Моментот кога Стефи ќе ти пише СМС за на Фолтин, потоа ќе прочиташ дека и Стефан.ХејтасОлл и Рокенрола ќе идат, а ти си утре на работа прва смена

Туку... фотографии од мене, утре. Сега немам време ни енергија да средувам 1000 и кусур фотографии.
Бидејќи завршив со Пиволендов и веќе средувам впечатоци, да пишам дека DJ Славе е поголем и од Кирил и од сите останати македонски диџеи. На мојата скала на диџеи на прво место слушани диџеи се божествата Дилинџа, Дино Псарас, Фетбој Слим. Потоа идеме второ место извонредни диџеи како Таламаска, СЛАВЕ, Томкрафт, Фанкермен, Шај еФ-иКС... па праааазен простор па идат останати диџеи.
Гледано како фестивал, лош обид да се згужва се на едно место. Фалеше џез стејџ, фалеше WTF стејџ. Тезгите со ракотворбите беа на премин и многу гужва имаше таму. Помалку пива, и помалку пива.. догодина повеќе пива ќе има кај мене у селската продавница отколку на Пиволенд.
Темов изгледа кур го боли за фестивалот, само да збере пари.
Пофалба за Пасворд продакшн кои сепак склопија фина музичка програма.
Пред фестивалов читав хејтови од еден куп луѓе дека нема да дојдат, па сепак видов еден куп драги луѓе кои ѕенѕаа на двата подиуми. Ја направив најеротичната фотографија на фестивалов, ама девојките што се на неа не сакаат публицитет, така да љубоморно ќе ја чувам во мојот компјутер.