- Член од
- 11 февруари 2009
- Мислења
- 1.072
- Поени од реакции
- 1.144
Колку за споредба, еве една статија за еднодневен престој на Халкидики.
Важно е дека сите туристи се задоволни од претојот, зошто не би било така и во Охрид?
Важно е дека сите туристи се задоволни од претојот, зошто не би било така и во Охрид?
Се повеќе велешани на еднодневно капење и сончање на Халкидики
Триесет и шест степени целзиусови покажуваше термометарот на аптеката на главната улица во Неа Каликратија кога вчера таму стигнаа двата автобуси на ТА „Невадо“ со туристи од Велес. Сончевото време и топлата вода во Егејското море ветуваа ден создаден за капење и сончање. Сите тргнаа кон градската плажа на која имаше доволно лежалки и чадори. Доне, една од двете туристички водичи на агенцијата, гласно посака : „ Имајте убав ден, капете се и сончајте се до 18 и 30 часот.“
Туристите од Велес и на плажата во Неа Каликатрија одлучија да продолжат заедно да се дружат. Дел од нив, со најдолг стаж кога се во прашање еднодневните капења во овој град на почетокот на првиот крак на Халкидики, препорачаа лежалки и чадори пред првиот шанк на плажата. До него беше најблиску соблекувалната во која пресоблекувањето траеше кратко и штом се облекоа костимите за капење сите се упатија кон морето. побрзи од возрасните беа само Кире и Ана Марија, две од повеќето деца кои од водата извикуваа: „Водената забава може да почне“.
Во топлата и чиста вода за капење се минеа цели часови. Во пливање или муабет во вода минеше најголем дел од неделниот ден. На плажата велешани коментираа дека брза е и услугата со кафе, ладни напивки и коктели од страна на келнерите до лежалките и под чадорите. На сончањето му помогна ветерот кој дозирано дуваше и помагаше кога температурата се покачи за уште степен до два.
Се чини дека вчера единствено плажата се испразни кога дојде време за ручек. Дел од туристите ги запоседнаа блиските ресторани. Главен избор беа националните специјалитети, гиро и суфлаки, кои служени во пишија чинат од 2 до 2. 20 евра а во чинија 5 евра. Послугата во рестораните ги нудеше и останатите специјалитети како полнет модар патлиџан со мелено месо, мусака, печено месо со гарнир или морска риба и плодови. Првите чинеа од 4, 5 до 6 евра додека морската риба и плодови од 10 до 15 евра. Освежителните газирани пијалоци се служеа за 1 до 1.30 евра додека пивата чинеа од 2,5 до 3 евра.
Сладоледот беше најбаран десерт и можеше да се купи во корнет по цена од 1,5 до 3 евра во порција колку што чинеше и парче колач во слаткариците на главната улица. Во најслатките продавници дел од туристите уживаа и со парчиња грчка баклава, со фстаци, која инаку чини 9 евра за килограм.
На враќање од ручекот кон плажата од тезгата на главниот леблебиџија, поставена на централниот плоштад , се почастија љубителите на јаткасти производи. Сто грама печени ореви, бадеми, фстаци и други плодови чинеа од 1 до 1,5 евро.
За тоа што денот брзо одминуваше најмногу жалеа децата. Родителите ги одбројуваа последните минути од капењето за тој ден. Еден од нив беше Кире.
„Многу брзо ми помина овој ден. Не ми се излегуваше од водата но морав бидејќи мама и тато ми рекоа да се подготвам за враќање во Велес. Си поминав многу убаво и мислам дека максимално го искористив времето за капење,“ рече Кире.
„Скоро секоја недела сме во Неа Каликатрија. Градчето е многу убаво и она што мене многу ми се допаѓа е што има широка плажа, никогаш немало метеж дури и кога немало празна лежалка. Има доволно простор да се постави и чадор со лежалки и простирки кои си ги носите од дома. Водата е неверојатно бистра и многу топла. Моето семејство ќе дојде повторно, веќе наредната недела,“ рече Игор.
Во договореното време, 18.30 часот сите туристи беа пред автобусите на автопревозникот „Денс експрес“. Додека водичите вршеа прозивки прашавме дел од патниците како им помина денот.
„ Јас и синот уживавме. Иако сакам да патувам на различни места и да видам што повеќе градови и плажи, ми се допадна во Неа Каликратија. Повторно ќе дојдам, “ рече Маре.
„Чудно е но ќе ви кажам дека денеска и јас уживав по напорната работна седмица со голем број на пациенти и по дежурството во кое интервенирав одеднаш над шестмина тешко повредени патници од сообраќајката кај Удово. И како лекар нели очекувате да ви кажам каква е здравствената состојба на туристите .Сите патници од денешната група се добри, никој од нив не доби изгореници, значи превентивно знаеле да се подготват за денеска да уживаат на плажата и во капењето,“ се пошегува хирургот трауматолог д-р Филип.
„Одличен ден и убаво капење и сончање имавме јас, Маријана и моите деца. Првпат сме тука но еве децата веќе бараат повторно да дојдеме. Мислам дека тоа ќе го сториме по четиринаесет дена кога ќче бидам слободен, “ рече Славе.
Автобусите ја напуштија Неа Каликратија. Возачите за час и половина ја извозија делницата низ соседна Грција. На граничниот премин Евзони задржувањето траеше десеттина минути. По дваесеттина минути пазарење во фришоп продолжи патувањето кон граничниот премин „Богородица“. Таму задржувањето траеше едвај десеттина минути. Возењето кон Велес беше удобно и кратко и заврши во 23 часот во центарот, пред Стоковната куќа. Помладите патници кратко искоментираа дека токму затоа патуваат со ТА „Невадо“.
„По секое враќање стигнуваме и за ноќно излегување во Велес,“ рекоа дел од нив.