Накит: обетки, алки, прстени, ланчиња...
Постојано си носам еден прстен на едната рака, алка на десната, а брајаницата на левата рака, никогаш не си ја вадам неа. Обетки златни имам постојано што ги носам, ама нормално, како секоја девојка и јас си имам околу 20 пара и повеќе од оние обетките што се од бижутерија. Тие нели се ставаат само за излегување, не се секојдневни, па навечер за во град обавезно си ставам такви.
А да, за малку да го заборавам и моето драго ланче кое никогаш не го вадам, со привезок златно срценце.
За секој случај, да ја спомнам и мојата мала ташничка која ја носам секаде со мене.