Оваа година нема ваучери за апсолвентите

Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Фала Богу оправдано за оние како тебе што стварно не можат:smir:.Имам колешки што не можат од оправдани причини да дојдат.Ок е нели.Ама имам колешка што ми вика "ааааа па имаме час, јас ќе идам на час па може покасно ќе дојдам на протестот":tapp:Срамота, стварно изпаѓа секој свој интерес си глеа.Никого не го интересира правда:(
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
33
Фала Богу оправдано за оние како тебе што стварно не можат:smir:.Имам колешки што не можат од оправдани причини да дојдат.Ок е нели.Ама имам колешка што ми вика "ааааа па имаме час, јас ќе идам на час па може покасно ќе дојдам на протестот":tapp:Срамота, стварно изпаѓа секој свој интерес си глеа.Никого не го интересира правда:(
знам те разбирам и се надевам дека ќе има излезеност.Тогаш ќе се оствари правото на студентски протест,и ќе се покаже зрелост кај студентите,дека сепак ние сме движечка сила во општеството.Дали ќе има ваучери е прашање,ама битно е еднаш и ние да созрееме
 
Член од
8 април 2008
Мислења
133
Поени од реакции
9
знам те разбирам и се надевам дека ќе има излезеност.Тогаш ќе се оствари правото на студентски протест,и ќе се покаже зрелост кај студентите,дека сепак ние сме движечка сила во општеството.Дали ќе има ваучери е прашање,ама битно е еднаш и ние да созрееме
Е многу ме нервираат такви што се прават паметни само за учење за друго се 0.
А и јас мислам дека беше подобро да има протести во секој град затоа што има многу што не ќе можат да дојдат,кој од финансиски,кој од други причини,или барем да се организираше превоз од градовите.
Ова е сепак мое милслење.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Чива иницијатива е протестот, односно кој е организатор?
Треба да има некој лидер, не да се шлаеме сите без везе.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
точно така
но пожално е и шо се има за „шмизли“ а се нема за апсолвенти :toe:
кое од овие две е попрофитабилно и подобро за народот?
Значи се работи за две различни работи за кои биле или не биле предвидени средства во различни години. Сакаш да клажеш дека лани, кога во буџетот имало средства за ваучери и за статуи, не требало да ги направат статуите, оти требало да предвидат до кој степен ке се одрази економската криза кај нас. Како сите (пензионери, вработени и др) сфатија дека поради економската криза не добија покачување како претходните години и не штрајкуваа. Не мешајте баби и жаби.
Во секој случај ве поддржувам, можете да барате, ама сфатете дека статуите се финансирани од лански буџет.Барајте од годинешниот.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Како сите (пензионери, вработени и др) сфатија дека поради економската криза не добија покачување како претходните години и не штрајкуваа.
Пензионерите и вработените во секој случај добиваат покачување иако не толкаво колкаво што очекувале.Да ги намалеја ваучерите од 15000 на пример на 10000, ќе помрчевме може и ќе си заќутевме.Ама скроз да се укинат не бива зошто студентите за разлика од лани дупло се зголемија и не може од толку партиципации да нема пари.Како не рекоа ај криза е, еве ви упола нека биде партиципацијата.Али за мојот џеб не е криза :(
А тоа дека требало да се предвиди до кој степен ќе дојде, требало.Во вакви сериозни ситуации се седнува и се планира рационално да се трошат парите во наредни 5-6 години.Кога се ставаа тие споменици кризата си беше во полн ек во другите земји.Демек нашиве беа фраери што се расфрлаа со пари.
Не се разбирам многу ама ваљда од истиот буџет се овогодинешниве ваучери како и спомениците, пошто спомениците летоска беа поставени.Ние ваучерите до ноември треба да ги добиеме.Значи истиот буџет од оваа година.Може и да сум грешка ама по некоја логика вака треба да иде.:toe:
:)
 
Член од
3 ноември 2007
Мислења
189
Поени од реакции
58
Еве што најдов:
Код:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=41&egId=16&eventId=53799
Координативното тело на протестот "Ти си Апсолвент! Ваучери???" Ве известува дека на ден 02.10.2009 (петок) ќе се одржи протест пред Влада на РМ. Збирно место ќе биде Плоштад Македонија, Скопје во 12:00 часот од каде преку кеј ќе се тргне пред Влада. Протестот ќе трае до 14:00 часот.

Протестот се организира поради Владината одлука за укинување на ваучерите за нас Апсолвентите.

Протестот е уредно пријавен во Полициската станица Центар.

ВЕ МОЛИМЕ ДА ПРИСУСТВУВАТЕ!!!

од Координативното тело
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Јас мислам дека сите студенти треба ова заедно да го поддржат.
Без разлика дали се прва втора трета или четврта година во петок треба сите да излезат, затоа што утре и нив ке ги заебаваат така, кога ке бидат апсолвенти а вака ако сме многубројни владата ке се подзамисли дали ке го држи цврстиот став и дали ке сака и наредната година да има вакви протести (доколу излезат голем број на студенти)
Ако е економска криза тогаш нека ги намалат и партиципациите за студии, како што нема владата пари за ваучери, така исто и ние студентите немаме за партиципација, па затоа ние што плаќаме по 600 евра нека ни намалат на 200 а на оние со 200 евра нека им намалат на 50 евра.
Или овој предлог не им се слуша?
 
Член од
6 март 2008
Мислења
1.645
Поени од реакции
424
Ете новости...протестот е откажан поради средбата на главните од групата со министерот кој им ветил дека најрано во Јануари а најдоцна на крајот од летниот семестар ќе ги добиеме ваучерите. Јас не верувам у ова, али ајде, јебига! Мислам дека ќе беше подобро со протест
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Ете новости...протестот е откажан поради средбата на главните од групата со министерот кој им ветил дека најрано во Јануари а најдоцна на крајот од летниот семестар ќе ги добиеме ваучерите. Јас не верувам у ова, али ајде, јебига! Мислам дека ќе беше подобро со протест
Сега нема протест така?
Може да протестиравме ке земевме и по 500 евра, ама ај!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
samo za da ne smirat ova go praat kuznae dali ke dobieme gledate od site strani gi tresat protesti skandali gluposti
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Што убаво ќе им го збиберевте и вие... Мислам дека ќе извлечевте корист од целава ситуација со ,,протестантскава" држава во моментов:). Ама ајде... Ќе го почекаме наследникот на Перо.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Апсолвентите утре нема да протестираат

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски оствари средба со претставниците на координативното тело “Ти си Апсолвент – Ваучери ”, на која беше констатирано дека е настанато недоразбирање во однос на изјавата на министерот Ивановски, во која тој нагласи „дека во 2009 година нема да се доделуваат ваучери на апсолвентите поради светската економска криза и дека ќе се направат напори во текот 2010 да се изнајдат средства за доделување на ваучери пред тие да дипломираат.
Изјавата треба да се разбере единствено во контекст на фактот дека во календарската 2009 година, апсолвентите од генерацијата 2009/2010 година нема да ги добијат ваучерите.

Како што и претходно беше кажано Министерството за информатичко општество и Владата на Република Македонија во текот 2010 ќе направат напори, иако тоа не е во програмата на Министерството и на Владата, да изнајдат средства за доделување на ваучери пред дипломирање на овогодинешните апсолвенти.
Бидејќи на средбата беа разрешени настанатите недоразбирања, протестите закажани за утре се откажуваат на задоволство на двете страни, се наведува во соопштението од Владата на Република Македонија.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 01.10.2009 16:46:06
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Абе, ја не дека ве ,,буцкам" али од горнава статија нишо не е решено... Типов не ветил ваучери!:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom