Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Колку за споредба, еве една статија за еднодневен престој на Халкидики.
Важно е дека сите туристи се задоволни од претојот, зошто не би било така и во Охрид?
Се повеќе велешани на еднодневно капење и сончање на Халкидики
Триесет и шест степени целзиусови покажуваше термометарот на аптеката на главната улица во Неа Каликратија кога вчера таму стигнаа двата автобуси на ТА „Невадо“ со туристи од Велес. Сончевото време и топлата вода во Егејското море ветуваа ден создаден за капење и сончање. Сите тргнаа кон градската плажа на која имаше доволно лежалки и чадори. Доне, една од двете туристички водичи на агенцијата, гласно посака : „ Имајте убав ден, капете се и сончајте се до 18 и 30 часот.“



Туристите од Велес и на плажата во Неа Каликатрија одлучија да продолжат заедно да се дружат. Дел од нив, со најдолг стаж кога се во прашање еднодневните капења во овој град на почетокот на првиот крак на Халкидики, препорачаа лежалки и чадори пред првиот шанк на плажата. До него беше најблиску соблекувалната во која пресоблекувањето траеше кратко и штом се облекоа костимите за капење сите се упатија кон морето. побрзи од возрасните беа само Кире и Ана Марија, две од повеќето деца кои од водата извикуваа: „Водената забава може да почне“.





Во топлата и чиста вода за капење се минеа цели часови. Во пливање или муабет во вода минеше најголем дел од неделниот ден. На плажата велешани коментираа дека брза е и услугата со кафе, ладни напивки и коктели од страна на келнерите до лежалките и под чадорите. На сончањето му помогна ветерот кој дозирано дуваше и помагаше кога температурата се покачи за уште степен до два.





Се чини дека вчера единствено плажата се испразни кога дојде време за ручек. Дел од туристите ги запоседнаа блиските ресторани. Главен избор беа националните специјалитети, гиро и суфлаки, кои служени во пишија чинат од 2 до 2. 20 евра а во чинија 5 евра. Послугата во рестораните ги нудеше и останатите специјалитети како полнет модар патлиџан со мелено месо, мусака, печено месо со гарнир или морска риба и плодови. Првите чинеа од 4, 5 до 6 евра додека морската риба и плодови од 10 до 15 евра. Освежителните газирани пијалоци се служеа за 1 до 1.30 евра додека пивата чинеа од 2,5 до 3 евра.

Сладоледот беше најбаран десерт и можеше да се купи во корнет по цена од 1,5 до 3 евра во порција колку што чинеше и парче колач во слаткариците на главната улица. Во најслатките продавници дел од туристите уживаа и со парчиња грчка баклава, со фстаци, која инаку чини 9 евра за килограм.





На враќање од ручекот кон плажата од тезгата на главниот леблебиџија, поставена на централниот плоштад , се почастија љубителите на јаткасти производи. Сто грама печени ореви, бадеми, фстаци и други плодови чинеа од 1 до 1,5 евро.

За тоа што денот брзо одминуваше најмногу жалеа децата. Родителите ги одбројуваа последните минути од капењето за тој ден. Еден од нив беше Кире.



„Многу брзо ми помина овој ден. Не ми се излегуваше од водата но морав бидејќи мама и тато ми рекоа да се подготвам за враќање во Велес. Си поминав многу убаво и мислам дека максимално го искористив времето за капење,“ рече Кире.

„Скоро секоја недела сме во Неа Каликатрија. Градчето е многу убаво и она што мене многу ми се допаѓа е што има широка плажа, никогаш немало метеж дури и кога немало празна лежалка. Има доволно простор да се постави и чадор со лежалки и простирки кои си ги носите од дома. Водата е неверојатно бистра и многу топла. Моето семејство ќе дојде повторно, веќе наредната недела,“ рече Игор.



Во договореното време, 18.30 часот сите туристи беа пред автобусите на автопревозникот „Денс експрес“. Додека водичите вршеа прозивки прашавме дел од патниците како им помина денот.

„ Јас и синот уживавме. Иако сакам да патувам на различни места и да видам што повеќе градови и плажи, ми се допадна во Неа Каликратија. Повторно ќе дојдам, “ рече Маре.



„Чудно е но ќе ви кажам дека денеска и јас уживав по напорната работна седмица со голем број на пациенти и по дежурството во кое интервенирав одеднаш над шестмина тешко повредени патници од сообраќајката кај Удово. И како лекар нели очекувате да ви кажам каква е здравствената состојба на туристите .Сите патници од денешната група се добри, никој од нив не доби изгореници, значи превентивно знаеле да се подготват за денеска да уживаат на плажата и во капењето,“ се пошегува хирургот трауматолог д-р Филип.



„Одличен ден и убаво капење и сончање имавме јас, Маријана и моите деца. Првпат сме тука но еве децата веќе бараат повторно да дојдеме. Мислам дека тоа ќе го сториме по четиринаесет дена кога ќче бидам слободен, “ рече Славе.

Автобусите ја напуштија Неа Каликратија. Возачите за час и половина ја извозија делницата низ соседна Грција. На граничниот премин Евзони задржувањето траеше десеттина минути. По дваесеттина минути пазарење во фришоп продолжи патувањето кон граничниот премин „Богородица“. Таму задржувањето траеше едвај десеттина минути. Возењето кон Велес беше удобно и кратко и заврши во 23 часот во центарот, пред Стоковната куќа. Помладите патници кратко искоментираа дека токму затоа патуваат со ТА „Невадо“.

„По секое враќање стигнуваме и за ноќно излегување во Велес,“ рекоа дел од нив.

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.896
Поени од реакции
9.491
Од Охрид до Струга на едни Бугари ги заметија 750 денари :pos: уште солзи шо не им потекоја ко им кажав дека за 300ки можеа да поминет море и за 200 ако начекаа од овие Струга-Охрид шо возет
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Ова со такси го има на секаде по курортиве во Бугариjа и Македониja.
Например на едни Бугари со кои бев во автобус, кога спревме за посета на Битола оjдоа со такси до Хераклеа. Автобусот беше на престој на паркингот на ул.Партизанска и Св.Климет Охридски, от тамо со такси до Хераклеа и обратно(во двете посоки) 2000 денара.
 
A

Avenger99

Гостин
Ова со такси го има на секаде по курортиве во Бугариjа и Македониja.
Например на едни Бугари со кои бев во автобус, кога спревме за посета на Битола оjдоа со такси до Хераклеа. Автобусот беше на престој на паркингот на ул.Партизанска и Св.Климет Охридски, от тамо со такси до Хераклеа и обратно(во двете посоки) 2000 денара.
Во Бугарија од Сончер Брег до Несебар ни бараа 20 лева во еден правец, нормално не прифативме.
 
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Се состануваат главните луѓе за град Охрид на итна седница, недостиг на пари. Разговараат за наплатен паркинг и на самите Охриѓани во своите дворни места.:vozbud::pos:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А оти Охриѓани не плаќаат туристичка такса. Па 365 дена уживаат во убавините на Охрид. Нек му удрат по 100 денари денот за возрасни, 50 за деца и ете им прилив на пари
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Во Бугарија од Сончер Брег до Несебар ни бараа 20 лева во еден правец, нормално не прифативме.
Толку бараат сите,а ние се исценкавме за 15 лева така да што е таман,не знам колку поевтино сакаш,со оглед на тоа што таксито таму е изгор :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Во Бугарија од Сончер Брег до Несебар ни бараа 20 лева во еден правец, нормално не прифативме.
20 лева е 600 денари. Дели го 4 е по 150 денари. Дели го на 3 е по 200 денари. Tие се нормални цени таму. А можеш и да се исценкаш како што пишал некој погоре.
Пиши колку се цените во Охрид за такси и на која километража.
 
A

Avenger99

Гостин
Толку бараат сите,а ние се исценкавме за 15 лева така да што е таман,не знам колку поевтино сакаш,со оглед на тоа што таксито таму е изгор :)
Е јас за 12 се исценкав јебига :D[DOUBLEPOST=1407246786][/DOUBLEPOST]
20 лева е 600 денари. Дели го 4 е по 150 денари. Дели го на 3 е по 200 денари. Tие се нормални цени таму. А можеш и да се исценкаш како што пишал некој погоре.
Пиши колку се цените во Охрид за такси и на која километража.
Нормални цена? Од сончев брег до Несебар има 5км и тоа ти е нормална цена? Од Охрид до Струга 15 км земаат 350-400 ден. Ненормална цена?!
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Ќе ти ги сликам тарифите на повеќето таксиња дека за една минута престој зима над лев (30 денари минимум) километар од 1 до 3 лева,така да тоа е сосема океј,од сите цени ,само таксито им е поскапо од кај нас
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Луда Британка бре, 30 години по ред во Охрид.И годинава е тука, веќе сестрински.

ЗА ЈОХАНА ШАРП ОД ЛОНДОН ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Е НАЈУБАВО ВО ЕВРОПА
30 години летува во иста соба во ист хотел во Охрид
Во 1981 година јас и мојот пријател Охрид го запознавме преку една реклама, во која беше рекламиран како најубаво место во Европа. Тогаш сe уште не бев мажена, но тогашниот мој пријател Хари, кој подоцна ми стана маж, веднаш се вљуби во Охрид.Тоа се случи и со мене", раскажува Шарп
Пензионерката Јохана Шарп од Лондон од 1981 година непрекинато доаѓа во Охрид, а својот одмор го поминува во ист хотел и во иста соба. Таа отседнува во "Инекс - Горица" во собата бр. 211, од која се протега прекрасен поглед кон Езерото и кон градот. За неа Охридското Езеро и Охрид се најубави во Европа, рајско место кое може само да се сонува.
"Во 1981 година јас и мојот пријател Охрид го запознавме преку една реклама, во која беше рекламиран како најубаво место во Европа. Набргу донесовме одлука да отпатуваме за Македонија и кога стигнавме во Охрид, нe пречека дожд. Дождот лееше неколку дена, но набргу времето се поправи и градот беше облеан од сонце. Такви сончеви денови немам доживеано никаде.Тогаш сe уште не бев мажена, но тогашниот мој пријател Хари, кој подоцна ми стана маж, веднаш се вљуби во Охрид.Тоа се случи и со мене", раскажува Шарп.
Кога пристигнала во Охрид, Јохана Шарп најмногу била импресионирана од луѓето што ги сретнала.
"Ме освои љубезноста на овдешните луѓе, нивната едноставност. Сите беа пријателски расположени кон нас. Јас многу читав за поранешна Југославија, а имав можност да посетам и повеќе градови, меѓу кои се Дубровник, Љубљана. Донекаде имав претстава каде ќе заминам на одмор, но кога веќе дојдов во Охрид, си реков дека тоа е вистинското место за одмор. Се здобив и со многу пријатели во Охрид, во околината, во хотелот", појаснува госпоѓа Шарп.
Нашата соговорничка, чија сестра има стан во Охрид, кажува зошто доаѓа во истиот хотел и во истата соба.

"Најпрвин, кога ќе пристигнам во хотелот, речиси сите ме пречекуваат со насмевка и ме прегрнуваат. Таа топлина која ја чувствувате во такви моменти, не можете никогаш да ја заборавите и веднаш си велите: ' Идната година повторно морам да дојдам овде на одмор'. Собата е прекрасна, јас и Хари отседнувавме во оваа соба. Има убав поглед кон Езерото. Оттука го гледам малото парче рај. Ако сакам да бидам сама, не ми пречи цел ден да седам на терасата, да го гледам Езерото. Во тие моменти ништо друго не ми треба. Собата не се разликува многу од другите, но за мене е најубава, тука се чувствувам исполнето и среќно", кажува Јохана Шарп.
Сега, како пензионерка, Англичанката што е вљубена во Охрид вели дека овде има создадено многу пријателства.
"По толку години, секогаш наоѓам нешто ново, убаво во Охрид, во неговата околина. Со моите пријатели ги обиколувам околните места, сакам да пробам нови специјалитети од македонската кујна, слушаме што ни кажуваат луѓето. Интересни ми се средбите со овдешното население. Имам чувство дека се среќни, иако сигурно имаат свои проблеми. Јас се чувствувам прекрасно, бидејќи кога живеете во Лондон каде што е многу бучно, ова ми е еден вид бегство ќто ме освежува, ми ја враќа енергијата", вели госпоѓа Шарп.
Додека била работно активна, Шарп во Лондон работела во стоматолошка ординација, потоа како државна службеничка.
На разделба на госпоѓа Јохана Шарп и посакавме во Охрид да доаѓа и во наредните три децении, на што таа, со блага насмевка, одговори:
"Можеби толку време не ќе можам да доаѓам поради законите на природата, но ако организирате директен лет од аеродромот 'Стансет' до Охрид, тогаш во блиска иднина ќе можам да доаѓам овде три до четири пати годишно. За жал, тоа беше можно само во времето кога во Охрид, пред многу години, летував преку 'Југотурс'".


http://www.vest.com.mk/?ItemID=6A5D90E4A605FF44A33522FB2B38990D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Луда Британка бре, 30 години по ред во Охрид.И годинава е тука, веќе сестрински.
Госпоѓата да се прогласи за заштитен вид на Охридското езеро - раме уз раме со пастрмката и други ендемиучни организми, а по смртта телото да и се препарира и постави во центарот на Охрид.
Треба и една петиција да се направи Охрид да го смени името во Јоханово
 

Kajgana Shop

На врв Bottom