Ево да го објаснам видеоно за тие шо ги мрзит да потрошет 45 минути или шо не знает англиски.
Прво, се расправат за The Bing bang theory. Не может да објаснет како, зошто се случила експлозијата и какви биле условите веднаш после нејзе. Дали течело времето пред неа и слично.
Па се воведвит The string theory, која е еден вид дополнување за Бинг Бенг. Се водет по мислата дека материјата не е составена од невидливи честици, туку од жици. Во ова теорија постоет 10 димензии.
Имат уш една, Super gravity theory, шо работат со 11 димензии, а единајстата ја замислувет како многу мал дел од милиметар, секако невидлив.
После додавањето на уш една димензија во теоријата на жици, овие две теории се надополнвет (М Theory). Го замислувет универзумов како една мембрана, која не е мазна.
Се разгледвит гравитациона сила, која успеват да ги држит луѓево цврсто на земја, ама сепак е послаба во споредба со другите сили. На пример, лесно мојме да подигниме нешо метално со магнет (магнетна сила).
Зато, се претпоставуват дека гравитационата сила истеквит од универзумов во некој свет паралелен со нашиов, а после и дека дотеквит од тој свет, кој не мојме да го видиме. Значи кај нас се застапени само крајојте на гравитационата сила. После, викет дек овие мембрани пливет во 11-тата димензија, па можно е да се судрет или да се оддалечет една од друга.
Па пак се враќет во ќор сокак, шо ја предизвикало големата експлозија? Така ќе можеле да создает конечна теорија за универзумов. Па се враќет на то дека можда овие мембрани се судриле, па то ја предизвикало големата експлозија и креирало голема маса од која се создале ѕвезди, галаксии и слично. Мембраниве наводно се судирале на различни места во различно време (пошо да доловам момент, се таласале
) и то било причината за раѓањето на универзумов.
Ја објасвет вселенава како составена од многу универзуми, во кој владеет различни закони, и кој се во проширвење, а се „меурчиња кој пловет во еден океан“ и то го побиват фактот дека нашиов универзум е нешто посебно.
Теоријава, лично мене ми е збунувачка.
Ко шо глеав се појќе се заплетквев.
Стварно ги надополнвит недостатоциве на Бинг бенг, која не знајт да одговорит неколку прашања (веќе спомнав, како дошло до момент на експлозија, шо се дешавало пред то, дали течело времето итн.).
Теоријава велит дека имат многу мембрани (паралелни светој), кој постојано се судрувет, и создавет нови и нови универзуми.
Е сеа, дали се сложвите или не, вие одлучвите. :wink: