Сите оговараат. Со самото тоа што имаш средба со некого, автоматски сакаш да го пренесеш тоа на некој трет, како си си поминал/а/о. А тој третиот ќе чуе за оној вториот и ете озборување.
А дали машките или женските повеќе озборуваат не би знаел да кажам... И едните и другите си имаат такви потреби. Можеби разликите би биле во пристапот - машките би рекле „Леле пеер какви цицки има онаа, ЕЈ!“, а женските би рекле „Бре, што се стегнала онаа! Па што се занесува ма, што мисли така да постигне?!“ и слично; значи, мажите би се попалиле, а жените би се обиделе да најдат некакви скриено значење (можеби за да знаат како и самите да го искористат, за мажите и на нив да се испопалат следниот пат).