Паралелен/повеќедимензионален свет/универзум(и)

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување

Дали верувате Дека постои друга димензија паралелна на нашата?

  • да

    Гласови: 172 74,8%
  • не

    Гласови: 58 25,2%

  • Вкупно гласачи
    230
Кога зборуваме за димензии, треба да се лишиме од математичко- геометриска перспектива за нив.

Сепак не знам дали терминот димензии е соодветен, се употребуваат и други термини: дензитет, (астрална) рамнина, временско-просторен континуум и сл.

Времето е илузија. не постои. Кога се работи за димензии, се мисли на други космички нивоа на свесност. Друг временско-просторен континуум. Ако некој се запознал со нешто од нешто во врска со хипердимензионална физика и хипердимензионална динамика ќе знае за што зборувам. Сега сме во трет степен на димензионална Свесност. Кога ќе влеземе во четвртиот, ќе има и нови закони на природата и физиката тотално различни од тие на кои сме навикнати тука. Имено, од 23 Март 1994 формиран е нов 12ти степен на таков континуум.

Религиозните веруваат во бог, и преминот од 12ти континуум кон следното нешто (ако стигнеме некогаш до таму) би го сфатиле како спојување со Бога.

Нерелигиозните луѓе и физичари сметаат дека тогаш ќе се споиме со примордијалната енергија која го создала Мултиверзумот, или Биг Бенг. Дека неговиот ефект го создал универзумите но дека се уште е активен на 12тиот степен на Свесност и Постоење.

Луѓе како мене веруваат дека Мултиверзумот претставува начин на изразување и само-искусување на Универзалната Свесност. Треба да за заглибувам во разни филозофии за кои ако некој не сфати, ќе објаснам малку подоцна.

Кога се работи за паралелни димензии и универзуми, нивната бројка е скоро бесконечна, и се сместени во хоризонтална егзистенција, да не ме сфатите буквално кога викам хоризонтална. Во смисла на постоење тие се "странични" а степените на Постоење и Свесност се "вертикални". Вертикални, во смисла, колку повеќе се развиваш, толку поблиску си до Изворот на Свеста.

Ај понатаму ќе додадам и материјал за Портали, Ѕвездени Порти (НЕ! Не тие од филмот! :tapp:) и Црвоточини, и многу други работи кои мислам дека супер би се поврзале со темава бидејќи обработуваат таква тематика.

Ако е дозволено би вметнал нешто и за временски патувања.



Одличен пост. Скоро точен. Дежа вуто претставува самореализација дека ти (како и сите други) си мултидимензионално битие. Таа самореализација не потекнува од тебе, туку од сите други "ти", ако можеш да го завиткаш умот околу таква претстава.

Кога едно твое "јас" доаѓа до таква само-реализација, искуството говори дека постоењето се интерконектира помеѓу сите паралелни димензии. Затоа чувството е така .... познато, од недостаток од друг термин. Се препознаваш сам себе.

Кога ти, свесно, искусиш само-реализација за твојата мултидимензинална природа тогаш ќе имаш дежа ву од скоро бесконечен размер. Можеш да си го замислиш тоа? Едноставно цело време додека постоиш да имаш такво чувство, се ќе то биде познато, на се ќе се сетиш, и се ќе знаеш (барем така ќе се чувствуваш). Секое ново дежа ву што го искусуваш, значи уште еден ти, станува свесен за својата мултидимензионалност.

Јас до сега сум имал 57 дежа ву. Барем од кога почнав да ги бројам :wink:

Вие?



Дај, бидете сериозни, како може човекот да ти даде ДОКАЗИ и ФАКТИ на форум ... Во Македонија!

Имаш интернет, нека не те мрзи, оди најди си ги фактите. Таму стојат за луѓето да ги прочитаат. А не да им се сервираат на сребрена чинија.
Дежа ву-то е сосема различно од ова што вие го кажувате, постои логично објаснување, не знам како беше заборавив, но нешто во стилот ти си мислиш дека по 2 пат го доживуваш тоа а уствари не е така поради лажење на сетилата поврзани со нервите од мозокот...[DOUBLEPOST=1432288252][/DOUBLEPOST]
Интересна работа... Луѓе под дејства на силни дроги опишувале наводно "халуцинации" односно слични искуства како оние што ги опишуваат луѓето што шетаат низ димензиите и фрекфенциите низ Астралот како основна и најблиска точка на мултидимензионалност. Исто така шаманите ширум светот за секој еден кој ке посака да доживее вон телесно искуство давале некаква супстанција со која може да се оствари полесно тоа бидејќи секој не е спремен за астрално патување во секој момент и кога ке посака тоа процес на вежби и работа а секогаш има такви што сакаат сега и одма. Па и некој проблеми од овој карактер неможат да чекаат решавање преку процес туку мора да се случат сега и одма.
халуцинациите под силни дроги а и општо халуцинациите, всушност се она што мозокот сака да го види или кога не бил под халуцинации подсвесно го мислел и тоа било меморирано од страна на мозокот, и при халуцинација тоа се остварува...
 
Дежа ву-то е сосема различно од ова што вие го кажувате, постои логично објаснување, не знам како беше заборавив, но нешто во стилот ти си мислиш дека по 2 пат го доживуваш тоа а уствари не е така поради лажење на сетилата поврзани со нервите од мозокот...[DOUBLEPOST=1432288252][/DOUBLEPOST]
халуцинациите под силни дроги а и општо халуцинациите, всушност се она што мозокот сака да го види или кога не бил под халуцинации подсвесно го мислел и тоа било меморирано од страна на мозокот, и при халуцинација тоа се остварува...
Наука да :D
 
Дежа ву-то е сосема различно од ова што вие го кажувате, постои логично објаснување, не знам како беше заборавив, но нешто во стилот ти си мислиш дека по 2 пат го доживуваш тоа а уствари не е така поради лажење на сетилата поврзани со нервите од мозокот.....
Нема прецизно објаснување, ама најлогично кое го имам прочитано и дискутирано со повеќе луѓе е предвремена синапса створена по очекувања од досегашни знаења.
Односно, во мозокот во секој момент ти се ствараат куп претпоставки за тоа што би можело да се случи, на што го базираме и поимот „инстинкт“ . Поклопување на претпоставката со реалноста доведува до дежа-ву, давајќи во мозокот слика на веќе видено нешто, нешто „претпоставено“.

Што се однесува до димензиите, тотално плаузибилно ми е да има повеќе димензии кои би опстојувале паралелно или пак тотално неповрзани една со друга.
Не верувам дека постојат 5,10,50, туку мал милион.
Незнам како би си ги претставил, нити што би постоело во истите, но постоењето на црни дупки и таканаречен „крај на универзумот“, ме довело до сопствен заклучок за постоење на повеќе димензии, во форма на битие или случување надвор од нашето разбирање.
Како боја која неможеме да ја замислиме? Е, баш така го разбирам целиот обид за објаснување на димензиите. Тешко е да објасниш нешто што не е наменето да го сфатиш.
 
Последно уредено:
Темата е лудило, ја прочитав во еден здив :) Уште повеќе добива на тежина кога читаш дискусија која се водела пред 10години...ги отепав од лајкови :) тогаш непознат поим на форумов.
Како и да е лично немам познавање за оваа проблематика нит имам аргументи нит контра аргументи, но поради мистичноста сакам да верувам дека има и посојат паралелни или повеќедимензионални универзуми или светови. А за дечките што ја воделе дискусијата во 2005та, сега после Интерстелар каде и сликовито ни беше објаснето, ако се уште членови на форумот нека споделат импресии..:) А и да, по препорака од напишаното ќе почнам да ја читам и книгата ;)
 
Земи прочитај некоја книга.
Океј друже, фала ти пуно на сугестија.
Во последно време одлучив да не се занимавам со овие тематики.
Од искуство знам дека за да дознаеш нешто повеќе околу другите димензии ,
лично сам треба да се увериш , т.е да влезеш во други димензии.
Сум ја имал честа да влезам во некои нивоа кој што не се секојдневни и кој што не се одредени за секој, така да се враќам на втората реченица ; не се занимавам со другите димензии така што немам потреба сега да читам некоја книга околу ова.
Унаку да, имам доста чистано на оваа тема, книги. :)
 
Паралелен свет мислам дека постои, а и можно е. А тоа дека постојат и наши паралелни дупликати некако не ми е верно..хах.
Што знам..
 
Имам читано дека научниците веруваат во Големата експлозија (Биг бенг) пред 14 милијарди години дека таа создалала два универзуми: едниот бил огледален одраз на другиот. А научниците кои го спровеле истражувањето тврдат дека ако во нашиот универзум времето оди нанапред, во другиот универзум се движи наназад(во спротивна насока).
Др. Џулијан Барбур објавил дека концептот за времето и понатаму останува мистерија,сите познати закони на физиката се исти без разлика на протокот на времето, а живееме во свет во кој се се движи во една насока. Универзумот се шири, ние старееме…Се изгледа како да расте, иако тоа е само од наша перспектива.
 
Паралелен свет мислам дека постои, а и можно е. А тоа дека постојат и наши паралелни дупликати некако не ми е верно..хах.
Што знам..
A онда што подразбираш ти под паралелен свет? Да има, а да не е?
 
A онда што подразбираш ти под паралелен свет? Да има, а да не е?
До сега мислев дека паралелен свет е свет во др. димензија, свет кој што се одвива но ние не можеме да видиме. Вака мислев додека не го прочитав постот на Turtle кој што мислам дека е пологичен... Ама ипакк пак не можам да најдам објаснување на кое ќе верувам
.....
 
До сега мислев дека паралелен свет е свет во др. димензија, свет кој што се одвива но ние не можеме да видиме. Вака мислев додека не го прочитав постот на Turtle кој што мислам дека е пологичен... Ама ипакк пак не можам да најдам објаснување на кое ќе верувам
.....
мислам дека не се доискажа или грешка нмв... Значи немоеш као ти што кажуваш паралелен свет има копии нема.Чим е параллен свет мора да има копии,ако нема не е...да биде земјава а на неа да има незз у пм нешто, капираш ? мислам дека така би требало да дојде.
 
Сега не знам колку е точно тоа што го напишала Turtle, ама мислам дека логично е тоа дека паралелниот свет е некакво ,,огледало" на она што го живееме ние...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom