Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.076
Поени од реакции
11.341
Ој нонен, за ова ли се бореше..

Прегледај го приврзокот 262372
Ау, Аце се разочарал. Заебано.

Некој да појде да го орасположи со Рока мандољин? Ќе попукате со шмајзер малку за забава.

Опасно е кај овие шо се шкизо кога се разочарани знаат беља да направат
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Одлично резонираш и во целост се согласувам со тебе. Одлично си ја проценил ситуацијата, поготово за проширувањето на ЕУ.

Денес во ЕУ сликата, финансиите, ковид/мигранти/кризи е тотално различна од пред 2003/2004 година. Тотално. Десницата скоро секаде зема замав а на нивните гласачи апсолутно не им чуе за некакво проширување, па човече Британија излезе од унијата нешто што само изгледаше како sci-fi филм.

Реално унијата си ги прибра католичките земји внатре со пар православни (кои пази, го имаат католичкиот календар, хаха) и тоа е тоа. Како што рече Макрон, може да има евентуално некое партнерство со одредени земји, ама нови членки, нема.

Ги пропуштивме сите возови бидејќи не решивме ниеден внатрешен проблем, идиоти и имбецили сакаа да веруваат дека со смената на името магично ќе си ја решиме надворешната слика и патот до ЕУ ќе се отвори, ама доџи јуче. Јас сум апсолутно, гарантирано, 100 процентно убеден дека за нас во ЕУ место нема. Не поради што сме полоши од бугари/романци, туку дека нашиот воз замина и ЕУ нема никаква корист од нас, поготово не со новиот политички систем кој Заев го инсталира а се вика Северна Босна и Херцеговина
Доста возови ние испуштивме овие три децении. Реално ги имавме сите предиспозиции да бидеме една интересна романтичарска приказна, со оглед на нашата бурна историја.

Ме иритира едино кога за нашите погрешни одлуки некој ќе улета и ќе рече тоа е, виша сила. Има далеку позаглавени држави кои што пркосат, се борат да опстанат, кај нас просто не гледам ниту една линија на отпор.

За името се преговараше со децении, буквално сите влади од почетокот беа инкримирани во процесот. Најиритантен е договорот, содржината за која што никој не зборува, освен Апасиев кој што повеќепати ја образложи и ја оквалификува како капитулантска, што и навистина е. Му нашкрабале таму некој договор, овие го потпишуваат и велат, виша сила. Па каде е дипломатијата како инструмент. Ерга омнес решение е ултимативна капитулација по сите основи. Брусаме шахти со сонцето од Вергина, добар бил договорот, не можело подобро.
Не можеме да погодиме тајминг. Едно време не рамнеа со Хрватска во преговарачки процес за пристап во ЕУ. 2008 бан за НАТО, 2013 Хрватска во ЕУ, ние немаме уште преговори почнато.
Буквално три децении катастрофални внатрешни и надворешни политики, никаква долгорочна цел, стратегија и еве сме сега 2020 на праг на капитулација, економска и национална.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.116
Поени од реакции
83.688

мислам дека сепак и покрај се, океј е
(пошто цело време истите луѓе ги гласаме)
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
мислам дека сепак и покрај се, океј е
(пошто цело време истите луѓе ги гласаме)
Сега гласал не гласал исто ти доаѓа. Заврши таа гласачка еуфорија која што почна во деведесеттите и својот пик го достигна кога Миле буричкаше во вреќите, гласаа умрени и жители на Центар од Пустец. Ни здосади од "демократија".
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
323
Поени од реакции
279
СДС+АА+АА+Дпа+2 Џинго+ГРОм+Стоилковиќ..
Нова влада...
Дуи out
 
Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
СДС+АА+АА+Дпа+2 Џинго+ГРОм+Стоилковиќ..
Нова влада...
Дуи out
Весела Математика тие тоа, али ајде да видиме се си мислам, дека накрајот на денот пак ќе умеша прсти странски фактор, како и секогаш, па ќе има некоја широка влада, но да почекаме да видиме на крајот што ќе се деси...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.453
Поени од реакции
18.455
СДС+АА+АА+Дпа+2 Џинго+ГРОм+Стоилковиќ..
Нова влада...
Дуи out
Wow, ако е вистина некој од ДПМНЕ ќе си касни од мадето оти не прифатил XXX.XXX еур :D
А најверојатно и од ДУИ

Само јас сакам Ахмети да владее, уште не му е доста на Албанците.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ве читам Албанците барале Премиер, Гувернер, Внатрешни, Одбрана, Скопје градоначалник. Абе тие ја добија цела држава уште пред 19 г. кога нашиве изроди капитулираа. Албанците ги бараат сите важни функции за да покажат отворено кој е газда во државава. Двојазичност во Берово има логика? Абе не гледате Мицко како му се лижи на Ахмети за правење влада. Заев веќе го видовме.
Клет и поделен народ отсекогаш сме биле.
Добар дел од народот к ги боли и за име, химна ,знаме, нација, загадување, лоши патишта, африканско здравство... битно платичката од државата да дојде на први и со ваучер да тркниме до Охрид.

Епа со такви едноклеточни суштества држава не се прави.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.445
Поени од реакции
9.128

@Avenger99 што мислење имаш во врска со постов на солид, може ли држава да се прави со едноклеточни суштества ко тебе ?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Добро а сте се прашале зошто е главно мотото "Учи за да не работиш?". Зошто во социјализмот ова мото не било главно? Па затоа што немало газди крвопијци. Ок има газди секоја им чест, ама многумина гледаат само да го искористат работникот. И ве молам некој спомна Германија и Јапонија, не само менталитетот и државата им е спејс шатл за нашава вукојебина.
Мотото -Учи за да не работиш настанало во предходниот систем.Значи земаш диплома се вработуваш како службеник во државна фирма пошто тогаш сите беа државни.И така секој ден главна работна обврска ти е локање кафиња по канцеларии се до пензија.Ова го кажуваат љуге кои работеле во огромни социјалистички фабрики каде администрацијата била огромна.Во приватна фирма нема шанси да видиш толку обемна и непотребна администрација.Ова важи за странски фирми,нашите не се вредни за споменување пошто работат по феудални принципи.
 
Последно уредено:

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.445
Поени од реакции
9.128
Ко ќе ги чистиш клозетите во Австралија, ти текнува ли на Македонија?
ти да чистиш клозети,јас ни сум чистел ни ќе чистам, ...патем нема Македонија да ми текнува, таа е во Грчка ако не знаеше, можеш и да прогуглаш, за толку си барем писмен за да не тресиш зелени следниот пат.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Амбасадорката на САД вчера го честита доделувањето на мандатот на Заев, а од друга страна никој не појде на средбата на ДУИ. Што значи американците се за Влада на Заев, а дали ја спречиле средбата помеѓу лидерите на албанските партии за да е покомотен наспрема ДУИ или се само политички пречкања помеѓу партиите ќе видиме во наредните 10-тина дена.
Интересен е односот на ДУИ со оваа администрација на САД. Очигледно е дека не ги поддржуваат баш, а и германците го викнаа ,,како сведок" во Хаг. Што точно се случува зад кулисите моментално нема да дознаеме, но вака гледано има некое си разидување.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.076
Поени од реакции
11.341
Мотото -Учи за да не работиш настанало во предходниот систем.Значи земаш диплома се вработуваш како службеник во државна фирма пошто тогаш сите беа државни.И така секој ден главна работна обврска ти е локање кафиња по канцеларии се до пензија.Ова го кажуваат љуге кои работеле во огромни социјалистички фабрики каде администрацијата била огромна.Во приватна фирма нема шанси да видиш толку обемна и непотребна администрација.Ова важи за странски фирми,нашите не се вредни за споменување пошто работат по феудални принципи.
Абе луѓе од село или шо живееа во град ама имаа полиња/земјиште со некоја култура, си ги работеа полињата а на работа одеа да се одморат, е толку беше тешка и продуктивна работата на пролетерите.

Скоро секој портир, чувар беше ваков работник и многу други, а да не ти спомнам дека секоја фирма си имаше кафекуварка како кадар и тоа не една :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom