Apple штотуку ја имаше својата презентација каде ја најави новата стриминг услуга Аппле ТВ+ (доста иновативно) и имаше неколку креатори кои најавија ексклузивни серии за платформата
Стивен Спилберг најави нова серија за WW2 пилот кој патува низ времето и треба да одлучи дали ќе се врати или ќе остане, серијата ќе опфаќа повеќе приказни во антологиски формат.
Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Стив Керол најавија нова серија The Morning Show која ќе се бави со животот на водителите на утринска емисија, од нивниот недостаток на сон, до справувањето со гневните пензионери кои се јавуваат да се пожалат за поскапувањето на лебот и состојбата во градскиот јавен превоз.
Џасон Момоа АКА Аквамен АКА Дрого, со нова серија See, во која се работи за постакаполиптичен свет каде изумреле 99% од луѓето и останале само неколку милиони преживеани, кои го изгубиле видот, и сега неколку векови подоцна, ни не знаат што значи тоа гледање, и дали воопшто некогаш имале такво сетило.
Кумаил Нанџиани од Силикон Вали, има нова серија за животот на мигрантите, која ќе биде антологиска и во секоја епизода ќе опишува вистинска случка од секојдневниот живот на мигрантите како човек кој откако му ги депортирале родителите, тајно раководи со мотел и учествува на натпревар во спелување и го освојува високото 13то место.
ЏЏ Абрамс и Сара Бореалис имаат нова серија за млад перформер и за неговиот успон, нешто слично како Мис Мејзел, претпоставувам.
И секако кралицата Опра со 2 документарци за Сексуалното вознемирување и насилство, и документарец за психичкото здравје. Опра ќе има и поголема улога во услугата, јер Аппле има длабоки џебови.
Со ова се гледа дека Аппле ќе делува различно од Нетфликс и ќе цели на помалку но поквалитетни серии како ХБО што прави. Мене сега за сега ми се допаѓа понудата, секако нема да се претплатам, но да се симне од торент може, услугата ќе биде достапна од Есен 2019та.