Ти пишав претходно дека Троја ја пробав и не ми се допадна ама еве во последниве две недели изиграв 35 саати од кампањата со Спарта. Моментално сум 109 круг.
И мене ми беше збунувачки на почеток ама тоа е додека ги научиш сите новости. Технологијата, економијата и дипломатијата се малце поразлични а ова е особено битен сегмент во Total War па може затоа ти е малку чудно на старт.
Битките во поновите верзии се драстично подобрени. Има одредени реони во кампањата каде може да се прават заседи а со тоа и до полесна победа против многу појаки и повеќе бројни армии. Различни терени, голема улога на тоа каде се наоѓаш на мапата моментално и не е баш сеедно каде ќе го завршиш кругот, треба на се да рачунаш.
Во поглед на ресурси Троја ми се допадна највеќе. Тука имаш храна, дрво, бронза, камен и злато додека кај Ворхамер па и останатите кои ги имам пробано, сето тоа е како едно - Treasury. Па така ако во Троја си богат во дрво можеш преку директна дипломатија за која не ти е потребно да носиш дипломат до некој град на фракцијата со која сакаш да отвориш преговори и да најдеш "заеднички јазик" затоа што кога преговараш имаш поени. Да не навлегувам многу во начинот на кој се преговара во Троја, нема да ме разбереш вака, тоа треба да изиграш малку за да видиш како функционира системот со поените.
За кампањата и ошто мапата плус фракциите не би ни да споредувам. Поновите се каде-каде подобрени и има се што немаа тие претходно. Истотака акциите на агентите се доста интересни и можат да бидат клучни во завршување на кампањата.
Има херои, магии, епски воени единици, еден куп работи за истражување. Дај и време, внеси се, нема да зажалиш. Со преку 1500 саати на Кантер ја еве 10 дена на памет ми нема паднато да пуштам Кантер да пукам.
Шогун 2 ја немам пробано ама тогаш кога го пишав тој коментар ги купив Атила и Медиевал и пуштив една кампања со Holy Roman Empire на Медиевал и не гледам зашто некогаш би се вратил на оваа покрај сите овие Total War што ги имам. Особено Troy и Warhammer.
Атила почнав со Византија, ужасно е тешка. Ваљда кампањата е таква затоа што се простираш низ огромна територија а те напаѓаат 100 други фракции. Интересни беа битките на Атила ама ќе и се вратам после Троја. Сакам да ја завршам кампањата со Спарта, па после можеби и една со Парис или Хектор за да видам како е од другата страна.
А си бара и малку Youtube да гледаш тоа стримерите што чуда прават. Јас изгледав доста видеа од тој lionheartx10. Обично пуштам кампања, играм, губам како теле зашто ќе ме здроби компјутерот уште од сам старт, пуштам јутуб, гледам 2-3 дена само кампањата и после почнувам од ново. Загарантиран успех.