Македонецот патриот ајде ќе го наречам така наместо националист смета дека има неоспорливо право на Пиринска и Егејска Македонија, Македонецот патриот смета дека Бугарот и Албанецот се нижа класа на граѓани а Гркот се обидува да ни ја украде нашата ценета историја. Од друга страна Албанецот патриот чувствува дека дел од Западна Македонија е всушност Албанија и дека Македонецот е тој што е нижа класа, Гркот смета дека Македонецот е беден никаков човек најниска класа на граѓанин кој се обидува да украде од историјата и територијата на неговата ценета држава, додека Бугарот... Well you get the point. И кој е во право? И после зошто сите се мразиме меѓу себе. И не само тука туку секаде во светот е така, секој си мисли дека неговата држава има некое неоспорливо право кое другите не го заслужуваат.

Ах да можам да ја преименам темава во "Патриотизам и Национализам"
--- надополнето: Jun 22, 2011 2:05 AM ---
Се сложувам со тебе до некој степен. Може да се каже дека од патриотизмот, понекогаш произлегува расизмот.

Но не сакам да генерализирам, бидејќи постојат различни "видови" на патриоти. Ги има тие што си ја сакаат државата и на пр. каде и да отидат во светот, нивната држава им е на прво место и горди се на неа и своето потекло.

Но ги има и таквите кои се сметаат за посебна класа/раса на луѓе и другите нации(посебно оние соседните) се нижа класа, како што кажа ти погоре. Исто како и нив, и ти не треба да генерализираш за сите патриоти.
Последниве повеќе се класификуваат како патриот/националист. А сметам дека линијата меѓу патриотизмот и национализмот е доста тенка.
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
Имам напишано еден текст со наслов „Национализам и Патриотизам: Совршени идеологии за слабите луѓе“

  • Национализам
Идеологијата што завршува на изам најчесто го губи своето значење заради своите комплексни содржини, и лубрикативни срања кои само ја прекриваат вистинската смисла на %измот. Критиката не е секогаш толку добредојдена кога се зборува за овие таканаречени политички, економски или пак филозофски идеологии. Денеска ќе прочитате за национализмот, патриотизмот и нешто за фашизмот, а.к.а. екстремна десница. Овие идеологии се стремат за „еднаквост“ помеѓу „луѓето“ кои потекнуваат од исто општество и од исто географско тло. Можеби се слични по ДНК, али тоа ќе биде инцест! Ајде, незнаете дека сте браќа и сестри, ќе ви простиме. Националистите најчесто се луѓе со психички пореметувања, или пак тешки влијанија од други луѓе кои припаѓаат кон истата идеологија. Зашто луѓето се внесуваат толку лесно кон оваа не-хумана и не-човечка идеологија? Причината е патриотизмот, за кој ќе можете да го прочитате и моето мислење за него. Додека порано оваа идеологија оставила белег - Нацистичка Германија, денешните белези се физички и вербални малтретирања на поединци, или група граѓани од некоја национална припадност. Најчесто денешните националисти не се стремат само кон националноста на личностите, туку и нивната религија, и слично. Многу слично со расизмот, но дали е исто? Не е. Воопшто не е. Расист е македонец кој што мрази кинези. Прашањето за како дошла оваа националистичка идеологија и кај нас, неможе да се одговори, бидејќи нема некој точен одговор. Секако голем удел има обидот на социјалистичкото уредување од поранешна федеративна Југославија, но дури и кога национализмот бил на најниско ниво, тој постоел. Можеби е болест - да сакаш некоја нација, бидејќи националностите и нациите се измислени од општеството, кое националистите се стремат да го игнорираат на некој начин. Националностите се само имиња на група граѓани, и ништо повеќе. Каква е таа љубов која што човекот ја манифестира кон овие националности?


  • Патриотизам
Патриотизмот преставува љубов кон некоја држава. За жал денеска многу често се меша со национализмот, а повеќето самопрокламирани ПАТРИОТИ се поточно НАЦИОНАЛИСТИ! Мразат туѓинци во својата држава, па и тие сакаат малце инцест да прават... Љубовта на човекот, после толку хемиски нарушувања на природата, и измени на човековата психа од толку разни вештачки продукти, што пред неколку стотици години луѓето можеле да не наречат нас денешниците вонземјани со пореметени размислувања за реалноста, и како работите стојат. Наместо луѓето да го сакаат целиот свет, без граници, без националности, и било какви други ограничувања, тие се вртат НА СЕКОЕ МОЖНО ограничување што постои. Дали е тоа од религиска точка, или пак оваа што ја дискутирав сега... Денеска срамота е да се поздравиш со ром, а не па да се дружиш со еден. Едноставно луѓето се премногу затворени. Не сите... али ете ја идеологијата, поточно идеологиите на еден слаб човек!
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Политиката навлезе длабоко во сите сфери на живеење, и дава лажна претстава за тоа што некогаш означуваше патриотизам.
Политичарите го измислија патриотизмот за да не го плаќаат топовското месо кое се бори за да они бидат побогати од пред тоа .

И да е политика тоа.By the politicians , for the politicians
 

Kajgana Shop

На врв Bottom