MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.397
Ај да речеме дека не те разбирам, можеби...Очигледно не ја разбираш поентата што ја наведувам. Политиката за неидење во Грција е уствари наметната од Грција, преку разните заебанции околу визниот режим. Запрашај се зошто ја тераш и ти токму нивната политика. Како паралела ќе ти кажам. Албанците за време на Енвер Оџа, флуктуираа на Косово не оти ја сакаа многу Југославија, додека од другата страна Југословенската влада генерираше диференцијација со Албанците од Албанија. Во тоа време, ти би рекол „Косово е нивно, колку што е Трст наш.“, но времето и упорноста си го направија своето.
Нервозата од Грчка страна не е непотребна, многупати сум кажал таму е јасно диференциран народот од северна Грција со народот од југот. Тоа најдобро се гледа преку навивачките групи кои меѓусебно се нарекуваат Ѓупци и Вулгари...
Само тоа ти е, кој како гледа на работите.... Гордоста е заебана работа, а е и едно од најсилните оружја на пропагандата.
Но, политиката на Грција кон македонците со поставување привидно-правни „сопки„ и забрани во одреден облик, не ги сопре македонците да го арчат одморот и годишната заштеда кај клетите грци: лицемерие невидено е тоа од макеоднска страна. Како поинаку да го објаснам шизофреничново македонско однесување, во стилот, грците не‘мразат и не‘ спречуваат да влеземе во НАТО и ЕУ, ама што е тоа битно, летниот одмор ќе го поминам „у Грчка„.
Грците пак, како држава постојат доволно долго, за да станат лукави, доволно префригани и „изверзирани„ и со политиката на ѓоамити наше негирање и ставање услови за влез во Грција, пак ни ги празнат џебовите: на наше „задоволство„ и на нивна корист.
Тоа што грците од „север„ и од „југ„ се неистомисленици, не е чудо: нивното потекло не е од иста „географија„ и ментален склоп.