Општа тема за ЕУ, вести, анализи, промени...

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
А ако Грција не сака да излезе од еврозоната? :D Предизборни анти-СИРИЗА очајнички потези се ова. Ако не им успеат, ќе бидат самоубиени од сопствените бирократски механизми.
Просто ЕЦБ нема да дозволи Грциja да сече и принти евро,а со тоа или ке мора да трошат колкото заработуват (ке станат нешто како Црна Гора и Косово, но без можност да се задолжуват со еврообврзници) или да сменат валутава за да можат да принтат и да се задолжуват во домашна валута.
Да не зборуваме дека сите фондови на ЕУ може да бидат спрени,а тоа са некаде около 30 милиарда евра .
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ништо нема да подржи Германија не се сеќирајте Грција е 17 та Бундес Република на Германија и нивно милениче. Не е луда Германија нешто што создала сега да го уништи. Овие закани на Ангела Меркел се само ради реда од една страна имат внатреполитичка цел да се задоволат сопствените гласачи на кои преко глава им е од плаќање на туѓи долгови, а од друга страна тоа е порака до гласачите во Грција да не ја подржат СИРИЗА. Како и многу пати досега Европа и овој пат се меша во внатрешните работи на своите членки па така отворено подржува или оспорува одредени партии. И како трето премногу се навлезени германските банки во Грчката економија така да Меркел не е луда да ја чепка Грција во тој дел. Се на се Грција е и ќе остане држава на која никој ништо не и може и ќе живее уште долго на сметка на обичниот германски граѓанин чии даноци се слеват во грчката економија само за да се задоволат некој повисоки интереси. Прашање е до кога ќе го трпат тоа Германците. Не се ни они луди да седат вечно мирни знаејќи некој поразителни факти како на пример тоа што Германија е држава со најмал процент на сопственеци на имобилии, како и фактот што обичниот германски работник едвај врзува крај со крај, згора на се 7 од 20 милиони пензионери зимаат помалку од 900 евра месечно. Знаејќи дека повеќето од нив немат сопствени живеалишта не е тешко да се пресмета дека овие луѓе едвај преживуваат и сето тоа само затоа што се УТЕПАНИ од даноци и плаќаат разно разни глупости.
Напишав погоре свое мислење, нема простор за сентименталност или преувеличување во реакциите.

Во интерес на германските банки е да профитираат, тие нема да си играат фон бизмарковски хеленофили.

Колку е поголем долгот на Грција толку повеќе ќе ја сакаат во Европа, затоа што нивното должничко отплаќање ќе им овозможи непрестајна заработка.
Ќе се искористат сите методи да ја присилат Грција да го исплаќа долгот, кој свесно и беше допуштан.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„Дете„?...

О.К.
Прифаќам критика: инвестициите во Банско го споменав како пренесени туѓи сознанија, не мои лични.[DOUBLEPOST=1420413687][/DOUBLEPOST]
Тоа са повеке призаки за мали деца. Желбата сека една држава да се приклучи ком ЕУ е била jaсно изразена по един или друг начин после 1990 година.

Се согласувам: чудни се начините на кои цел еден народ изнесува непоколеблив став за влез во некоја регионална или наддржавна организација, а притоа народот никој не го прашува, туку одлуката редовно ја носат политичките елити, „во името од народот„, а кои се на власт во даден одлучувачки момент.[DOUBLEPOST=1420413851][/DOUBLEPOST]
Запрашај се зошто Европа е толку со Грција?
Причините, многу на број, се веќе познати па не мора да ги наведувам.[DOUBLEPOST=1420414176][/DOUBLEPOST]
Запрашај се како и колку сме присутни во Бугарија или Грција? Никако.
„Никако„ е став кој не одговара на реалноста: доволно е да го причекаме наредниот летен одмор и статистички да видиме колку македонци ќе ги поарчат деновите за одмор и годнишната заштеда во Бугарија и Грција.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Она што го зборев почна да се остварува. Со други зборови не ви се мешаме во внатрешните работи АМА..... Ова АМА подразбира закани од различен вид кои ги навести Ангела Меркел како главен ментор на Грција за сега да следат од разноразни функционери во европските институции како и премиери или претседатели на некој повлијатели земји членки во ЕУ. Исто така зборував за неможноста за ислегување од ЕУ и Еврозоната кога еднаш ќе се фатите на ОРОТО. Старите велат „на сила убавина не бива„ па така на сила нема да ја биде ни ЕУ. Им се закануваа на Хрватите, им се закануваа на Шкотите, еве сега им се закануват и на Грците. Прашање е само колку долго ќе можат да опстанат со закани?
ЕК до Грција: Членството во Еврозоната е неотповикливо
Европската комисија нема официјално да поддржи ниту една од политичките опции во Грција на предвремените парламентарни избори закажани за 25-ти овој месец, ниту ќе се обиде да се вмеша во политичката борба во оваа земја-членка на Европската унија, јавува МИА.

Ова го истакна портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, кој, цитирајќи го Член 140, параграф три од Договорот на ЕУ, ниту една земја што ќе го усвои еврото како официјална валута, потоа не може да излезе или да биде исфрлена од Еврозоната.

- Членот 140, параграф три од Договорот на Унијата е јасен дека членството во Еврозоната е неотповикливо – истакна гласноговорникот на неформалната Влада на ЕУ.

Според Аника Бреидхарт, портпарол на Европската комисија задолжена за економски раст, вработување, инвестиции, Еворпската монетарна унија и Европски семестер, ЕК нема да коментира никакви гласини или шпекулации на извештаи поврзани со тоа дали Грција ќе излезе или не од еврозоната, зависно од тоа која опција ќе победи на парламентарните избори. Таа се повика на изјавата на еврокомесарот Пјер Московиси, дадена на 29-ти декември година, каде во име на Еврокомисијата, тој рече дека иднината на Грција е во рацете на грчките гласачи и како тие ќе одлучат на 25-ти јануари.

- Ние не шпекулираме и наспроти шпекулациите, на 1-ви јануари ја примивме Литванија како 19-та членка во Еврозоната и очекуваме еврото уште повеќе да се шири. Еврото е тука да опстане, ја докажа својата опстојност и нема понатаму што да се каже, чекаме како ќе гласаат грчките гласачи на 25-ти овој месец, истакна портпаролката Бреидхарт.

Гласноговорничката на еврокомесарот Московиси одби директно да одговори дали Комисијата е подготвена да преговара за нови услови со Грција во однос на мерките за штедење, посочувајќи дека за тоа ќе се разговара по гласањето во Грција. Причината е што партијата Сириза на Алексис Ципрас, која води на анкетите кај нашиот јужен сосед, инсистира на тоа дека доколку состгави Влада на Грција ќе инсистира на нов договор со финансиската Тројка, што, пак, може да доведе до Гркзит (излегување на Грција од Еврозоната).

И покрај ваквиот став на Европската комисија, јасно е дека постои сериозна загриженост во Брисел од исходот на грчките парламентарни избори и можното доаѓање на власт на опцијата на Ципрас која е за нов договор со меѓународните кредитори што досега и позајмија речиси 400 милијарди евра на Грција.

Сепак, и според првиот портпарол на Еврокомисијата, за разлика од претседателските избори на кои претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, отворено застана зад кандидатурата на екс-еврокомесарот Ставрос Димас (кандидат на владејачката Неа Демократија на премиерот Андонис Самарас), сега неформалната Влада на Унијата не планира да фаворизира ниту една грчка партија, иако е јасно дека ЕУ посакува да опстане сегашната Влада предводена од Самарас, поради тоа што истата се придржува кон насоките на меѓународните кредитори.
http://netpress.com.mk/ek-do-grcija-chlenstvoto-vo-evrozonata-e-neotpoviklivo/
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не дека не е можно технички, туку ништо нема да е бесплатно. Секако дека ќе ги пуштат да си одат но првин да го отплатат долгот и сите дополнителни пенали кои што ќе им ги пресметаат, што никој нема да може да го отплати барем во наредните 50-100 години.
Или ЕУ банките ќе им ги превземат сите грчки државни имоти и претпријатија и ќе останат со гол г'з Грците.[DOUBLEPOST=1420463086][/DOUBLEPOST]
„Никако„ е став кој не одговара на реалноста: доволно е да го причекаме наредниот летен одмор и статистички да видиме колку македонци ќе ги поарчат деновите за одмор и годнишната заштеда во Бугарија и Грција.
Со сила убаина не бидуе.
Земи во предвид дека ние и понатаму треба да живееме едни покрај други и секогаш ќе постои некоја меѓусебна зависност.

Анти-македонскиот став во грчката јавност е резултат на 50 годишна пропаганда и политичка кампања во Грција, преку образовниот, медиумскиот, културниот и било кој друг систем каде тоа било возможно.
Заради тоа треба да се инвестира во рушењето на тие пропаганди и предрасуди.[DOUBLEPOST=1420474619][/DOUBLEPOST]Today, Greece is much worse off than it was in 2008, when her GDP was at € 242 billion with a debt ratio of 109.3, as compared to today (2014) with a 17% lower GDP (€ 201 billion) and a 21% higher debt (debt – GDP ratio: 160%).
Mega banks from Germany and France are the biggest lenders. They onlend to Greece cheap ECB money they receive for less than 1% – at between 5% and 7%. This is not only monetary abuse, it is outright theft of the last half century accumulated savings, social safety net and public services of the Greek population.

http://www.globalresearch.ca/the-eurozone-in-crisis-the-greek-elections-an-opportunity-of-the-century-a-gateway-for-europe/5422852
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Бегај додека можеш од клубот на диктатори. Секоја чест за властите на Исланд. За разлика од корумпираните хрватски политичари кои го продадоа народот поради лични интереси исланѓаните очигледно прават разлика од државни до лични интереси.

Исланд ќе го повлече барањето за членство во ЕУ и ќе ја укине контролата на капиталот

И покрај протестите на јавноста исландскиот премиер Гунлаугсон вчера повторил дека државата официјално ќе го повлече своето барање за пристапување кон Европската Унија.



Гунлаугсон за локална радио станица изјавил дека барањето ќе биде повлечено „многу брзо, во првите месеци од годината“, и дека Исланд паралелно ќе ги укине мерките за контрола на капиталот воведени во 2008 година, јавува ЕУ Обзервер.


„Учеството во преговорите со ЕУ веќе не е оправдано поради промените во Унијата и поради тоа што оваа влада не е подготвена да го прифати сето она што го прифати минатата. Поради тоа сме повторно на почетокот“, кажал исландскиот премиер.

Министерот за надворешни работи Гунар Браги Свеинсон ја поздравил одлуката, истакнувајќи дека „што е можно побрзо“ сака да го види крајот на преговорите.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/island-kje-go-povleche-baranjeto-za-chlenstvo-vo-eu-i-kje-ja-ukine-kontrolata-na

Кога сме веќе кај Хрватска еве една многу добра емисија на Миленко Неделковски а како гостин му е Крешимир Мишак од Хрватска. Човекот на многу ги објаснува интригите и притисоците со кои се служи Европската Унија.

 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Или ЕУ банките ќе им ги превземат сите грчки државни имоти и претпријатија и ќе останат со гол г'з Грците.
Практично, Грција, која е ѓоамити држано-православна земја, е првата држава во ЕУ врз која се чини експериментот за тоа до каде може да издржи едно општетсво/држава во настојнувањето од банкстерите да ја откупат целата држава, со тоа што првично ќе ја презадолжат, а како излез од таа должничка состојба, државата (ќе) треба да превземе радикални мерки, кои вклучуваат и приватизација и на она малку што од економијата остана во државна сопственост. Затоа, Грција е практично исмејувана со пораките кои и ‘ се праќани од ЕУ, посебно од Меркелка, која им вели дека можат да подразмислат и за продавање на своите острови, а не само на државните фирми, со цел да го вратат „утераниот„ долг.[DOUBLEPOST=1420495832][/DOUBLEPOST]
Анти-македонскиот став во грчката јавност е резултат на 50 годишна пропаганда и политичка кампања во Грција, преку образовниот, медиумскиот, културниот и било кој друг систем каде тоа било возможно.
Заради тоа треба да се инвестира во рушењето на тие пропаганди и предрасуди.
Уфф, ова звучи ептен радикално...Чисто се сомневам дека некој од Македонија би се пуштил во таков утописки потфат, а без претходно да посети некоја од грчките плажи.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ќе се искористат сите методи да ја присилат Грција да го исплаќа долгот, кој свесно и беше допуштан.
Да не забораваме дека Грција лажираше репорти и статистика за да добива кредити, за да пристапи во еврозоната, и покрај што реално не ги исполнувала условите за тоа.

Она што го зборев почна да се остварува. Со други зборови не ви се мешаме во внатрешните работи АМА..... Ова АМА подразбира закани од различен вид кои ги навести Ангела Меркел како главен ментор на Грција за сега да следат од разноразни функционери во европските институции како и премиери или претседатели на некој повлијатели земји членки во ЕУ.

Многу си растревожен за Грција. Им се мешале во политиката. Што треба да направат за да си ги добијат парите назад? Да ги остават да тераат по старо со живот на висока нога и огромен воен буџет?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Многу си растревожен за Грција. Им се мешале во политиката. Што треба да направат за да си ги добијат парите назад? Да ги остават да тераат по старо со живот на висока нога и огромен воен буџет?
Растревожен сум како да не бидам, мислам дека нема потреба да објаснувам зошто.
Од друга страна сум им многу благодарен што благодарение на нив Македонија сеуште е надвор од европската машина и колку толку суште имаме некаква независнот која како што гледаме ни овозможува и добри политчки односи и со другите големи играчи пред се со Кина.
Исто така многу ми е мило што пред се на Германците им со враќа како бумеранг заштитата која и ја нудат на Грција почнувајќи од нивното зачленување во ЕУ.
Така да со огромно задоволство го пратам во живо грчкиот долг

http://www.nationaldebtclocks.org/debtclock/greece
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Да не забораваме дека Грција лажираше репорти и статистика за да добива кредити, за да пристапи во еврозоната, и покрај што реално не ги исполнувала условите за тоа.
Немогуче, замисли какви двојни стандарди од ЕУ.

Колку добро лажела Грција, а колку се правеле слепи стручњаците на ЕУ кога им ги давале кредитите. Не е можно,да се лажираат некакви извештаи и тоа да помине неприметено без никакви индиции, особено кога станува збор за билиони.
Друга работа е кога нереално се одобрувале кредити со цел да се материјализираат долговите и банката да превземе нов капитал. За виртуелни пари, добиле реална материјална вредност.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Слушам Грција не смеела да гласа за Влада која не прифаќа долгови кон западни банки, се разбира, нема тука место за вина на Западот.
Не треба да се претставува Грција како жртва. Како што реков, грците свесно правеа фалсификати за да се задолжуваат. Никој не им е крив за корумпираните политичари, за огромниот воен буџет и трката за вооружување со Турција.

Спореди со некои други држави од ЕУ.

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Уфф, ова звучи ептен радикално...Чисто се сомневам дека некој од Македонија би се пуштил во таков утописки потфат, а без претходно да посети некоја од грчките плажи.
Претежно Македонците летуваат на Македонските плажи ако не се лажам, во областите околу Солун, Халкидики, Катерини, Кавала....

Циркулацијата на луѓе и идеи спаѓа во прв ред во еден според тебе „утописки“ потфат. Движењето на Македонците во Грција највеќе го отежнува Грчката влада во споменатиот период, не мислиш дека причина за тоа е токму таа пропаганда што ја спомена братот погоре? Грција свесно влече линија и прави диференцијација меѓу народот во северна Грција и Македонија. Токму упорното летување и шопинзите на Македонците во Грција и пркосат на таа политика. Но да не заборавиме дека доста луѓе од таа страна на границата (да не речам грци, зошто ќе згрешам) исто така трошат пари кај нас, во пограничните места,[DOUBLEPOST=1420531005][/DOUBLEPOST]Интересно:
http://lokalno.mk/trojno-zgolemen-brojot-na-bezdomnicite-romanci-vo-london/
Вкупно 490 Романци спијат по улиците и низ парковите на британската престолнина, според новото истражување на административната единица Голем Лондон. Податоците се за периодот јуни-септември 2014 година Тие покажуваат дека во некои делови на Лондон, речиси половина од бездомниците по улиците, се Романци.“[DOUBLEPOST=1420531300][/DOUBLEPOST]Во исто време:

Камерон сака побрзо одржување на референдум за излез од ЕУ

“Референдумот мора да се одржи пред крајот на 2017 година. Ќе бидам среќен доколку можеме да го одржиме и порано. Така ќе можам да напредувам побрзо со моето ветување за преговори (со ЕУ) и референдумот”, рече тој за Би-Би-Си.


Имаше заебанција порано за ЕУ, како распаѓањето на ЕУ ќе започне со влез на Балканските земји....

 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не треба да се претставува Грција како жртва. Како што реков, грците свесно правеа фалсификати за да се задолжуваат. Никој не им е крив за корумпираните политичари, за огромниот воен буџет и трката за вооружување со Турција.

Спореди со некои други држави од ЕУ.

Ништо не е црно или бело Спароу.
Сигурно дека има многу негативни страни на Грција, но секоја од нив треба да се согледува одделно.

Во создавањето на долгот, виновниците треба да се бараат на двете страни, во спротивно не е возможно да збориме за креирање на 200+ билионски долг. Политиката на банките е креирање на што поголемо задолжување, од тоа живеат и можат секогаш само да добијат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Претежно Македонците летуваат на Македонските плажи ако не се лажам, во областите околу Солун, Халкидики, Катерини, Кавала....
...или како што би рекол јас: „Да не се лажеме„.
Солун е наш, колку што е Трст наш.[DOUBLEPOST=1420553921][/DOUBLEPOST]
Токму упорното летување и шопинзите на Македонците во Грција и пркосат на таа политика.
Види го мојот пост погоре.[DOUBLEPOST=1420554043][/DOUBLEPOST]
Но да не заборавиме дека доста луѓе од таа страна на границата (да не речам грци, зошто ќе згрешам) исто така трошат пари кај нас, во пограничните места,
Неспорно е дека и елините арчат пари кај нас, но не од „патриотски„ ,туку од економски побуди; просто кажано, кај нас е поевтино отколки во Грција.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
...или како што би рекол јас: „Да не се лажеме„.
Солун е наш, колку што е Трст наш.[DOUBLEPOST=1420553921][/DOUBLEPOST]

Види го мојот пост погоре.[DOUBLEPOST=1420554043][/DOUBLEPOST]

Неспорно е дека и елините арчат пари кај нас, но не од „патриотски„ ,туку од економски побуди; просто кажано, кај нас е поевтино отколки во Грција.
Очигледно не ја разбираш поентата што ја наведувам. Политиката за неидење во Грција е уствари наметната од Грција, преку разните заебанции околу визниот режим. Запрашај се зошто ја тераш и ти токму нивната политика. Како паралела ќе ти кажам. Албанците за време на Енвер Оџа, флуктуираа на Косово не оти ја сакаа многу Југославија, додека од другата страна Југословенската влада генерираше диференцијација со Албанците од Албанија. Во тоа време, ти би рекол „Косово е нивно, колку што е Трст наш.“, но времето и упорноста си го направија своето.

Нервозата од Грчка страна не е непотребна, многупати сум кажал таму е јасно диференциран народот од северна Грција со народот од југот. Тоа најдобро се гледа преку навивачките групи кои меѓусебно се нарекуваат Ѓупци и Вулгари...

Само тоа ти е, кој како гледа на работите.... Гордоста е заебана работа, а е и едно од најсилните оружја на пропагандата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom