Сегде се работит, само Абас Емин си СТООООООООО
Ви кажав, таму некаде пролетта 2025 година
Туку кај гробиштана имаме нов момент. Возиш по новиот асвалт, се чудиш „море мајката шубо е, колава спиет“ те фаќат некое шубе, дан си заспал случајно, но само после поминати 3 минути, следува нов момент, пак дупки. И си велиш „ааааа ова за да се расониш“, па следува нов асвалт таму кај Бисер. Работава е земи залет и отепај се
Пак оние таксистине
а бе да сум на местото на Костета, ќе укинам такси превоз во Охрид. Толку безобразни, толку нељубезни. Наредени еден куп така стојат, гризат чечкалици.
Прашувам еден „слободно“, а гревов ми велит „ти од странство си или од тука“?
Аман бре дан требит и пасош да ти покажам. Шо ти е тебе гајле од кај сум, не ти идам дома ти. Демек ако сум од странство појќе пари ќе ми земит, или ако сум од тука не му се исплаќат за 80 денари да ме возит градска.