"Огласи" за работа

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
Eve ja baram rabota vekje podolgo izvesno vreme...i sekade baraat "devojcinja"... ili pa drugi nekoj nevozmozhni uslovi.

Ima drugi so vakva maka ?!
 
S

Svetovid

Гостин
Батка, ако бараш работа по чпиунскине “Интернационални“ организации, а особено ОБСЕ или недајбоже ЕАР уште одма откажи се. Еднаш бев у таа таканаречена Европска Агенција за Реконструкција и шо да ти кажам...Ко у јавна куќа да влегов. И тоа не само затоа шо све жени беа локалците...
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
samo opshto barav mislenje i solucii...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Абе и јас си реков ќе го пролистам огласников да видам дали има некоја работа за мене, онака, да не џаболебарам дома. Од форум не се живее.

Се разочарав кога видов какви работи се нудат, од лепење играчки дома, до незнам што... 95% од огласите се однесуваа само на "девојчиња" за работа во кафич, 3% "купете си апликација од 3000 денари за работа во странство" (како не бе), и некои 2% за келнери, скараџии, фризери...

Беда.
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
Acid напиша:
Абе и јас си реков ќе го пролистам огласников да видам дали има некоја работа за мене, онака, да не џаболебарам дома. Од форум не се живее.

Се разочарав кога видов какви работи се нудат, од лепење играчки дома, до незнам што... 95% од огласите се однесуваа само на "девојчиња" за работа во кафич, 3% "купете си апликација од 3000 денари за работа во странство" (како не бе), и некои 2% за келнери, скараџии, фризери...

Беда.
Tachno :?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јебига бате, ти и уте куп млади сакате да работите ама нема, стариве не даваат.
Промена на власта е нужна! Со прогресивни интелигентни лица!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Во денешно време кога голем број граѓани седат дома како резултат на секојдневни отпуштања и прогласувања на технолошки вишоци, огласот што деновиве може да се прочита во пишаните медиуми, предизвика навистина огромен интерес. Фабриката за автобуси "Санос", со седиште во Скопје, распиша конкурс за вработување на дури 220 работници?! И огласот и бројката, мора да се признае, несекојдневни. Иако се работи за строго прецизирана струка, односно се бараат автолакери, електричари, бравари и сите оние чие знаење може да се искористи при едно вакво производство, сепак е за пофалба бројот на лицата што ќе бидат вработени. Иако звучи неверојатно, не е на одмет да ја испратите биографијата, бидејќи како што стои во продолжението на огласот и платата не е за потценување. Па така, оние "среќници" што ќе станат дел од тимот на "Санос", нормално во зависност од категоријата, односно квалификациите, ќе бидат наградени со 11, 15 или 20 илјади денари. Повеќе информации од персоналот не успеавме да добиеме, освен дека избраните, чии имиња ќе се знаат по тестирањето на 26 март, ќе почнат со работа веќе од наредниот месец, како и дека заинтересираноста за овие места е навистина голема.
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
Acid напиша:
Абе и јас си реков ќе го пролистам огласников да видам дали има некоја работа за мене, онака, да не џаболебарам дома. Од форум не се живее.

Се разочарав кога видов какви работи се нудат, од лепење играчки дома, до незнам што... 95% од огласите се однесуваа само на "девојчиња" за работа во кафич, 3% "купете си апликација од 3000 денари за работа во странство" (како не бе), и некои 2% за келнери, скараџии, фризери...

Беда.
i toa lepenje igrachki doma e ziva lazga.

za rabotite koi shto spomnavte deka se nudat vo oglasnik toa e tocno ,no ako covek stvarno mu trebaat pari ako treba i vesnici kje prodava na ulica
.
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
hehehe a jas se chudam kako mozam da ispratam poraka a ne sum registriran na forumot.

Caligula , koga surfash od internet kafe odlogiraj se!

p.s mecheto ushko...

5...4...3...2...1 te oglogiram....0
 
Член од
23 март 2005
Мислења
10
Поени од реакции
1
Ja gleav na A1 sea kje ima nekoja nova emisija za vrabotuvanje taka i se vika , imaat i sajt www.vrabotuvanje.com.mk i kje se javuvaat na eden broj tie shto baraat vrabotuvanje a na drugiot tiie shto nudat !
E sea kolku kje funkcionira toa neznam !
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Патетика жива! Вработување точка ком точка мк прават пари од луѓето кои што се навистина очајни во потрага по работа!
Арам да им е на парите!
А и тоа огласите демек некој бара работници се ФЕЈК!
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Мистичен зошто мислиш така??? Еве 20% од тоа (вработувањата и огласите) нека биде вистинито, ондак е супер ... Скоро цел свет бара работа преку интернет па зашто не и ние ... редно е да се приклучиме таму со нашите 3% интерент корисници 8)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Активни огласи: 30
Активни CVја: 653



Што работа ќе најдеш на веб страна која буквално ти шета горе-долу, лево-десно (прегледност НУЛА, болат очи!) и има 30 активни огласи?
Да не испаднам мрчач, идејата е одлична, ама реализацијата е слаба... поточно добра идеја, но реалицирана од луѓе кои најверојатно само сакаат да исперат некое денарче.
Прочитавте барем дел од огласите? Тоа се истите огласи од дневните весници, само направен copy/paste (или скенирано од весник, па конвертирано во текст) и шибнато на страната.

Катастрофа, толку реклами, толку прав за ништо.... :x
 

Kajgana Shop

На врв Bottom