Кога беше објавено лани дека се качува цената на игрите, имаше муабети, ама воопшто не се крена прашина како што би очекувал, па да има можност за промена. Си беше стандардот 60 долари, сега се покачи за 10 и мислам дека ќе помине без посебен отпор. Уствари веќе помина, затоа што не е ново ова, веќе се случи така да мора да е точно тоа од иницијалниот линк дека народот е спремен. Касно е за револт
А и нормално е бе, општо се станува поскапо. Сигурно за 5-6 години пак ќе има поскапување. Но доброто кај игрите е што после само 2-3 месеци можеш веќе да ги начекаш на попуст, а имаш и претплата како Гејм Пас што доста помага, па и ПС+ мислам доста се подобрува и еве последниве два месеци дадоа игри како Контрол и ФФ7 Римејк.