Општи дискусии за ТВ серии

Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Документарната мини серија на HBO, Leaving Neverland е одлична.

Ја раскажува животната сторија на две момчиња жртви на сексуална злоупотреба и нивните фамилии од стана на Мајкл Џексон.

9/10
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
34
Поени од реакции
34
Почна втората сезона на Fleabag. Маестрални првите две епизоди, исто како првата сезона! :cuc:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Што мислење имате за Umbrella Academy? не сум сигурен дали некој ја спомна поназад, изгледав две епизоди ама многу ми е бавна, настрана од тоа што секогаш сум скептик за „серии со суперхерои“...
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.508
Поени од реакции
33.668
Што мислење имате за Umbrella Academy? не сум сигурен дали некој ја спомна поназад, изгледав две епизоди ама многу ми е бавна, настрана од тоа што секогаш сум скептик за „серии со суперхерои“...
dzimi srce ne se maci so vakvi, izgledaj 2te sezoni na Legion i ela ke zborime za umetnicni vrednosti
baska i ona e "serija za superheroi"
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Што мислење имате за Umbrella Academy? не сум сигурен дали некој ја спомна поназад, изгледав две епизоди ама многу ми е бавна, настрана од тоа што секогаш сум скептик за „серии со суперхерои“...
Jaс мразам серии/филмови со суперхерои, ама оваа ми е ок и забавна. Случајно ја пуштив до 7-ма епизода сум и мислам дека вреди да се изгледа.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Што мислење имате за Umbrella Academy? не сум сигурен дали некој ја спомна поназад, изгледав две епизоди ама многу ми е бавна, настрана од тоа што секогаш сум скептик за „серии со суперхерои“...
Мене баш брзо ми поминуваше. Ок серија, ама не е ништо посебно, онака лабаво да изгледаш.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Кои врвови е You're the worst, ја почнав серијава од прва сезона и никогаш не зажалив што ја испратив до сега, само не се лажете иако се води како комедија, серијата обработува доста сериозни теми, како клиничка депресија и ПТСТ.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
На Netflix а и по торенти ми кажаа дека веќе ја има The disappearance of Madeleine McCann, документарец од 8 епизоди за девојчето кое е исчезнато веќе 12 години под сомнителни околности во Португалија. Верувам поголем дел се запознати со случајов, памтам летоска додека траеше СП некој направи невкусна шега за случајов па се дискутираше за девојчето и во подфорумот за фудбал :D ping @ManUtdChampions @Tоni :D не го имам пуштено уште, можеби вечер ама не верувам да е лоша обработка.

Исто во фудбал подфорумот го препорачав документарецот за Сандерленд, Sunderland Til I Die, да го пишам и тука. И да не ве интересира фудбал, се работи за квалитетно изработен серијал од 8 епизоди по 40 минути, требаше да биде серијал каде што по падот во втора лига на гигант како Сандерленд, клубот ќе се врати веднаш во Премиер Лигата и ќе биде отсликано издигнувањето ама нажалост поради административни проблеми и грешки на менаџментот, клубот паѓа уште едно скалило подолу, во трета лига и од среќна приказна, патешествието се претвора во трагедија. Отсликана е и поврзаноста на граѓаните на Сандерленд према клубот, од некогаш главниот град во светот во бизнисот со градење бродови и преработка на јаглен до сега релативно посиромашните англиски градови, луѓето се имаат соочено со многу удари во животот ама љубовта која ја имаат кон Сандерленд и која никој не може да им ја земе е... wow.

Не мора да напоменувам дека се докажува и тука фактот што некои работи на нас фановите на спортски екипи не ни се познати и често правиме погрешни асумпции спрема менаџментот на клубот, на кое ниво и да се дискутира.

Интрото е класа (y)

 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.399
Поени од реакции
20.148
Generation War или Unsere Mütter, unsere Väter е германска мини серија/ко божем документарец во 3 епизоди која што се работи за петорица ~20тина годишни другари за време од '41 до '45. Мене ми е перфекција серијата, ако некого го интересира интересна приказна или историја за WW2 нека и даде шанса.

 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Historia de un crimen: Colosio
Нова тру крајм серија на Нетфликс Латин Америка, серијата доаѓа од Мексико, и говори за убиството на кандидатот за претседател на Мексико на изборите во 1994та. Луис Доналдо Колосио е убиен на 23 Март 1994 година во тихуана во тек на изборната кампања, со оглед на тоа дека доаѓа од владеачката партија ПРИ која владее непрекинато со Мексико во последните 71 година, му се предвидува огромна победа, но меѓутоа е трагично убиен, се претпоставува од предходниот претседател Карлос Салинас де Голтари и од наследникот идниот претседател Ернесто Зедиљо, кој ќе биде и последен претседател од ПРИ, до Енрике Пења Нето, поради интерни несогласување со политиката во самата партија.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Apple штотуку ја имаше својата презентација каде ја најави новата стриминг услуга Аппле ТВ+ (доста иновативно) и имаше неколку креатори кои најавија ексклузивни серии за платформата

Стивен Спилберг најави нова серија за WW2 пилот кој патува низ времето и треба да одлучи дали ќе се врати или ќе остане, серијата ќе опфаќа повеќе приказни во антологиски формат.

Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Стив Керол најавија нова серија The Morning Show која ќе се бави со животот на водителите на утринска емисија, од нивниот недостаток на сон, до справувањето со гневните пензионери кои се јавуваат да се пожалат за поскапувањето на лебот и состојбата во градскиот јавен превоз.

Џасон Момоа АКА Аквамен АКА Дрого, со нова серија See, во која се работи за постакаполиптичен свет каде изумреле 99% од луѓето и останале само неколку милиони преживеани, кои го изгубиле видот, и сега неколку векови подоцна, ни не знаат што значи тоа гледање, и дали воопшто некогаш имале такво сетило.

Кумаил Нанџиани од Силикон Вали, има нова серија за животот на мигрантите, која ќе биде антологиска и во секоја епизода ќе опишува вистинска случка од секојдневниот живот на мигрантите како човек кој откако му ги депортирале родителите, тајно раководи со мотел и учествува на натпревар во спелување и го освојува високото 13то место.

ЏЏ Абрамс и Сара Бореалис имаат нова серија за млад перформер и за неговиот успон, нешто слично како Мис Мејзел, претпоставувам.

И секако кралицата Опра со 2 документарци за Сексуалното вознемирување и насилство, и документарец за психичкото здравје. Опра ќе има и поголема улога во услугата, јер Аппле има длабоки џебови.

Со ова се гледа дека Аппле ќе делува различно од Нетфликс и ќе цели на помалку но поквалитетни серии како ХБО што прави. Мене сега за сега ми се допаѓа понудата, секако нема да се претплатам, но да се симне од торент може, услугата ќе биде достапна од Есен 2019та.
 
K

kicodarker

Гостин
Незнам дали до мене е или многу сум пребирлив станат ама неможам асолно серија да заследам. Се ќе почни убо и после ќе почни да ме нервира “е оти ова вака“, “е оти она така“, и само ќе се нервирам дури не ја пројдам цела сезона. После пак одпочеток. Таман ќе ти стани интересно и заплетот почнал, никаква кулминација па ни расплет обично форсиран и ко на филм сцените. Ја почнав Orphan Black, прва сезона едно почнува втора малце се сопнува, трета си викаш ало бе кај идиш јеботе гледаш или не, четврта сезона го гаѓаш телевизорот со пуканки и викаш кој го снимаше ова бре, или нема правда нема филм, и петтата сезона, очаен си неможеш да се соземиш си велиш леле бе зини господе земиме, па добро бе јас со средно никакво и без Ф од факултет или А од уметност или К од креативност нити О од одбирање како се снима филм нити Ф од филм, сто пати ќе ја снимев подобро сцената или ќе ја затерав серијата во подобар правец него ли ова што испадна.
Секојпат кога ќе погледнам некоја таква серија страв ми е да отворам да почнам нова да гледам долго време ко дете мало од темница. Дури не проверам рејтинг коментри трејлери муабети за неа не ја почнувам и тоа пак со 50 % поверење како на денешниве политичари им верувам.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Одвај ја догледав The Umbrella Academy. На почетокот беше малку интересна, после стана гној, чиста заебанција наменета за малолетна публика. Еден куп нелогичности и недоследности, дури и навреда е. Премногу непотребни карактери, меѓу кои и најглупиот најнепотребниот карактер во историјата на сериите. Ќе го ставам во спојлер за да не ве фати и вас сепса од тоа колку е некабожен.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.324
Поени од реакции
79.075
Одвај ја догледав The Umbrella Academy. На почетокот беше малку интересна, после стана гној, чиста заебанција наменета за малолетна публика. Еден куп нелогичности и недоследности, дури и навреда е. Премногу непотребни карактери, меѓу кои и најглупиот најнепотребниот карактер во историјата на сериите. Ќе го ставам во спојлер за да не ве фати и вас сепса од тоа колку е некабожен.
Нелогичности и недоследности....
Уживајте во серијата ако уживате ебате, ако не заќутете.
Во фантастика бара логичности и доследности....
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Нелогичности и недоследности....
Уживајте во серијата ако уживате ебате, ако не заќутете.
Во фантастика бара логичности и доследности....
Ја имаш гледано или онака ме цитираш пошо ти е досадно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom