santelli
IP
- Член од
- 15 јануари 2008
- Мислења
- 5.041
- Поени од реакции
- 12.034
Според мене проблемот е веќе и во статусот наречен „високо образование“, бидејќи како што веќе апсолвиравме на другите теми, го изгубивме квалитетот на образованието по кој бевме прочуени. За жал, многу мал процент од млади дипломирани луѓе навистина го поминале факултетот со потребната основа а уште помал дел и со минимум пракса. Секојдневно среќавам нови, млади луѓе кај мене на работа и приметувам дека и квалитетот од државните факултети веќе слабее, бидејќи еден куп преофесори отидоа по приватни факултети...
Од друга страна, нереално е очекувањето да се вработи и веднаш по дипломирање да зима солидна плата. Никој не сака да земе мачка во вреќа; додека не види колку му „сече“ и како размислува повеќе од нормално е да помине некое време на пракса или пробна работа. Со тоа никој не се потценува, тоа е регуларен период на „навикнување на работни обврски“.
Познавам еден куп што дипломирале на приватен факултет (реално без посебна мака), можеле да си дозволат и постдипломски финансиски и сега нормално магистер зарем може секаква работа да прифати???!
А што се крие позади таа титула? Усилено и нереално образование.
Токму заради ова секој работодавец доколку нема импресивно работно искуство секој еден нов вработен ќе стави на проба па после неколку месеци ќе одлучи дали како интелектуален профил соодветствува за тоа работно место.