Ozark

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.359
Поени од реакции
25.054
Со ептен ептен ептен голема жал дечки, мора да ве известам дека Озарк ќе финишира со уште една, последна, 4та сезона :(
Па мислам дека им е супер потег (ако веќе бил планиран пред корона тајм), вакви приказни не можат да издржат повеќе од 3-4 сезони...

Инаку, ради @Io Sono Interista сум тука. Одлична серија е Озарк, со сите нишани. Братот искина во трета сезона, каков лик, каков лудак... не знам кој е актерот, ама кастингот во серијава им е 100%
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.916
Доста се 4 сезони, не мора да оди во недоглед. Поважно е да ја завршат добро, да има причина да се репризира некогаш.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
3 сезона по трејлерот очекував да е најдобра сезона ама се разочарав (n)
Премногу скрин тајм имаат небитни работи, тупење.
Јас сакам серија да ме држи во неизвесност, да не го свртам погледот од екранот.
Добар потег шо ќе ја завршат со 4 сезона, дури можеа и со 3 сезона да ја затворат приказната.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135

пушти си порно, до крај неизвесност за душа твоја
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
3 сезона по трејлерот очекував да е најдобра сезона ама се разочарав (n)
Премногу скрин тајм имаат небитни работи, тупење.
Јас сакам серија да ме држи во неизвесност, да не го свртам погледот од екранот.
Добар потег шо ќе ја завршат со 4 сезона, дури можеа и со 3 сезона да ја затворат приказната.
Кои тоа ти се небитни ликови?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не ликови, работи :)
Ликовите се перфекција.
Што знам, според мене Озарк е баш меѓу сериите со најмалце тупење заедно со Дарк. Времето лета.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Еве ме и мене. Ја изгледав во еден здив, што се вели. И ве прочитав тука, којгоде. Во право е членот погоре кога вели дека го тупат по малку, ама тоа беше исклучиво во втората сезона со политиката и казиното. Кога би ги рангирал сезоните: 3 > 1 >>>>> 2. Реално, втора сезона е многу слаба, досадна, но нималку непотребна, зашто беше одличен увод за тоа што ме чекаше во третата сезона. Првата сезона исто е топ, ама пола ми помина во поврзување со ликовите, и стварно беше slow-burner, ама третава сезона е маестрална! Каков набој, човече. Среќа немам нокти, инаку... Буквално секоја епизода беше ко финале. Од почеток до крај. Особено Марти во Мексико, Бен vs. Венди и секако финалето. WTF! Пре-ја-ка! Сега сум стварно во двоумење која серија го заслужува епитетот најдобра за 2019/2020 - Ozark или Succession. Прво добро нешто на Netflix по Bodyguard. Браво. Едвај ја чекам сега последната сезона.

Се прерадував на моментот кога и го свирнаа на Хелен. Па уште насмеана умре, курвата. Од толку радост, ја вратив сцената уште 4 пати. Што убаво паѓа! :vozbud:
Автоматски споено мислење:

не знам кој е актерот
Тој од Банши, не знам како се вика, ама стварно е ѕвер. Не требаше да го исечат толку рано, иако, искрено, навивав да го скинат, пошто сам си го бараше, и стварно ми премина во патетика таа неговата биполарност.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.359
Поени од реакции
25.054
Јас мислам дека цела втора сезона постоеше заради ликот на Венди и односот во бракот. Ако во првата сезона Марти беше тој што ги движеше конците и беше супериорен, крајот на втората сезона покажа дека Венди отиде фул озарк наместо маж ѝ.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Јас мислам дека цела втора сезона постоеше заради ликот на Венди и односот во бракот. Ако во првата сезона Марти беше тој што ги движеше конците и беше супериорен, крајот на втората сезона покажа дека Венди отиде фул озарк наместо маж ѝ.
И удри(ја) славата (и парите) во глава на Венди. А не ми е јасно што им требаат толку пари, еве три години не отишле на одмор никаде, ко македонски брачен пар. А и колата сигурно им е наследство од свекорот и свекрвата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
И удри(ја) славата (и парите) во глава на Венди. А не ми е јасно што им требаат толку пари, еве три години не отишле на одмор никаде, ко македонски брачен пар. А и колата сигурно им е наследство од свекорот и свекрвата.
Јас мислам дека не и беше до парите, туку до сигурноста. По казиното, Наваро почна да им верува, затоа мислеше дека ќе бидат позаштитени отколку да бегаат.
 
Мислам дека Венди не ја интересираат пари, сигурност или слава, туку моќ. Довчерашна домаќинка заглавена во несреќен брак, со изгаснати амбиции за било каква работа, уште помалку бркање кариера во политика, почувствува дека може да се реализира себеси во Озарк, и тоа што го гледавме во половина на втора сезона и цела трета е нејзината болна амбиција да надокнади за изгубениот живот. Тек на крајот на трета сезона сфаќа дека без Марти би можела да пропадне за секунда, и дека досегашните одлуки (како и останувањето во Озарк) ѝ беа погрешни и ја доведоа до ситуација да си го убие братот.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Netflix are reportedly considering the idea of an Ozark spinoff that would focus on Ruth.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom