Интересно размислување, со положени 39 испити без завршна тема сакате да работите, односно да бидете приправници. И јас вака си мислев пред да го положам последниот испит, 35тиот, филозофија на правото, без кој сметав дека сум сепак правник, дека Филозофија не ми треба за да знам правнички работи. Сепак, има едно нешто што се вика уверение, односно диплома. И да почнеш да работиш кај адвокат, дали ќе може адвокатот да те прати да застапуваш кога не ги исполнуваш условите? Тебе ќе ти бараат во суд адвокатска приправничка легитимација, која ја добиваш во адвокатска комора, каде треба да приложиш дека ги исполнуваш условите(меѓудругото и да бидеш со соодветно образование) . Ако сега решиле дека со 39, наместо со 35 испити си правник кој може да застапува, тогаш така е и готово. Не е крив адвокатот. И јас на негово место ќе земам некој кој ги исполнува условите и додека јас одам на кривично, приправникот ќе оди на граѓанските спорови и крај. Не е се така едноставно како што си мислите.
Инаку, за плаќањето приправник е навистина мало. Во суд е 0 денари и плус купуваш бурек за судијата, а кај адвокат ти е 3000. Сепак јас поинаку некако го сфаќам приправничкиот стаж. Додека да дипломираш и кога ќе дипломираш, не знаеш ништо. Поима немаш од работа. Методологија, филозофија, социологија, и слично не ти значат ич, џабе десетките. ГПП и КПП ти се само членови од некој закон. Адвокатот или судијата е оној кој ти ги отвара очите и сфаќаш што значи законот, или членот или што сакал да каже законодавецот. Кога ќе понете да работите ќе сфатите колку уставри не знаете. Според ова, дури на мислење сум дека треба да бидеш среќен што некој воопшто ти дозволува да научиш занает. Бидејќи има адвокати кој ќе ве употребат само да ја држите канцеларијата отворена, и нема да ве праќаат на судење. Затоа ако сте решиле да имате успешна адвокатска кариера, одете кај добри адвокати, и не барајте кеш. Ако ви е за да заработувате баш сега, одете на друго место.
Адвокатот лесно не го продава своето знаење.
Леандра е 100% во право кога вика дека немаш ни ден работно ислуство, и затоа не чекај да те платат како што зема адвокатот. Учи.