Апсолвентите утре нема да протестираат
Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски оствари средба со претставниците на координативното тело “Ти си Апсолвент – Ваучери ”, на која беше констатирано дека е настанато недоразбирање во однос на изјавата на министерот Ивановски, во која тој нагласи „дека во 2009 година нема да се доделуваат ваучери на апсолвентите поради светската економска криза и дека ќе се направат напори во текот 2010 да се изнајдат средства за доделување на ваучери пред тие да дипломираат.
Изјавата треба да се разбере единствено во контекст на фактот дека во календарската 2009 година, апсолвентите од генерацијата 2009/2010 година нема да ги добијат ваучерите.
Како што и претходно беше кажано Министерството за информатичко општество и Владата на Република Македонија во текот 2010 ќе направат напори, иако тоа не е во програмата на Министерството и на Владата, да изнајдат средства за доделување на ваучери пред дипломирање на овогодинешните апсолвенти.
Бидејќи на средбата беа разрешени настанатите недоразбирања, протестите закажани за утре се откажуваат на задоволство на двете страни, се наведува во соопштението од Владата на Република Македонија.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 01.10.2009 16:46:06