"Огласи" за работа

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Дали некој знае колку се плаќаат приправниците кај адвокат отприлика и некој да понуди било каква практикантска работа за правник ( приправник кај адвокат, во фирма и сл )
Ние, со положени 39 испити, бидејќи сме ретардирани не ни го признават факултетот додека не ја одбраниме магистратурата, и заради тоа, никаде не не сакаат како приправници. Имам испратено апликации на околу десетина огласи, ама џабе. Пред 2-3 дена му се јавувам на еден адвокат, бидејќи огласил работно место за приправник, му објаснувам дека сум дипломирал уште во 2008 год., дека останува уште трудот, ми вика не,не Вас никаде не ве примаат не се ни обидувајте, чим студирате уште. А не студираме :)
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341

Znam isto mi se desava i mene... i sea nie posle kako magistri ke treba da rabotime kako pripravnici u nekoja glupa advokatska kancelarija za 3000 den... ccccc abe ajde.....
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Znam isto mi se desava i mene... i sea nie posle kako magistri ke treba da rabotime kako pripravnici u nekoja glupa advokatska kancelarija za 3000 den... ccccc abe ajde.....
Имате грешка во толкувањето,вие не сте магистри,вие сте специјалисти.Така наречената магистратура 3+2 ви е правосуден испит.Специјализација се запишуваше во моја генерација со плус една година,а постдипломски се +2.Специјалист и магистер не е исто,но во оваа луда држава на се се стави равенство.

И нормално дека ќе работите како приправници,бидејќи врска немате од работа.Незнам зошто толку надмен пост.Да не сакаш адвокат да те вработат некаде излезен од школо?Или бараа директори па да ве препорачаме?Искуството и теоријата се два различни поима,но тоа ќе го видиш кога ќе почнеш да работиш и кога ќе се доведеш до ситуација да немаш блага веза што ти зборуваат.
Знам какво е чувството кога излегуваш од клупа на 23 години,мислиш светот е твој и на тебе чекал.Уф колку е сурова реалноста,треба да имаш среќа и врска некаде и приправник дапочнеш за без пари,а не 3000 денари да ти дадат.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Имате грешка во толкувањето,вие не сте магистри,вие сте специјалисти.Така наречената магистратура 3+2 ви е правосуден испит.Специјализација се запишуваше во моја генерација со плус една година,а постдипломски се +2.Специјалист и магистер не е исто,но во оваа луда држава на се се стави равенство.

И нормално дека ќе работите како приправници,бидејќи врска немате од работа.Незнам зошто толку надмен пост.Да не сакаш адвокат да те вработат некаде излезен од школо?Или бараа директори па да ве препорачаме?Искуството и теоријата се два различни поима,но тоа ќе го видиш кога ќе почнеш да работиш и кога ќе се доведеш до ситуација да немаш блага веза што ти зборуваат.
Знам какво е чувството кога излегуваш од клупа на 23 години,мислиш светот е твој и на тебе чекал.Уф колку е сурова реалноста,треба да имаш среќа и врска некаде и приправник дапочнеш за без пари,а не 3000 денари да ти дадат.[/QU

WoW sister you are wrong.... veery wrong....

Како можеш да збориш за нешто за немаш појма и низ кое не си поминала ??? хмм не сакам да те навредам ама ти не си дел од овие пост дипломски студии така да не знаеш како се дефинирани ни си у тек за да се топкаш вака и ти не ставаш во ред??? хммм, од кај знаеш кој колку научил на факс кој колку постигнал и кој за што го бива... цела претпоставка ти е WRONG па ај да те просветлам : знаци вака.... како прво јас сега моментално ( како и другите колеги што зборевме на форум ) пријавувам МАГИСТАРСКА ТЕМА значи ако пријавувам магистарска тема за изработка и одбрана нема да бидам специјалист туку ке бидам магистар ... барем мене ми звуци пологично..... второ : Таканаречената 3+2 магистарура (од твоја страна наречена правосуден испит ) нее тоа што си напишала туку се стекнуваш со титулата магистар а правосудниот ти останува како опција за полагање после 1 година стажирање. Не знам кој ти е проблем и зашо на ваков начин лечиш фрустарции ама за жал не си у право колку и да сакаше да не поистоветиш со тебе , нема да биде можно од причина што со одбраната на мојата магистарска тема на дипломата ке ми пише магистар а не правник , така да као магистер се надевам ке имам повише шанса за работа од обичен правник.
И да нема потреба и на нас да ги пренесуваш тие фрустрации и да ни тепаш филм колку нее фер светот... знам како фунционираат работите кај нас , никој не го добива заслуженото а за директори и сл не се секирај има доста среднисти и сл тапоглавци кои ќе ги пополнат тие места. И да сум работел кај адвокат за мочани 1000 ден ама више нема зашо сум работел и трчал 3 пати повише од него така да за 1000 ден не заслужуваш никој да се исживува врз тебе. плус тое е индивидуално адвокати плаќаат и по 3000 но и по 12 000 ...
Не ме земај на око за постот меѓутоа ми реплицираше со голема доза на ароганција а не си во право така секој би се почувствувал засегнат и должен да ти одговори на сличен начин. Have a nice day

P>S еве ке постирам линкче од факс каде ни се дадени темите за МАГИСТАРСКИ труд..... ако сметас дека нее доволно слободно јави се во адвокатска комора и сл....

http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=366
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Момче зарем ова не се мастер студии?Знаеш дека постојат и магистерски студии?Ти личат различно овие два поима?
Ти ќе бидеш магистер на македонски начин,еве јас ќе те назначам како магистер.А од друга страна,мојата реакција е за твојата надменост во претходниот пост „јас магистар ќе му работам приправник“ а он кутар еден ден работно искуство нема! Разбери дека од 6 години седиш во клупа и сега испаѓаш,учиш,само учиш,не работиш.Има разлика.Неможеш да почнеш веднаш да работиш,бидејќи немаш врска,зошто тоа не ти јасно?И да не ти кршам филм,немој да одиш никаде приправник,чекај да те вработат како адвокат.Чекај и уживај,а кога ќе те вработат директно како адвокат,дојди овде и напиши :)

Знам дека сурово звучи мојот пост,но некој мора да ви го каже ова.Чисто како совет,а не како напад врз тебе.А фрустрации немам,не сум со средно фала богу,тоа што ти го минеш го завршив пред неколку години.
 
Ја незнам кој ти е проблемот ама го имаш очигледно. Значи јас се потрудив да објснам ама тешко изгледа. Хиерархијата на студирањето е таква да кај нас на фкас нареден степен на стурчно оспосубавање е Докторски студии, значи после мастерот нема магистарски ова не го кажувај ќе ти се смее некој (слободно можеш да провериш). Плус одааамна не си била ваљда на нашов факултет па затоа и не си информирана.
Нема потреба ТИ да ме назначуваш како Магистар, ја кога ке ја одбранам мојата тема пред моето име на дипломата ке пишува М-р , а ти како сакај викаш викај ме ( мастер, нинџа, самурај, спешл форсес или сл :vozbud:) . Не ми е јасно зашо се буниш кога не си у тек за нешто за кое немаш појма и си прочитала некаде нешто површно а не си разбрала. Немам потрба да ти докажувам тебе ама вањда го проследи линкот од предходнот пост е сеа ако тије на факс се неписмени па не викаат магистри ондак имаме проблем.
Ја кажав дека сум работел кај адвокат и знам како се работи... значи да се снајдеш не ти е потребно повеќе од месец дена ( ај исклучително и 2 во некои ситуации ) сега тебе ако ти требало повеќе нее мој проблем нели ? Впрочем ако нее тајна каде работш сега ( ако работиш ) и каде почна?
Никој не кажа дека бара некој од правнициве овде директор да го стават такво нешто кое нее кажано 9 во мој пост барем ) нема потреба да го коментираш 100пати.... и дај земи малку побарај, прочитај, види информирај се и доста тресе глупости ипак ова сите го читаат ти јавно се глупираш без факти и тврдиш нешто за кое постојат сосема спротивни докази.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Имате грешка во толкувањето,вие не сте магистри,вие сте специјалисти.Така наречената магистратура 3+2 ви е правосуден испит.Специјализација се запишуваше во моја генерација со плус една година,а постдипломски се +2.Специјалист и магистер не е исто,но во оваа луда држава на се се стави равенство.
Грешка...за специјалист се издава посебна диплома за изминати 4 години, а ние сме магистри, бидејки изработуваме магистарски труд, а правосудниот како и да е мора да го полагаме, ако сакаме да бидеме адвокати.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Грешка...за специјалист се издава посебна диплома за изминати 4 години, а ние сме магистри, бидејки изработуваме магистарски труд, а правосудниот како и да е мора да го полагаме, ако сакаме да бидеме адвокати.

фала на подршката колега :pos2:.... Иначе заборавив да те прашам како помина на факс пријави тема у ЕКТС без да платиш или ?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
...ја кога ке ја одбранам мојата тема пред моето име на дипломата ке пишува М-р , а ти како сакај викаш викај ме ( мастер, нинџа, самурај, спешл форсес или сл :vozbud:) . Не ми е јасно зашо се буниш кога не си у тек...

Никој не кажа дека бара некој од правнициве овде директор да го стават такво нешто кое нее кажано 9 во мој пост барем ) нема потреба да го коментираш 100пати....
Многу точно, а највеќе ме нервираат наши врсници, кои 5 год. учат на факултет и нон-стоп се полни со негативна енергија, и само кобат и замараат со тоа дали ќе сме магистри, да не сме биле само дипломирани правници, па специјалисти...аман! Луѓе ние сме дипломирани правници со стекнување на диплома/уверение со изминати 3 год., а се запишуваме на Мастер студии, зашто по ново (по Болоњската декалрација и ЕКТС) поранешната магистратура, сега се вика Мастер (попластично објаснето- порано во СФРЈ се викале секретари, сега министри).
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Ја следам препискава помеѓу Леандра и Астеркис и некако тежнеам кон она што Леандра го тврди. Она што се учи на факс и она што реално се бара и треба да се направи откако една индивидуа ќе се вработи се два сосема различни уверзуми. Она што може да те научи работата неможе да те научи ниедно школо.
Кај мене на работа имаме секретарка која има завршено правен факултет а незнае да напише едно деловно писмо како што треба. А да не спомнувам за магистри по Англиски кои Oracle Database преведеуваат како Датабаза на Светилишта, или пак тазе дипломирани дечки од ФЕИТ кои знаат се за Линукс и Сусе, ама незнаат да форматираат Excel табела како што треба.

Во однос на Магистер/Мастер - факт е дека кај нас се е каша попара, но исто така факт е дека двете титули се различни. Во повеќе детали нема да навлегувам.

И на самиот крај, Астерикс, не ме сваќај погрешно, но естетиката на напишаното игра многу голема улога при градењето на перцепцијата за некоја личност. Како иден магистар, би требало да посветиш повеќе внимание на визуелниот ефект кој твоите постови го оставаат.
Сигурен сум дека во своја одбрана ќе кажеш дека ова е само Форум, ама навики си се навики и никогаш незнаеш каде ќе го оствариш контактот кој може да води до вработување или напредок во кариерата.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Момче зарем ова не се мастер студии?Знаеш дека постојат и магистерски студии?Ти личат различно овие два поима?
Ти ќе бидеш магистер на македонски начин,еве јас ќе те назначам како магистер.А од друга страна,мојата реакција е за твојата надменост во претходниот пост „јас магистар ќе му работам приправник“ а он кутар еден ден работно искуство нема! Разбери дека од 6 години седиш во клупа и сега испаѓаш,учиш,само учиш,не работиш.Има разлика.Неможеш да почнеш веднаш да работиш,бидејќи немаш врска,зошто тоа не ти јасно?И да не ти кршам филм,немој да одиш никаде приправник,чекај да те вработат како адвокат.Чекај и уживај,а кога ќе те вработат директно како адвокат,дојди овде и напиши :)

Знам дека сурово звучи мојот пост,но некој мора да ви го каже ова.Чисто како совет,а не како напад врз тебе.А фрустрации немам,не сум со средно фала богу,тоа што ти го минеш го завршив пред неколку години.
Магистер и мастер е едно исто, само промена на системот на учење. Плус за некоја година, не знам дали од следната или како и да е нема да постојат магистерски класични студии од 1 година.
Второ што сме фрустрирани правниците е што учиме 5 години, браниме труд и значи повеќе и од 5 години студираме. Добиваме назив магистри и работиме за 3000 денари кај адвокат и учиме занает.
Додека економистите учат 4 години, дипломирани се без она м-р, одат бараат работа за да го учат занаетот и они, си се вработиваат во фирма со плата минимум 4 пати поголема од правниците.
И тие и тие се од факултетски клупи и учат занает.
Само што адвокатите си лечат комплекси на нас. Те искористуваат максимално. И во странство постои стажирање, ама тој што таму стажира се плаќа. А не тука адвокатите доаѓаат во канцеларија со мерцедес, седнуваат и на телефон зборат 8 часа во текот на денот, а ти шеткараш за него и тоа може ни за 3000 денари да не е.
Не бара никој магистриран правник директорско место, само бара почит од оние постарите адвокати и барем кога веќе работиш и учиш занает, нека те плаќа, како што се плаќаат сите што работат! И не зборам јас за 500 евра плата, зборам за нормална плата за некој што работи. На прсти се тие адвокати што даваат околу 200 евра.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Ја следам препискава помеѓу Леандра и Астеркис и некако тежнеам кон она што Леандра го тврди. Она што се учи на факс и она што реално се бара и треба да се направи откако една индивидуа ќе се вработи се два сосема различни уверзуми. Она што може да те научи работата неможе да те научи ниедно школо.
Кај мене на работа имаме секретарка која има завршено правен факултет а незнае да напише едно деловно писмо како што треба. А да не спомнувам за магистри по Англиски кои Oracle Database преведеуваат како Датабаза на Светилишта, или пак тазе дипломирани дечки од ФЕИТ кои знаат се за Линукс и Сусе, ама незнаат да форматираат Excel табела како што треба.

Во однос на Магистер/Мастер - факт е дека кај нас се е каша попара, но исто така факт е дека двете титули се различни. Во повеќе детали нема да навлегувам.

И на самиот крај, Астерикс, не ме сваќај погрешно, но естетиката на напишаното игра многу голема улога при градењето на перцепцијата за некоја личност. Како иден магистар, би требало да посветиш повеќе внимание на визуелниот ефект кој твоите постови го оставаат.
Сигурен сум дека во своја одбрана ќе кажеш дека ова е само Форум, ама навики си се навики и никогаш незнаеш каде ќе го оствариш контактот кој може да води до вработување или напредок во кариерата.
Па држе овде главна препирка е тоа што за девојкава ние не сме магистри туку мастер.... јас објаснив како стојат работите на факс така да секој може да провери и да каже плус еве веќе и колегиве почнаа да ме подржуваат значи јас не измислив ништо.
Знам дека секoму му треба практикантска работа за да навлезе во она што го работи ама како што има наведено россонерка подоле во нејзионт пост ние бараме пристојна заработка ако не друго да можеш да живееш нормално. Како за споредба... адвокат ( мислам на некој среден или подобар во својата професија ) има днево по 1, 2 некоаш и 3 судења ... е сега он од судење на странката и зема 4000 ден.... знаци 2 судењња он има веќе 8000 дневница.... е сега ти работиш 3 пати повеќе од него (ти идеш до суд 3 пати дневно, ти му куцаш скоро се од жалби, до поднесоци) и да не може да одвои барем 200 евра за да те плати е бедно и срамно и пред експлататорски нели?
А за конфигурацијата на текстовите и нивната визуелнос не се грижам стварно многу ипак ова го пишувам набрзина и пред се ми се битни фактите и да можат да ме разберат.
Сепак фала за забелешката... позз
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Магистер и мастер е едно исто, само промена на системот на учење. Плус за некоја година, не знам дали од следната или како и да е нема да постојат магистерски класични студии од 1 година.
Второ што сме фрустрирани правниците е што учиме 5 години, браниме труд и значи повеќе и од 5 години студираме. Добиваме назив магистри и работиме за 3000 денари кај адвокат и учиме занает.
Мизерија чиста мизерија 3000 денари за правници, 4000 за доктори тоа ти е стажирање волонтирање. Мене да ми речи некој 3000-4000 денари има тие пари во уста да му ги напикам и со селотејп малку еден круг два околу глава да го вкуси вкусот на парите како се заработуваат тие 3000-4000 денари.
Ама тоа ти е такви се условите на играта и мора да се игра по нив, кој не сака и не би се помирил со тоа ќе бара нова игра со нови услови, џабе е не вредат тешките факултети младоста и средствата потрошени на нив....
 
Па ако имаш среќа ке најдеш за 6000 или до 8000 некаде ама тоа ретко 5 % ако плаќаат толку. како за пример , една колешка која имаше пратено ЦВ кај адвокат кога беше на интервју знаеш праша кои се условите, демек колку би и била платата... Овој и одговорил ,, САМО,, 6000 денари.... значи они се свесни дека е малку дека е мизерија ама ете тоа во таква држава живееме секој те експлоатира како сака и никој ништо не му може....
П.С подршка за она со селотејпот :pos2:......
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Интересно размислување, со положени 39 испити без завршна тема сакате да работите, односно да бидете приправници. И јас вака си мислев пред да го положам последниот испит, 35тиот, филозофија на правото, без кој сметав дека сум сепак правник, дека Филозофија не ми треба за да знам правнички работи. Сепак, има едно нешто што се вика уверение, односно диплома. И да почнеш да работиш кај адвокат, дали ќе може адвокатот да те прати да застапуваш кога не ги исполнуваш условите? Тебе ќе ти бараат во суд адвокатска приправничка легитимација, која ја добиваш во адвокатска комора, каде треба да приложиш дека ги исполнуваш условите(меѓудругото и да бидеш со соодветно образование) . Ако сега решиле дека со 39, наместо со 35 испити си правник кој може да застапува, тогаш така е и готово. Не е крив адвокатот. И јас на негово место ќе земам некој кој ги исполнува условите и додека јас одам на кривично, приправникот ќе оди на граѓанските спорови и крај. Не е се така едноставно како што си мислите.
Инаку, за плаќањето приправник е навистина мало. Во суд е 0 денари и плус купуваш бурек за судијата, а кај адвокат ти е 3000. Сепак јас поинаку некако го сфаќам приправничкиот стаж. Додека да дипломираш и кога ќе дипломираш, не знаеш ништо. Поима немаш од работа. Методологија, филозофија, социологија, и слично не ти значат ич, џабе десетките. ГПП и КПП ти се само членови од некој закон. Адвокатот или судијата е оној кој ти ги отвара очите и сфаќаш што значи законот, или членот или што сакал да каже законодавецот. Кога ќе понете да работите ќе сфатите колку уставри не знаете. Според ова, дури на мислење сум дека треба да бидеш среќен што некој воопшто ти дозволува да научиш занает. Бидејќи има адвокати кој ќе ве употребат само да ја држите канцеларијата отворена, и нема да ве праќаат на судење. Затоа ако сте решиле да имате успешна адвокатска кариера, одете кај добри адвокати, и не барајте кеш. Ако ви е за да заработувате баш сега, одете на друго место.
Адвокатот лесно не го продава своето знаење.
Леандра е 100% во право кога вика дека немаш ни ден работно ислуство, и затоа не чекај да те платат како што зема адвокатот. Учи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom