Да, јасно е сето тоа, но веднаш се соочуваме со еден (ако не и најбитен) проблем. Имено, има оглас за едно работно место, и во него стои да се испрати само биографија. Значи, не им праќаме дипломи/ уверенија од средно/факултет, не им праќаме копии од индекс за да видат што оценки сме имале (ако воопшто е битно тоа), и се вели дека (како што велиш ти) "само селектираните ќе бидат известени".
По кој критериум ги одбираат, знаејќи дека немаат доволно информации за кандидатите,освен место на раѓање, средно, факултет кога имаат завршено, меил и тел. број ? Шестар систем?
Ќе се потрудам што е можно подетално да елаборирам на твојот коментар и те молам не ги примај лично сите забелешки
Како прво, треба да се направи јасна разлика помеѓу биографија, онака како што таа беше дефинирана во социо-комунистичкиот систем и CV или resume.
Првиот контакт кој работодавецот го има преку кандидатот е токму тоа CV. Доколку не успееш да се продадеш преку CV-то, џабе ти се и дипломи од факс и се останато.
Знаеш ли колку луѓе конкурираат на различни работни места со исто CV? За жал, кај искусен работодавец, тоа не пали.
Некаде по формумов исто така читав коментари во врска со мотивационото писмо. Просто ме чудат коментарите од типот дека тоа е глупост, дека во него треба да се величи работодавецолт или што ти јас знам. Со мотивационото писмо треба да се продадеш самиот себе. Зошто ти, а не некој друг. Исто како и со CV-то.
Дипломите, просекот и оцените се во втор план. Доколу работодавецот е заитересиран за тебе, многу лесно може да ти ги побара тие работи на увид.
Да се утврди работната способност на некоја индивидуа врз основа на нивните академски резултати е неизводливо. Еве и пример: Два пати годишно кај мене на работа бараме практиканти за 3 месечна офис пракса за која им плаќаме и за која добиваат кредит на факс. Праќаме огласи до неколку факултети и добиваме во просек по 50 апликанти. Ни се пријавуваат луѓе од Економски, од ФЕИТ, од СЕИ, од Правен кои можеби имаат висок просек, меѓутоа се уште форматираат текст со спејс бар и ентер. За ексел пак да не правиме муабет. Зборот ми е - не се во состојба да го сработат тоа што од нив се бара.
Доколку немаш работно искуство, многу е потешко да се напише добро CV, меѓутоа со малку труд може да се идентификуваат работи кои си ги правел во минатото а може да бидат корисни за нивната работа.
И уште една многу важна работа: CV-то и мотивационото писмо треба да се менуваат соодветно на работата за која се аплицира. Стандардна верзија не постои!
Не викам дека нема наместени огласи. меѓутоа ми се чини дека сите посериозни бизниси и фирми сватија дека кога е профитот во прашање нема играње со роднини, пријатели и партиски местенки - секогаш се бара квалитет.