Цела среќа па Грција е поголема од Полихроно и Ханиоти, и има луѓе што биле на други места па знаат дека паркингот се наплаќа С Е К А Д Е. Ако ти се ризикува да паркираш на улица, бујрум.
Паркинг во грција ти е можеби 50/50. Јас на сите места кај што сум бил не се наплаќало, ова за плажите. Но и во Грција сигурно има многу места каде што е изгор скапо да се паркираш со кола. Исто и со Бугарија, но во Бг паркингот во најголемиот дел од местата се наплаќа (што е и логично), но има и доста бесплатни паркинзи, особено до плажите.
„Има и слободен паркинг пред рампата на кампот, но годинава е забрането паркирањето таму со цел што повеќе возила да влезат внатре и да платат по 200 денари.“
Ова е само многу глупо. Ако има бесплатен паркинг што забрануваш да се паркираат таму?
Види, во ред е да се плаќа паркинг. Сега не знам каков е паркингот, дали е среден, дали е покриен итн. 200 денари за цел ден паркирање и не дека е нешто многу скапо тбх. Иако 100 че (како што пишува дека бил) е најдобра цена. Најреална. Само ме чуди самото тоа што е пишано во самиот текст „Има и слободен паркинг пред рампата“, зашто тогаш го забрануваат? Мислам дека тоа ствара многу поголем револт од самата цена за 200 денари за цел ден.
Како и да е, нека држат нормални цени во самиот кафич, нека имаат услуга како што доликува. Тоа е најбитно. Паркинг како паркинг ќе си се плати. Ништо ново ништо чудно. Исто ко во Скопје што си плаќаме коа ни треба да завршиме нешто работа.
п.с Според мене најголема глупост е да се наплаќа за паркинг место, особено во комплекси, пред вакви „кампови“, пред кафичи/ресторани (ако имаат свој сопствен паркинг) итн. Сепак идам кај тебе за да ти оставам пари. Како и да е ќе ги потрошат тие 200 денари од кола на разни глупости. Дај им бесплатен паркинг, привлечи што можеш повеќе муштерии за да земеш што можеш повеќе пари. Но еве не сите мислат исто. Што знам, јас барем многу ценам кога на некое место ќе имам кај да ја оставам колата.Буџетот ми е тој како и да гледаш, тие 100-200 денари ако ништо друго ќе ги остаам како бакшиш и сигурно ќе планирам пак да отидам на истото место ако сум поминал убаво