Општа тема за ЕУ, вести, анализи, промени...

Член од
23 мај 2019
Мислења
3.686
Поени од реакции
4.346
Еу нема да попушти сигурно на Британија не и одговара No deal, и верувам сеа да има референдум под 60% против напуштање нема да се. Еден човек сеа ја мења политиката на цела држава у кој правец ке иде. Е таков систем треба таму мислам ги бираа парламентарците ко луѓе а не се гласа за партија поправете ме ако грешам.
Од секогаш било важно кој води (човекот на челната позиција), каков и да е системот.

еве како “некои“ гледаат на работите,
Британија од секогаш имаше специјален статус во ЕУропска, тоа најдобро се гледа по тоа што таа фунтата ја задржа и покрај занесот за некаква си нова Европа која беше мантра во последниве децении. Проблемите настанааа кога Британија стана свесна дека Германија реално ја прегази цела Европа, ја стави под своја чизма, тогаш станаа свесни дека се изиграни. Додека УК и Франција си тераа игри по бившите колонии и воведуваа демократија во Ирак, Либија, Афганистан Арапска пролет и сл. Германија полека ама сигурно ја поклопи цела Европа.
Овие се уплашија и станаа свесни дека што ќе им е Либија Ирак и... ако е Европа германска, па дури Германија им влезе и внатре во империјата Ирска Шкотска и опсаноста за империјата стана реална.
Тогаш одлучија дека е време да го напуштат бродот, но станаа свесни дека ако ја остават Европа под Германија ќе бидат во уште понезгодна позиција, затоа се одлучија да побарат дел од заедничкиот имот (сепак заедно ја растураа ЕхЈУ и земјите од истоечн блок, европските колонии кои ги контролира сега веќе моќен четврти рајх) и тука настана расправија, Германија не сака да даде овие инсистираат, оваа неминовно ќе донесе ситуација да си ги мерат!
САД иако има огромна германска популација (повеќе од 40 милиони и сите велат дека прво се Германци а потоа Американци) за сега игра во полза на империјата, преку разни механизми им ја поткопува економијата, овие (Германија и Франција која во случајов е спотер) се закануваат дека ќе ги подобрат односите со РФ и Кина...

Знаеш некако се наметнува идентична ситуација како пред Првата Светска војна, борба за сфери на влијание и доминација, она што мене не ми се допаѓа е, ако е сценариото да си ги мерат Балканот е идеален како едно поле каде може да се одигра една утакмица, а ние сме како родени за такво нешто политичките елити се не само сервилни туку за грст златници сите до еден ќе не продадат, ете тоа по-малку ме загрижува и би сакал да верувам дека оние “некои“ не се во право дека се е илузија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.275
Поени од реакции
78.923
orban izdaica se prodade za sorosvi krvavi pari zemeni od nas
Унгарија останува во ЕУ
 
Ф

Флеш

Гостин
orban izdaica se prodade za sorosvi krvavi pari zemeni od nas
Унгарија останува во ЕУ
Педер ....
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.366
Поени од реакции
19.926
САД воведуваат 25% царини за шкотско виски, италијанско сирење и француско вино
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на 25% тарифи на европски производи: француски вина, италијанско сирење и шкотско виски – со исклучок на италијански вина, тестенини и маслиново масло – во знак на одмазда за нелегалните европски субвенции на Ербас.

Канцеларијата на американскиот трговски претставник (УСТР) објави список на стотици европски производи на кои ќе им се наметнат нови царини, откако Светската трговска организација (СТО) пресуди дека САД имаат право да воведат царини до износ од 7,5 милијарди долари за да ја надоместат штетата. Новите давачки треба да стапат на сила на 18 октомври.

На списокот за нови царини се наоѓаат голем број европски производи, меѓу кои бисквити, салами, јогурт и путер, но во многу случаи списокот се однесува само на производи од некои земји на ЕУ, како што се германско кафе и делови за камери или британска волна и прекривки, пренесува Ројтерс.

Вашингтон исто така ќе воведе царини од 10 проценти за европски патнички авиони, што би можело да ги погоди американските компании кои претходно нарачале авиони на Ербас во вредност од милијарди долари. Меѓутоа царини нема да бидат наметнати за европски делови за авиони кои се составуваат во фабриката на Ербас во Алабама, како ни на европски делови за авионите Боинг.

САД нема да наметнат царини од 100 проценти на ниту еден производ, иако одлуката на СТО тоа им го овозможува, како би оставиле отворена врата за евентуален договор со Европската унија, изјави американски официјален претставник за ДПА. Според агенцијата, одлуката на СТО го вклучува досега најголемиот износ одобрен во рамки на т.н. контрамерка за решавање на трговски спор.

СТО во средата донесе одлука дека САД можат да воведат тарифи од 7,5 милијарди долари, бидејќи на толкав износ се проценува штетата која ја претрпе американскиот производител на авиони Боинг како резултат на европските нелегални субвенции на ривалот Ербас. УСТР објави дека најголемиот дел од новите царини ќе се однесува на производи од Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија.

Претседателот Трамп рече дека пресудата на СТО е „голема победа на САД“, земајќи заслуги за себе, иако процесот на СТО е започнат пред 15 години.

Европската унија исто така би можела да добие право да воведе царини за САД следната година, кога СТО би можел да донесе одлука и дека американските субвенции за Боинг биле нелегални, како дел од исклучително комплицираниот спор што со години го водат двата најголеми производители на патнички авиони во светот.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Што мислите како ќе биде исходот на претседателските избори во Хрватска? :D Доста неизвесна трка меѓу тројцата водечки кандидати, буквално секој од нив може да извиси за вториот круг.


Инаку гледам Колинда повторно тресе бисери, а таман малку се смири. :ROFLMAO: Ако во некој случај не влезе во втор круг (иако не верувам), тоа би било брука на деценијата таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom