Ај пак да се пробам, иако тогаш на никој не му текна. Ја скапав барање една серија ја даваа на МТВ, поврзана со фудбал. Отприлика приказната одеше вака. Во едно село дојде едно бате како тренер нешто шо треба да ги обучува селаниве да играат фудбал. Имаше некое луто ривалство помеѓу две екипи кои играат онака со години фудбал, како традиција. И овие од селово камења беа сите. Во серијава владееше некоја депре атмосфера, имаа пабче за пиење, мали куќарки, замрсено замаглен амбиент. Воглавно хумористична серија беше. Не верувам да е некоја високобуџетна, мислам дека и англиска беше. То е то шо памтам.