Кога зборуваме за димензии, треба да се лишиме од математичко- геометриска перспектива за нив.
Сепак не знам дали терминот димензии е соодветен, се употребуваат и други термини: дензитет, (астрална) рамнина, временско-просторен континуум и сл.
Времето е илузија. не постои. Кога се работи за димензии, се мисли на други космички нивоа на свесност. Друг временско-просторен континуум. Ако некој се запознал со нешто од нешто во врска со хипердимензионална физика и хипердимензионална динамика ќе знае за што зборувам. Сега сме во трет степен на димензионална Свесност. Кога ќе влеземе во четвртиот, ќе има и нови закони на природата и физиката тотално различни од тие на кои сме навикнати тука. Имено, од 23 Март 1994 формиран е нов 12ти степен на таков континуум.
Религиозните веруваат во бог, и преминот од 12ти континуум кон следното нешто (ако стигнеме некогаш до таму) би го сфатиле како спојување со Бога.
Нерелигиозните луѓе и физичари сметаат дека тогаш ќе се споиме со примордијалната енергија која го создала Мултиверзумот, или Биг Бенг. Дека неговиот ефект го создал универзумите но дека се уште е активен на 12тиот степен на Свесност и Постоење.
Луѓе како мене веруваат дека Мултиверзумот претставува начин на изразување и само-искусување на Универзалната Свесност. Треба да за заглибувам во разни филозофии за кои ако некој не сфати, ќе објаснам малку подоцна.
Кога се работи за паралелни димензии и универзуми, нивната бројка е скоро бесконечна, и се сместени во хоризонтална егзистенција, да не ме сфатите буквално кога викам хоризонтална. Во смисла на постоење тие се "странични" а степените на Постоење и Свесност се "вертикални". Вертикални, во смисла, колку повеќе се развиваш, толку поблиску си до Изворот на Свеста.
Ај понатаму ќе додадам и материјал за Портали, Ѕвездени Порти (НЕ! Не тие од филмот!

) и Црвоточини, и многу други работи кои мислам дека супер би се поврзале со темава бидејќи обработуваат таква тематика.
Ако е дозволено би вметнал нешто и за временски патувања.
Одличен пост. Скоро точен. Дежа вуто претставува самореализација дека ти (како и сите други) си мултидимензионално битие. Таа самореализација не потекнува од тебе, туку од сите други "ти", ако можеш да го завиткаш умот околу таква претстава.
Кога едно твое "јас" доаѓа до таква само-реализација, искуството говори дека постоењето се интерконектира помеѓу сите паралелни димензии. Затоа чувството е така .... познато, од недостаток од друг термин. Се препознаваш сам себе.
Кога ти, свесно, искусиш само-реализација за твојата мултидимензинална природа тогаш ќе имаш дежа ву од скоро бесконечен размер. Можеш да си го замислиш тоа? Едноставно цело време додека постоиш да имаш такво чувство, се ќе то биде познато, на се ќе се сетиш, и се ќе знаеш (барем така ќе се чувствуваш). Секое ново дежа ву што го искусуваш, значи уште еден ти, станува свесен за својата мултидимензионалност.
Јас до сега сум имал 57 дежа ву. Барем од кога почнав да ги бројам :wink:
Вие?
Дај, бидете сериозни, како може човекот да ти даде ДОКАЗИ и ФАКТИ на форум ... Во Македонија!
Имаш интернет, нека не те мрзи, оди најди си ги фактите. Таму стојат за луѓето да ги прочитаат. А не да им се сервираат на сребрена чинија.