Паралелен/повеќедимензионален свет/универзум(и)

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување

Дали верувате Дека постои друга димензија паралелна на нашата?

  • да

    Гласови: 172 74,8%
  • не

    Гласови: 58 25,2%

  • Вкупно гласачи
    230
.................мој цитат од претходно....
Од математички аспект, не постои никаков проблем. Си има колку сакаш димензии на хартија, си постои риманова геометрија, нема што нема. Од страна на физиката посложено изгледаат работите, али еј, секогаш било така
Не знам како се замислува патување помеѓу две димензии. Можеби најблиску што јас можам да се сетам е теоријата на Хокинг за масивни црни дупки кои успеваат да го затворат просторот околу себе и создадат сопствен универзум. Значи некој кој ќе биде вовлечен во ваква дупка, нема да го види светлото на крајот од неа, дали затоа што ќе треба време да се формираат ѕвезди и останато (биг бенг), или нешто друго,но ќе биде со утеха дека неговите молекули ќе бидат, еве во друга димензија.
Се се сведува на тоа дека муабетот со димензиите е релативен, ние луѓето се обидуваме некако да ги објасниме и ставиме во ред работите. Далеку сме од тоа да го разбереме начинот на кој универзумот функционира. некои работи се едноставно пресложни за нас. Али и зошто да се мачиме со тоа? има толку убави работи и во овие 3,4 димензии кои ни се познати.
..........................

Нема такво нешто како паралелни светови, особено не во смисол на она кое го гледаме на слајдерс, концептот за рај и пекол и слични популарни сф теории.
Има и научни шпекулации, во некои од теориите се пројавува и можноста за постоење на вакво нешто, но истите се далеку од некакви докази.
Идеата е интересна, но прилично неиздржана, со оглед на тоа дека не постои ништо кое барем и малку би ја оправдало.
 
.
Значи некој кој ќе биде вовлечен во ваква дупка, нема да го види светлото на крајот од неа, дали затоа што ќе треба време да се формираат ѕвезди и останато (биг бенг), или нешто друго,но ќе биде со утеха дека неговите молекули ќе бидат, еве во друга димензија.
Се се сведува на тоа дека муабетот со димензиите е релативен, ние луѓето се обидуваме некако да ги објасниме и ставиме во ред работите. Далеку сме од тоа да го разбереме начинот на кој универзумот функционира. некои работи се едноставно пресложни за нас. Али и зошто да се мачиме со тоа? има толку убави работи и во овие 3,4 димензии кои ни се познати.
..........................
.

svetloto od crnata dupka nema da go vidime bidejki ke bide na horizontot na nastanite odnosno event horizont isto taka crnite dupkine mozat da stanat zvezdi no imas super mislenje za paralelna dimenzija...ima nesto objasneto ovde:salut::salut: ja razgleav temata dobra e


http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=41072
 
na nekoi dimenzii ima ponapredni luge taka?pa zosto nema patnici niz dimenziite.da postoese ke se pojavea
 
Дали живееме во повеќедимензионален Универзум?

Во теорија, физичарите ни ја донесоа идејата дека нашиот Универзум не е единствената „игра во градот“. Сателитските слики од сондата WMAP, заедно со теоријата на струни и нејзината 11 димензионална хипервселенска идеја, го создадоа концептот на повеќедимензионален Универзум, според кој Големиот Прасок (т.е. Биг Бенгот) можеби создал повеќе различни Универзуми, а не еден. Оваа идеја се појави неодамна и само прашање на време е кога некој ќе запраша колку верзии на Универзумот постојат.

Андреј Линде (Andrei Linde) и Виталиј Ванчурин (Vitaly Vanchurin), од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, направиле неколку пресметки, стартувајќи со идејата дека Големиот Прасок бил квантен процес, кој создал квантни флуктуации во раните фази на Универзумот. Подоцна, Универзумот влегол во период на силен раст, наречен инфлација, период во кој овие нарушувања биле „замрзнати“, и на тој начин се создале почетните класични услови во различни делови на вселената. Бидејќи секој од овие региони би имал различни нискоенергетски физички закони, тие би можеле да бидат сметани за различни Универзуми.

Можно е Големиот Прасок да создал не еден, туку многу повеќе Универзуми. За поголема резолуција, кликни на фотографијата

Линде и Ванчурин пресметале колку различни универзуми би можеле да се појават како резултат на овој ефект. Нивниот одговор е дека тој број мора да биде пропорционален со ефектот кој ги предизвикал нарушувањата, т.е. со процесот наречен „бавна инфлација“ (slow-roll inflation). Линде ја дефинирал бавната инфлација кога одговарал на проблемот на „меурчињата“ на Универзумот, кои се судираат во раната фаза на инфлацијата. Според овој модел, ширењето на Универзумот се појавува со скаларно свиткување надолу на потенцијално голема енергија. Кога ова поле се свиткува многу бавно, во споредба со ширењето на Универзумот, се јавува инфлацијата, а судирите речиси исчезнуваат.

Според Линде и Ванчурин, бројот на универзуми изнесува 10^10^10^7 - огромен број! Следното прашање е: „Колку универзуми би можеле да видиме?“ Во овој случај, тие се повикуваат на ограничувањето на Бекенштејн (Bekenstein Limit), според кое својствата на набљудувачот стануваат важен фактор, заради ограниченото количество на информации кои може да бидат содржени во даден волумен на Вселената и ограниченоста на човековиот мозок.

Multiverse.gif
Вкупната количина на информации која може да биде апсорбирана од една личност во нејзиниот живот изнесува 10^16 бити. Значи, еден типичен човечки мозок може да има 10^10^16 конфигурациии, и нема да може да разликува поголем број на универзуми од овој број. Вкупниот број на прифатливи можности на било кој набљудувач е ограничен, не само од ентропијата на првобитните метрички нарушувања, создадени од инфлацијата и од големината на космичкиот хоризонт, туку и од бројот на степени на слобода на набљудувачот.



Па живееме ли?
 
Не верувам во тоа, ама стварно е добра тема за размислување..
 
Интердимензионално патување е всушност преминување во фајв ди простор. Ако 4та димензија е време и просторот, 5тата би била димензиите. А да постот. Мислам, некако и логично е. Во нашата историја има многу работи кои за малце би го измениле светот како што го знаеме. Што ако римската империја не пропадна? Или Александар не беше убиен? Или ако Колумбо не стигна до Америка? Како би изгледал светот денес? Во паралените димензии на оваа, "се е исто ама не е" Гет ит?

Кога зборуваме за димензии, треба да се лишиме од математичко- геометриска перспектива за нив.

Сепак не знам дали терминот димензии е соодветен, се употребуваат и други термини: дензитет, (астрална) рамнина, временско-просторен континуум и сл.

Времето е илузија. не постои. Кога се работи за димензии, се мисли на други космички нивоа на свесност. Друг временско-просторен континуум. Ако некој се запознал со нешто од нешто во врска со хипердимензионална физика и хипердимензионална динамика ќе знае за што зборувам. Сега сме во трет степен на димензионална Свесност. Кога ќе влеземе во четвртиот, ќе има и нови закони на природата и физиката тотално различни од тие на кои сме навикнати тука. Имено, од 23 Март 1994 формиран е нов 12ти степен на таков континуум.

Религиозните веруваат во бог, и преминот од 12ти континуум кон следното нешто (ако стигнеме некогаш до таму) би го сфатиле како спојување со Бога.

Нерелигиозните луѓе и физичари сметаат дека тогаш ќе се споиме со примордијалната енергија која го создала Мултиверзумот, или Биг Бенг. Дека неговиот ефект го создал универзумите но дека се уште е активен на 12тиот степен на Свесност и Постоење.

Луѓе како мене веруваат дека Мултиверзумот претставува начин на изразување и само-искусување на Универзалната Свесност. Треба да за заглибувам во разни филозофии за кои ако некој не сфати, ќе објаснам малку подоцна.

Кога се работи за паралелни димензии и универзуми, нивната бројка е скоро бесконечна, и се сместени во хоризонтална егзистенција, да не ме сфатите буквално кога викам хоризонтална. Во смисла на постоење тие се "странични" а степените на Постоење и Свесност се "вертикални". Вертикални, во смисла, колку повеќе се развиваш, толку поблиску си до Изворот на Свеста.

Ај понатаму ќе додадам и материјал за Портали, Ѕвездени Порти (НЕ! Не тие од филмот! :tapp:) и Црвоточини, и многу други работи кои мислам дека супер би се поврзале со темава бидејќи обработуваат таква тематика.

Ако е дозволено би вметнал нешто и за временски патувања.

Znaci na primer...moe veruvanje e deka Deza-Vu-to sto se slucuva bi mozelo da bide secenje vo edna tocka pomegu nasiot svet i nekoj paralelen univerzum. veruvam deka postoi paralelen svet bidejki vremeto i prostorot ne se zaebancija. kako sto postojat milioni i milioni svetovi i planeti a ne sme samo nie vo univerzumot taka postojat i milioni i milioni drugi paralelni svetovi na nasiot.

Одличен пост. Скоро точен. Дежа вуто претставува самореализација дека ти (како и сите други) си мултидимензионално битие. Таа самореализација не потекнува од тебе, туку од сите други "ти", ако можеш да го завиткаш умот околу таква претстава.

Кога едно твое "јас" доаѓа до таква само-реализација, искуството говори дека постоењето се интерконектира помеѓу сите паралелни димензии. Затоа чувството е така .... познато, од недостаток од друг термин. Се препознаваш сам себе.

Кога ти, свесно, искусиш само-реализација за твојата мултидимензинална природа тогаш ќе имаш дежа ву од скоро бесконечен размер. Можеш да си го замислиш тоа? Едноставно цело време додека постоиш да имаш такво чувство, се ќе то биде познато, на се ќе се сетиш, и се ќе знаеш (барем така ќе се чувствуваш). Секое ново дежа ву што го искусуваш, значи уште еден ти, станува свесен за својата мултидимензионалност.

Јас до сега сум имал 57 дежа ву. Барем од кога почнав да ги бројам :wink:

Вие?

А ти од каде знаеш па дека е реално? Имаш некој доказ или само бладаш?
Факти Торчо, дај факти. Не фикција. Фикцијата ќе остане само фикција.

Дај, бидете сериозни, како може човекот да ти даде ДОКАЗИ и ФАКТИ на форум ... Во Македонија!

Имаш интернет, нека не те мрзи, оди најди си ги фактите. Таму стојат за луѓето да ги прочитаат. А не да им се сервираат на сребрена чинија.
 
Времето е илузија. не постои.

Многу погрешно!
Времето е најбитната карактеристика - оттука почнува се!

Прво и основно треба да расчистиме со нашиот просторно-временски универзум, па потоа да зборуваме за паралелни универзуми. Друго е паралелен универзум, а сосем друго е нова димензија. Не мешајте ги.
 
Многу погрешно!
Времето е најбитната карактеристика - оттука почнува се!

Прво и основно треба да расчистиме со нашиот просторно-временски универзум, па потоа да зборуваме за паралелни универзуми. Друго е паралелен универзум, а сосем друго е нова димензија. Не мешајте ги.

Јас не ги мешам, ја опишав разликата.

Инаку времето не постои. Постои нулта-временски референтен компас. Телата стареат, и умираат. Но Свесноста останува. Материјата е само уште една форма на енергија. И материјата со умирање се претвора во енергија. Со други зборови, енергијата само си ја сменила својата состојба на постоење. Енергијата не трпи сили како времето. Времето е илузија на физикалноста која ја искусуваме со нашите тела. Времето како димензија не постои. Еден ден ова ќе биде докажано, но сега за сега не мора никој да ми верува.
 
Јас не ги мешам, ја опишав разликата.

Инаку времето не постои. Постои нулта-временски референтен компас. Телата стареат, и умираат. Но Свесноста останува. Материјата е само уште една форма на енергија. И материјата со умирање се претвора во енергија. Со други зборови, енергијата само си ја сменила својата состојба на постоење. Енергијата не трпи сили како времето. Времето е илузија на физикалноста која ја искусуваме со нашите тела. Времето како димензија не постои. Еден ден ова ќе биде докажано, но сега за сега не мора никој да ми верува.

Ама и материјата не трпи сили како времето.
Всушност материјата е друг облик на енергија.

А времето постои, ќе видиме со докажувањето.
 
Дајте да се разработи темава луѓе прекрасна е... Ајде неколку линкови, некоја дискусија околу нешто што е поврзано со темава...
Ајде започни ти. Кажи се што мислиш во врска со ова, па да има за што да се разговара. :)
 
Ајде започни ти. Кажи се што мислиш во врска со ова, па да има за што да се разговара. :)
Може и така... Не го направив тоа на почеток зошто секогаш ми вадат муабети дека се правам паметен преку тоа што пишувам секаде на теми со ваква содржина, демек се знаеш ти...

Иначе се согласувам апсолутно со тие што мислат дека живееме во повеке димензионален свет, само не сум сигурен колку точно се смета дека димензии постојат имам прочитано дека 10 али не гарантирам пошто не беа некој сериозни извори. Се зборува дека на другите планети да ги речам битијата живеат во други димензии и друг облик и затоа не ги гледаме односно затоа нив и не им треба услови за живот како нашиве. Тука исто така наоѓа место и Астралот помалку или повише...
 
Интересна работа... Луѓе под дејства на силни дроги опишувале наводно "халуцинации" односно слични искуства како оние што ги опишуваат луѓето што шетаат низ димензиите и фрекфенциите низ Астралот како основна и најблиска точка на мултидимензионалност. Исто така шаманите ширум светот за секој еден кој ке посака да доживее вон телесно искуство давале некаква супстанција со која може да се оствари полесно тоа бидејќи секој не е спремен за астрално патување во секој момент и кога ке посака тоа процес на вежби и работа а секогаш има такви што сакаат сега и одма. Па и некој проблеми од овој карактер неможат да чекаат решавање преку процес туку мора да се случат сега и одма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom