Aлчноста ги јаде Охриѓани, сакаат ем да се стар град ем со нови згради и дуќани, изнапродадоа купови станови на скопјани и остали сега не им чин оти во тие станови иделе газдите или нивни роднини и приатели ?! Па шо не им ги продававте исклучиво на Охриѓани становите? па дадоа сите плажи на концесионери сега им се криви концесионерите оти со своето понашање и цени ги бркаат туристите, шо не си ги работи општината со вработени ?? нема никаква стратегија се е оставено на тоа кој како ќе се снајде, секој охриѓанец ви е стручњак за туризам, порано тој мој приател од Холандија го однесов со девојката во куќа каде живеев под кирија (газдата го држеше горнио спрат а долу ние со изузеток на една соба која ја издаваше на лето, и сега иди полупијан им отвара собата и вели “Еве овде ви е убо шо сакате прајте ебавајте се ако сакате тука.....“ јас в земја пропаѓам арно чупето не знаеше збор македонски, па после од ко му покажа собатта, седна со нас и муабети муабети со јазико плетка па им вели “А марки имате ли бе? да ви ги купам...“ па ко виде дека немаат и дека не вадам пијачка, стана и се отетерави горе по скали.....
Не велам дека се сите такви но еден ваков “домаќин“ че отвори негативни прикаски за Охрид на 100 души, ова како прикаска ќе се пренесува и оној кој никогаш не бил во Охрид, ќе се здобие со лошо мислење.
Не се концентрираат на една работа туку сака да му капнува од секаде, па има соба која ја издава, има бавча или нива, или пчели, работи во фирма или државно... такви случаеви имаше многу, мојот шеф кој беше магистар, и одлична плата, трчаше од работа кога ќе му јавеа дека имало гости (имаше куќа и еден спрат издаваше) Шеф на припема на лето не идеше , одмор и боловања - оти имаше земјоделие, па ко ќе дојдеше до некоја ненадејна порачка на некој производ требаше со кола да го бараат по ниви пошто тогаш немаше мобилни... Инженер во развој, свиреше бас гитара во некој бенд , па ко ќе дојдеа свадби понеделник не идеше на работа или ако дојдеше цел ден спиеше на биро, па уше ако ги ангажираа некаде на лето да свири во некоја бавча - ич не рачунај на него додека помине сезоната..зато и се аљкаво и трапаво им оди, пропаднаа многу успешни фирми “ЕМО Застава Отекс..“ скоро и да немаше некоја фамилија во Охрид која не работеше во некоја од овие фирми земјоделие немаат, туризмот им е приклучен на апарати за одржување..... и сега читам бил виновен патот до Охрид !!?? така зклучиле, дека ако го напраела патот - ќе гргнат туристи! Пропаѓа туризам во Охрид оти не чинел патот ?!?
Сигурно тој што тоа го заклучил - ќе има некој убав ќар ако се прави патот, можеби е сопственик на некоја градежна фирма или му ветена провизија... Јас да сум ќе воведам правило :
Стави свој потпис на твојата идеја за решението, па ако не даде резултати - ќе одговараш материјално. Па да видите како одеднаш ќе секнат секакви глупави идеји.