И јааааас бев на ПивоЛЕНД
Значи видов еден куп народ, луѓе кои ги гледам од ваков настан до наредниот сличен (во музичка смисла). Скара не јадев, бидејќи прочитав доволно рецензии, и од лани и од оваа година

Маичка не си купив бидејќи чини 400 денари, а и онака шкафот за маички ми е преполн, и плус имам од 2009та година кога фестивалов беше подобар.
Главниот стејџ е технички одличен, содржински... ќе пројде. Конечно ги слушав во соодветни услови Дарквуд Даб.
Денс стејџот е технички подобар од минатите години а богами и музиката е таман. Андреј го слушаф пушташе некои мелодични електронски музики за ѕенѕање. Кинџо и Танимед малку ги слушав, Флудер беше ТоБ.
Во поглед на публика кога идев со бус накај Пиволенд, бусот беше преполн со средношколци а богами и средношколи. Некаде околу 11 саат стоев кај еден од влезовите и видов еден куп убави жени како доаѓаат. Масите веќе беа зафатени од секаков народ, мада доминираа средовечни луѓе.
За пивата првин пиев светло лашко бидејќи не беше на принцип бонови. Потоа пиев скопско бидејќи во преминот меѓу двата стејџа само тоа имаше и за крај пиев голема кригла скопско во „комбето“ на Кајгана Редакција (на сајтот). Белгиските пива не ги пиев првин бидејќи се плашев да не се начукам на сред фестивал, а потоа веќе беше затворен штандот на BeerShop.
Дали затоа што ретко искачам во последно време или затоа што вибрирав позитивно синоќа си поминав многу убаво.
За вечерва другарка ми АлекСС3 планира да бидам со нејзино друштво цела вечер, мада пак ќе киднувам за да фотографирам по стејџовите, а и за да направам една заебанција со колега од работа.
За оние кои сакаа фотографии од народ, има на Кадевечер, не берете гајле. Кристијан помина доста време меѓу народ. И јас ќе објавам нешто на cOoLTuRa.mk мада ќе ми биде малку тешко бидејќи некои луѓе саат да ги ставам на сајт, некои неќат.. ваљда нема да направам збун и да се случи обратна ситуација.
И за крај, малку бед што не ми текна да проверам на сајтот на Рони Сајз за неговите планирани активности, ама како и да е, ќе ѕенѕаме на Славе и на Томче Рутбој. Препорачливо на денс стејџ бидејќи има помалку гужва и поубав народ. Единствена маана на тој стејџ е што има само Скопско штанд.