хахахха читам и се смеам... во ред е... онај кавадаречкион го остајл балканскиот менталит.. и то е напредок.. не знајт дека со самото раѓање ко кавадарчанец е жигосан да е сељак.. нема везе... другион 600 евра трошел а дома кувал....лол лол лол лол - до кога бе скопјани со чаламот??? и онака само тој ви е останат...лол... Не разбирам зш не се разбираме.. додуша разбирам- ама ако кажам ке се најте увредени на интелектуална основа...лол
Море браќа и сестри македонци закоравени... работите се едноставни... одам- ми се свиѓат- одам пак.... или одам- не ми се свиѓат- не одам пак... Како да ви објаснам??? не знам искрено... најискрено... Битно IQ level-от на форумов (се надевам не целиот ) го видов... додуша и одраз сте на реалниот живот...
Да не сум офф топицк - ево стртегија шо јас мислам :
- целосна финанскиска самостојност на Охрид , од Скопје ....
- послободна локална самоуправа...
- забрана за кој годе сељак од скопје или мариово или истокон - тек така да купит стан или плац во Охрид...
- посебни дозволи ( да не ги наречам визи) за домашни туристи- оправдани со клаузула на суб рурални персони кои само го сакатат градот...
има и други .. но тоа понатака...:baeh:
Ова е претеризам, не знам што сакаше да каже со ова писателот.
Јас имам потекло од Охрид(мајка ми е од таму) ама стварно не можам да се начудам на некои охриѓани на односот кон домашните туристи.
Да, ги сакаме сите странските туристи но не може да се плука на нашиот народ(каков е таков е).
Знаеш како викаат старите, друштво и жена можеш да бираш, фамилија и род не.
Освен во хотелите, во приватниот смештај во Охрид нема основни услови за престој(со одредени исклучоци). Значи прво треба тоа да се поправи и после тоа да се бара некакво однесување што го бараат охриѓани.
Не може ти да развиваш туризам со да не речам селско понашање. Муштеријата е секогаш во право, треба да му се удоволи, да се услужи а не да се третира како гомно(со извинување). сепак остава пари, бара услуга која треба да му се возврати. Така тоа оди во модерниот свет. Бев пред некоја година во Бугарија, не дека не сакаат многу ама кога ќе влезевме некаде и ќе кажевме од македонија сме, специјален келнер ставаа на нашата маса, да не слуши цела вечер. Така се привлекуваат туристи.
Ако Преспа не ја доживееше трагедијата со Преспанското Езеро(повлекување на езерото), Охрид немаше сега да е на ова ниво и ќе се молеа охриѓани да доаѓаат повеќе туристи. Баш се сеќавам пред некоја година кога плачеа охридските угостители, немало туристи, ќе пропаднела сезоната и други работи, а сега не ги сакаме домашните туристи.
Имам братучеди и другари во Охрид кои се реални и самите се жалат дека цените се прескапи и за самите охриѓани
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)