ПИВОЛЕНД 2011, СЦ Борис Трајковски - 31.8 до 04.9.2011

Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
вчера отидов за ареа и додека ги чекав мн се досадував али коа дојдоа ептен ми направија мерак и единствена работа што ми се свиѓаше на пиволендов, посебно мерак ми направија со комбинацијата на stairway to heaven и нормално после ареа го фатив последниот ауТобус :noze:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Апла панаѓур го направија оваа година...безвезе во секој случај.
Прав панаѓур. Деца, гужви, скаретина, блуешница.
Златна стара чаршија те теши кога е најпотребно..
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Прав панаѓур. Деца, гужви, скаретина, блуешница.
Златна стара чаршија те теши кога е најпотребно..
Ист муабет свртевме со една другарка и она вика „фали уште штанд за прслуци и гаќи 3 за 100“. :)))
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Се на се‘ не ми се свиѓаше. За разлика од претходните години овој пиволенд ми беше тапа у секоја смисла на зборот. Битно се изнапешачив овие денови од центар до Борис и назад.
Јас бев една од тие што си внесоа алкохол од надвор пошто не ми се фрлаа толку пари за пиво тука.Првиот ден немаа ладно пиво па морав да пијам мочка и беше одвратно.
Од изведувачите само Љубојна,Хладно пиво и Ареа ми направија мерак. Инаку само мене ли ми се чинеше дека Ареа свиреа многу малце?
Како и да е, вчера после нив си заминав а денес ми се идеше само ради Фолтин ама се разболев па чекам коментари за настапот.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.116
Моментот кога Стефи ќе ти пише СМС за на Фолтин, потоа ќе прочиташ дека и Стефан.ХејтасОлл и Рокенрола ќе идат, а ти си утре на работа прва смена :(
Туку... фотографии од мене, утре. Сега немам време ни енергија да средувам 1000 и кусур фотографии.

Бидејќи завршив со Пиволендов и веќе средувам впечатоци, да пишам дека DJ Славе е поголем и од Кирил и од сите останати македонски диџеи. На мојата скала на диџеи на прво место слушани диџеи се божествата Дилинџа, Дино Псарас, Фетбој Слим. Потоа идеме второ место извонредни диџеи како Таламаска, СЛАВЕ, Томкрафт, Фанкермен, Шај еФ-иКС... па праааазен простор па идат останати диџеи.

Гледано како фестивал, лош обид да се згужва се на едно место. Фалеше џез стејџ, фалеше WTF стејџ. Тезгите со ракотворбите беа на премин и многу гужва имаше таму. Помалку пива, и помалку пива.. догодина повеќе пива ќе има кај мене у селската продавница отколку на Пиволенд.
Темов изгледа кур го боли за фестивалот, само да збере пари.
Пофалба за Пасворд продакшн кои сепак склопија фина музичка програма.

Пред фестивалов читав хејтови од еден куп луѓе дека нема да дојдат, па сепак видов еден куп драги луѓе кои ѕенѕаа на двата подиуми. Ја направив најеротичната фотографија на фестивалов, ама девојките што се на неа не сакаат публицитет, така да љубоморно ќе ја чувам во мојот компјутер.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Секој ден, освен денес.

Скапи пива - си пиев од 1 до 2 пива и претежно странски. Неам амбиции да се пијанчам со пиво како средношколец а и не гледам така за тоа што претставува фестивал на пивото.

Не баш добра програма - си најдов на секој ден по неколку работи што ми се свиѓаат па само на нив бев. Хладно Пиво, Ареа, Кирил итн. итн. Имаше неколку паузи па ги користев за јадење (види една точка подолу) или на кеј (види две точки подолу)

Храна скапа а безвезе - си идев до Меџик и си јадев како Господ. Ем блиску, ем за помалце пари си јадеш мевце, помфрит и моеш седнат на маса тоа да го напраиш.

Нема место за седење - дур чекам да почнат интересните: на клупа на кеј, Меџик или шетња малце лагано. Стварно, ако не слушаш некој а нема место за седење, снајди се. Тоа е, што да праиме, толку беше тиња фестивалов па мора да се снаоѓаме самите...

Одлуката за да биде овој фестивал на паркинг, според проценките дека има повеќе место тука - голема утка. Паркинзите 2 тоа неможеа да го понудат. Беше преполно пред сцените али од страна беше полупразно. Ако еве утре, се пофалат дека имало многу публика, држете ме за збор дека тоа ќе го поткрепат со слики од пред main stage или од тој поганиот премин од dance кон main stage. Програмата се послаба и послаба. Искрено, Рони Сајз ги вадеше со квалитет али ете ни тоа не успеа. Тоа е што е. Од овој Пиволенд може сите да извадиме поука. Организацијата да размисли што да прави со скапите цени на пивата и да сфати дека со поефтини пива ќе има повеќе профит или пак ние публиката нема да сфати и пак ќе си пие скапо пиво, зашто пак ќе ни нудат такво и следниот фестивал. Организацијата ќе сфати дека локацијата беше утната или пак народот пак ќе дојде и следната година на паркинг и ќе им даде мотив плус и пак вака да изберат локација. Кога ќе видиш, се е до нас. Али на кого да му текне...

Оценка од мене: 4/10
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ја направив најеротичната фотографија на фестивалов, ама девојките што се на неа не сакаат публицитет, така да љубоморно ќе ја чувам во мојот компјутер.
Ц, ц, ц.. Тончи да тинка, на другарите да не даде... :/
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
^ па тоа е четврт Македонија..ах бе Коце Коце, ти ни за 100.000 неможеш да изградиш арена ко онаа у Загреб а не за 500.000..:tapp:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.116
И од други луѓе слушам дека Коце имал kick-ass говор. Ако не заборавам ќе се распрашам кој му ги пишува говорите, најверојатно ќе се изгазам од смеење, ама поради колегијалност нема да го објавам тоа во јавност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom