Озборување

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Интересно ми е да оговарам, кого било.
Затоа пак, малку ме нервира кога некој друг ме оговара мене, ама па не се лутам зошто и јас го правам истото. :)
 
B

Blacks

Гостин
Сите знаеме кој е стереотипот за жената кога е во прашање озборувањето. Тоа останало од дамнешни времиња кога жените седеле дома и плетеле чорапи додека ја озборувале комшиката. Е па тоа време е веќе минато. Машко, женско .. сите озборуваат... А бе понекогаш и несвесно ви се има десено тоа ама не знаете. Верувајте и тие што велат дека мразат озборување и дека го презираат озборувањето во некој период од денот, неделата или месецот зависи кога ќе има пригода озборуваат и тоа веројатно најмногу од другите. Едноставно тоа е дел од секојдневниот живот. Одиш на кафе и озборуваш некој.. Сигурно нема да правам муабет за тоа што сум гледам на ТВ или што ти знам таму...

ПозЗ
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
оговараме сите и женски и машки но женските повеќе мислам а тоа е така зашо имаме многу слободно време и незнаеме што да правиме освен да вежбаме вилица
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Жените се болни без трач


Едно ново истражување кое го направиле научниците на Универзитетот во Мичиген оди во корист на општите потреби на жените за трачарење. Жените се посреќни и здрави со дозата на трачарење која ја споделуваат со своите пријателки.

Причината за оваа појава е подигнувањето на нивото на прогестерон, хормонот кој го намалува чувството на стрес.

Научниците кои се занимавале со оваа проблематика изјавиле дека прогестеронот има важна улога во создавањето на врска и пријателство.

Истражувањето било спроведено врз 160 студентки кои дале примерок на крв, а после тоа биле поделени во парови со што одговарале на зададени прашања.

После 20 минути повторно бил земен примерок на крв преку кој се покажало дека кај оние девојки кој разговарале нивото на прогестерон било покачено или пак останал на исто ниво, а кај другата половина кои не оговарале - тој паднал.

Општиот заклучок бил дека добриот женски трач е добар за здравјето на жените.

Сега барем постојат научни докази дека жените премногу трачарат, но барем добрата вест од сето ова е дека тоа им годи и ги прави здрави.

http://www.time.mk/story_288ced5896_article_8155a5e46f.html


Жени, само вие оговарајте и бидете здрави! Нас оправдано ни е, здравје е у прашање. :icon_lol:
 

^The Cherry^

Proof Of Perfection
Член од
4 јануари 2009
Мислења
163
Поени од реакции
1
Па не знам, тоа зависи од личноста. Има луѓе што живеат од оговарање, едноставно тоа им е хоби. И едвај чекат да слушнат што му/и се случило на некој/а. Ако е нешто лошо ќе се отепат од оговарање...а ако е добро...уште толку од завист ќе коментираат... Од овие луѓе на човек да му е страв да згреши... одма ќе те осудат... :toe:
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Оговарањето е сосема нормална работа ако има граница.
Многу пати сум седела со другарки и сме "оговарале" т.е. коментирале за некој други.Едноставно некогаш мораш да прокоментираш за некој пријателки,школски и слично и мислам дека тоа е ОК.
Само глупаво е кога некои ке претерат со тоа,и почнат да се замарат со туѓите животи повеке отколку со нивниот.
Неможам да поднесам оговарање од типот,види ја оваа како се облекла,оној бил таму,па како може....
Во последно време ретко се дружам со такви личности,па дури и ми е чудно кога некој ке прокоментира нешто од тој вид.
Нејкам да се мешам во туѓи работи,секој нека си праве како што мисле дека е најдобро.
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Главна занимација која ја поседуваме ние Охриѓаниве. Немаме проблем со то воопшто, а и попаметна работа. Поготово на кајгана собиранки, растур прајме. :icon_lol: Само шо не сме толку professional како озборувачите во парк, али се стремиме кон то.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Не ми се допаѓа , непријатно се чувствувам ако се почне озборување во мое присаство и обично ако не можам да избегнам се ставам на страна на оговараната особа ,или гледам да ја прекинам дискусијата .
 
T

theTinule

Гостин
Ја не оговарам многу многу..оговарам ама не оноа злобното него ќе седнеш на кафе со некоја другарка и ќе ги глеаш луѓето шо поминуваат и ќе маваш сеир. Се лутам кога ќе дознаам дека сум се испокарала со некој и таа/тој некој оди кај некој друг и ме оговараат...онака ОД ЗЛОБА!

А потполно се согласувам дека мажите се поопшини оговарачи...Знаат да раскажат од детал до детал!!Не злобни него коа ќе искоментираат нешто мислам дека три дена после тоа ме боли стомак од шо сум се смеела.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
Грда навика..ама сепак секој ја има..:toe:
 
Член од
23 јуни 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Па нормално, ние кога оговараме многу се нервираме и престанвиме, а вие оговарате оговарате и оговарате...............:vozbud:
 
А

Александра Д.

Гостин
Гледам да избегнувам да оговарам, но некогаш едноставно сакам да изоговарам некој за да ми пројде лутината, но тоа се случува многу реткоо. Никогаш не сум оговарала блиски личности во мојот живот.
 
Член од
24 мај 2009
Мислења
131
Поени од реакции
6
Очигледно јас сум една од ретките девојки кои не оговараат. Никогаш нема да ме слушнете да оговарам некој, ниту без ниту со причина. Едноставно не се замарам со животот на другите луѓе и не трошам време на такви празни муабети. Знам дека оговарањето е составен дел од женските кафе- муабети но мислам дека може да се замени тој дел со друга тема и пак да биде интересно. Во однос на тоа кој оговара повеќе, машки или женски, морам да признаам дека ме изненадува машкото оговарање. Лично повеќе би се навредила од машко оговарање, ок е женско да ти завидува или да има коментар или критика за тоа како си облечен, како изгледаш, меѓутоа кога машко ќе каже дека нешто не е како што треба, мислам...there's a problem!
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Очигледно јас сум една од ретките девојки кои не оговараат. Никогаш нема да ме слушнете да оговарам некој, ниту без ниту со причина. Едноставно не се замарам со животот на другите луѓе и не трошам време на такви празни муабети. Знам дека оговарањето е составен дел од женските кафе- муабети но мислам дека може да се замени тој дел со друга тема и пак да биде интересно. Во однос на тоа кој оговара повеќе, машки или женски, морам да признаам дека ме изненадува машкото оговарање. Лично повеќе би се навредила од машко оговарање, ок е женско да ти завидува или да има коментар или критика за тоа како си облечен, како изгледаш, меѓутоа кога машко ќе каже дека нешто не е како што треба, мислам...there's a problem!
Хммм....Никогаш ли досега не си прокоментирала за некоја школска дека се изглупирала нешто,дека е лицемерка или слично:)
Мислам дека тоа не е можно.Сакале да признаеме или не сите оговараме,само разликата е тоа што некои имаат граници,а други претеруваат и зборат глупости.
А за машкото оговарање не се замарај,и машките знаат да зборат безврска;)
 
Член од
24 мај 2009
Мислења
131
Поени од реакции
6
Хммм....Никогаш ли досега не си прокоментирала за некоја школска дека се изглупирала нешто,дека е лицемерка или слично:)
Мислам дека тоа не е можно.Сакале да признаеме или не сите оговараме,само разликата е тоа што некои имаат граници,а други претеруваат и зборат глупости.
А за машкото оговарање не се замарај,и машките знаат да зборат безврска;)
Па ако некоја школска :wink: се изглупирала, ако кажам нешто тоа ќе биде у стил -еј денес што се деси- ама она оговарање као - леле види ја што облекла или знаеш ли што слушнав за неа или нешто слично, искрено никогаш! а и ме нервира ужасно многу кога ќе слушнам девојки да оговараат за такви глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom