Иако не сум се капел во Паралија ,сум бил само на шетање,сликата со водата не е таква како што изгледа првично.Тоа што водата изгледа матна не е нечиста,туку тоа се должи на тоа што зрната од песката се многу ситни и лесни,и најмал бран ги дига во вода или пак при влегување на поголем прој на луѓе.
Истото би се случило и било каде во светот каде песката е многу ситна.Значи водата е заматена од песката а не од нечистотијата(која и ја има нормално кога има поголем прој на луѓе).
За споредба водата во Ксамил никогаш не е матна бидејќи песката што е таму ставена е мермерна,а мермерот е многу потежок( и тоа многу) од обичната песка и лесно се таложи на дното