Па не верувам дека ради короната излезеноста била едвај 51%. Луѓето комотно си излегуваат и си се шетаат и си одат по гости и по кафичи и кафани (ако сакал некој од дома да излезе и да оди и да гласа ќе го направел тоа). Кога ќе видиш дека доста од народот се врати Март-Април и остана овде затоа што не може да се врати да работи низ Европа, плус границите затворени и нема одмор, одзивот е доста мал. Нема доверба, ниту во системот ниту во големите партии.
Инаку на ВМРО-ДПМНЕ му е океј вака. Не мораат да се справуваат со корона (со нов бран, па и евентуално доаѓање на нов вирус од Кина), со економска криза и евентуална рецесија, со дебилни договори со Бугарија, или пак да се пазарат истовремено со две албански партии. А изгубија затоа што освен два-тројца, се останато е башибозук со нехаризматични телиња, со безвезе спотови без никаква програма, со тоа што не се оградија од Груевски и сите претходни криминалии, со никаков изграден став во врска со промената на името и ред други (други тука пишаа за тоа). За СДСМ си гласаа оние што си бркаа интереси во нивна корист - нормално програма никаква и без никакви национални интереси. А интересно е како и двете партии успеаја да добијат помалку пратеници од последните избори - а и тие им се многу.