Ја не сум пооговарањето. Да, факт е дека кога ќе се седне на кафе и ќе се раскажат најновите случувања секогаш се коментира, ама да седнам и да си го трошам своето драгоцено време на животот на некој што не го ни знам? Имам многу попаметна работа.
Мене, пример, многу ми е поинтересно кога на некој у фаца ќе му кажам што мислам за него, онака, без цензура. И после тоа знам декаме оговараат, ама ако, интересно ми е.
Со оговарањето можеш да дознаеш повеќе за себе. Така, пред некое време, слушнав муабет како пантолоните што сум ги носела на некое излегување пред три години, не ми одговарале на денешниот аутфит. А ја не се ни сеќавам ни кои се тие пантолони ниту пак кога сум ги носела!
Или, ситуација од пред некој ден: доаѓа една од главните дрољи од кај мене у клас, таа што е најопседната со пари, ме гледа, и ме прашува, од кај ти се пантолониве (всушност, тоа го претставува и единствениот разговор затоа што немаме исти интереси). Ја знам дека знае од кај ми се пошто секој ден ги шета продавниците за облека, знам дека знае и кога ги имам купено и колку пари се. И тука неможам а да и не и одговорам "од Зелен Пазар бе пеер, пред некој ден ми ги купија!". И многу ми е мило што после тоа од таквите луѓе слушам оговарања за тоа колку ја сум била "арогантна кучка која незнае да направи два реда муабет". А они се тие на кои им се смееш у фаца и не те капираат пошто се најпростите суштества кои постојат!
Се додека се замараат со мојот живот, значи, има нешто што е дискутабилно околу мене.
За тоа колку се оговара, подеднакво, можеби и машките повеќе. Во машко друштво секогаш можат да се слушнат најнови трачеви за нешто интересно што се случило. Женските гледаат само дали некоја носела чизми по најнова мода или од ланската сезона.
Додека пак, машките можат да те информираат за тоа дали некоја твоја познаничка имала групен секс со обезбедувањето на еден познат скопски објект во вецето на истиот и како примила double penetration. Што, морам да признаам, е интересен трач.